Не знам дали ги имате посетено на Филолошки факултет Катедрата за руски јазик и Катедрите за италијански јазик и полски јазик. Просториите и инвентарот на Катедрата за италијански јазик се целосно реновирани/заменети со нови со средства од Амбасадата на Италија во РМ. Студиите за полски јазик како главен предмет мислам дека се релативно нови, ама без разлика на тоа, постојано од Амбасадата на Полска нудат стипендии, програми за размена на студенти, ги носат студентите на средба со Амбасадорот на Полска во РМ итн. На отворен ден на УКИМ и Катедрата за италијански јазик и Катедрата за полски јазик нудат еден куп брошири и разен промотивен материјал за постдипломски студии во Италија и Полска. Од руски јазик немам видено ќорав флаер. Дури и оние од курсевите за кинески, корејски и јапонски јазик кои не се изучуваат како главен предмет се поангаржирани, особено последниве години, оставаат еден куп промотивен материјал, брошури, тефтери, флаери, оригами и разни чуда за да привлечат студенти... Ама ако некој своеволно решил да биде слеп и да глуми лудило дека Русија е некаков партнер/пријател на Македонија, џабе се сите факти...