Командантот на партизанскиот одред бил некој со име
Аспарух.
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник[ кој се празнува на 11 октомври во Македонија.
Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилепна 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,[2] распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората - затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
Во првата група учествуваат:
Аспарух Јосифоски (
командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.[3][4]
Помеѓу партизаните немало загинати, а
бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на
стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево,[5] мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.
https://mk.wikipedia.org/wiki/Ден_на_востанието_на_Македонија
http://www.oldprilep.com/asparuh-josifoski/