Па тоа зборам, не го третирај работникот како ѓубре, не го чисти подот со него, дај му плата со која ќе може и да тргне нешто настрана и тогаш ако немаш кој, бујрум збори. Не може фирмава да калеми пари, директорот да доаѓа со Мерцедес а вработените со Југо. Јасно е да има слоевити примања ама не со деградирачки јаз.
Ќе го спомнам и односот, за пример во Сити Мол ќе ги спомнам овие што се обезбедување, чинам OSA се. Закасни дечково 2 минути, зела му вика таа пред сите, парче го прави а земаат минималец. Значи и да треба да го прекориш, можеш да го направиш тоа без селско урлање и без сите да те слушаат. Еве јас посведочив на тоа, посведочија уште дваесетина, ќе кажат на сите што ги знаат и после аш, нема работници

епа ќе нема, кај не даваш уште и селската ја правиш. Ете пиша, од око му била и ти после сакаш со аргументи да дискутирате.