Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Од 2008 секоја година навака е губење време, сега малце мрднавме од мртва точка и повторно политичка криза, се надевам лесно ќе ја поминиме.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Нема да изгазат, ќе освојат повеќе пратеници од вмро, односно, ситуацијата ќе остане status quo, до некаде, зашто 81 пратеник нема да имаат.
Ти се водиш по емоција после референдумов, и тераш на логика, а забораваш дека живееш во зоната на самракот каде Нормалното поинаку се перцепира, и каде сме бајаги скарани со Логиката. По незнам кој пат се преценува македонскиот народ a преку ноќ се заборави дека грујо на избори доби над 400 000 гласови после сите извадени муабети за него и неговите сопартијци, криминал до криминал до криминал, и после низа срања што направија ко амнестијата на хашките случаји.

Ја после парламентарните избори 2016 кренав раце од народов, нит сме кадарни протест асален да направиме, нит сме кадарни да размислуваме со своја глава, а за да оваа власт падне, а и било која друга, опозицијата треба да е силна, да има џокери у ракав, мицко и дпмне ништо од тоа немаат, референдумов им е ветер у грб, ама нема да го искористат асално, нит се обидуваат да го искористат, ќе се шлепаат само на него без нешто друго да понудат. Од друга страна сдсм покрај фактот што ги имаат 90% од медиумите под нивна контрола, покрај фактот што ја имаат и власта под нивна контрола а со тоа и цела администрација, го имаат и сјо и бомбите, кои на дугме ќе ги активираат за да фрлаат тон кал врз дпмне и да ги онеспособат драстично да го бројот на своето гласачко тело.

Дпмне после амнестирањето на терористи, без проблем повторно добиваше избори, коалицираше со истите, го пуштија јохан со едно бедно соопштение од хаг као тоа било ок,да го заборавиме минатото и слично, и ситуацијата у земјата си беше она народното, кучињата лаат, а караванот си врви.

Уште еднаш ќе ти кажам, гадно се лажете со тоа што терате на паралели од референдум и избори, каде многу повеќе пари ќе се фрлат и многу повеќе напор ќе се потроши за да истите ги добијат, милом или силом. Референдумот од старт знаеа дека нема да им успее, па на форумов од ден број 1 тоа го исцртаа доста членови со аргументи и факти, oдма ја видоа големата слика, аналогно на тоа, и напорите на сдс истиот да е успешен беа смешни, иако тебе ти делува дека кампањата била нешто воув.
Не можеш една кампања да ја наречеш добра, или дека иделе all in на истата, а имаш изјава од директен потписник на договорот кој дури и директно би рекол, ти кажува дека цензусот нема да биде исполнет, и тоа недела две пред референдумот.

Мислите дека ако референдумов не успеал, готово е, победникот на следните избори е однапред познат, а не го зимате у предвид капацитетот на мицко, и капацитетот на овој нов тим на дпмне кој буквално ништо не нуди, каде дел од раководството моментално се чисти бидејќи излезе на референдумот и јавно повика да се гласа. Ти очекуваш дека ваков распар од партија, каде поранешен лидер веќе е осуден за затворска казна за еден случај, а ги има 100, каде доста членови ќе им завршат у затвор, која има тродупло помалце пари за кампања од минатото, ќе победи на следни избори само поради референдумов и името ...
А истовремено знаеш дека истата таа партија, со 200 скандали позади нив, со помината амнестија, зимаше над 400 000 на избори, ради добро разработената формула за билдање и одржување на гласачкото тело, а уз пут и ради очајна опозиција, нешто што сега важи за дпмне. Потребен е подолг временски период за да се стабилизира опозицијата, вакви какви што се моментално, мртов пацоф не би бутнале од власт а ова упорно го игнорирате, се понашате ко мицко да е кенеди а у дпмне тече мед и млеко.
Чим немале да добијат 80 пратеници значи се во мат ситуација. Што можат да понудат друго освен промена на име? Ништо!
Така што чим немаат 80 после евентуални избори губат и тоа е тоа. А мисли си ти дека во чисто македонските ИЕ ќе добијат повеќе од 5 пратеника од можни 20. Јасно е прашањето на евентуалните избори: Дали сте за или против преспанскиот договор?
Ова прашање не успеаа да го скријат ни со референдумското во кое успеаа да вметнат милион глупости во една единствена реченица. Ти кажав, нека си спијат тие покондурени надграѓани дека народот е глуп, прост, сељандурски итн. итн. ама после нека не плачат како после референдумот, на кој фрлија пари колку 2-3 изборни циклуси на бандата на Груки, а не успеаа ни домашните да ги прелажат. Да ти напоменам патриотите фрлаа невидена, рекордна пара бар дотогаш. Но, сега има нови комуњарски стандарди, каде што секој демек уметник имаше свое шоу на ТВ, се разбира за соодветна надохнада и цели градови се со исклучиво нивни летоци и рекламни паноа. Така што дека на референдумов не потрошиле брдо пари, можеш да си се лажеш сам себеси, иако и самиот си свесен за спротивното.

Иначе гледам дека многу милуваш за жмици да кажуваш дека бил нуларица, демек овој ќутуков што е на власт пред 2 години беше полн со харизма, ораторство, неаболициран, неуценет итн. Или пак Груки кој во 12 години еднаш на дуел не излезе, или пак војводата кој беше бугараш или бране кој стана премиер на 28 години.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зш е затворено пред суд и има гуми од камион, пак ли ќе протестираат за Грујо, не ли е уште топло времево за брља?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983

Aбе ти реков, ако размислуваш логично, испаѓаш у право, ако размислуваш со стандардите за логиката во Македонија, само гадно можеш да се сјебеш.

Незнам што повеќе сакаш од тие 450 000 што гласаа за грујо во период кога огромен дел од неговиот криминал беше јавно изваден на површина, a уз пут и низа други работи направи што беа контра онаа дефиниција за патриот во земјава ...
Тој тест ако не ти беше доволен за народов, тогаш искрено незнам што повеќе сакаш ...

Пишав погоре, за да ние генерално како народ евоулираме, потребни се години и години, декада минимум, овој размак од 2016 до сега е премал, еве ќе дојдат избори, вечерта ќе се ставиш на форум и ќе го тераме пак муабетов.

И ја така као тебе бев убеден дека груевски e готов и на следни избори ќе има дигресија у бројот на гласачи, ама системот кој го наштекаа у земјава и во една таква ситуација му функционираше скоро и перфектно, пак доби повеќе гласови од сдсм, пак негуваше висок рејтинг. Ја изгуби пропагандната машинерија, го тргнаа од власт на начинот на кој што го тргнаа, истиот тој груевски на локалните 2017 доживеа дебакл, само година дена откако ги изгуби главните оружја, кои сега се во рацете на сдсм.
Тоа, и западот целосно позади нив, ја не гледам како мицко може да им парира, а и не сфаќам како после све ова, ти си убеден дека тоа е изводливо. Мицко уште ред у своја партија нема воспоставено, со своите не расчистил, а не па со овие да се носи на избори.

п.с. А заев, каков и да бил, или е, на анкетите имал од увек поголем рејтинг од овој на мицко, кој сеуште е на мизерно ниско ниво, далеку од потребното за да добие едни парламентарни избори. Тоа е реалноста, не измислувам ја, фактите сега за сега се тие, далеку од тоа дека и мене ми одговараат.[DOUBLEPOST=1538820973][/DOUBLEPOST]

Кружни трки ќе има викендов.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Од 2008 секоја година навака е губење време, сега малце мрднавме од мртва точка и повторно политичка криза, се надевам лесно ќе ја поминиме.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Додека во партиските кругови паролата водилка е Секој за себе,нема мрдање од мртвата точка,толку!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515

Ај те молам образложи со примери како мрднавме последниве две години освен што се смени режимот на фамилијата? Економијата е рамна на онаа на Зимбабве, стандардот ни е умрен како Египетска мумија, државата должи на еден куп фирми, фирмите должат на нивните соработници, тие на работниците и се е отидено упм. Јас не гледам дека се запре иселување на народот поради што се среди ситуацијата, напротив со договорот што го потпишаа со Бугарија ја успори постапката за бугарски пасоши што не знам дали е добро или лошо, ќе беше добро да ја средеа државата, вака само прават уште поголем гнев и нервоза меѓу народот.
Па завчера кренаа и овие пензии истото што го правеше Грујо за да добива гласови, а што е најако сите одат на рамно покачување, пример дига 10% и на Бранета пензионерот со 80 000 денари пензија и на некој отепан со 6000 денари пензија, е на тој со 6000ки многу ќе му го подобри животот со тие 600 денари, ќе му се најдат да си купи подебело ортомче ако реши да се беси.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.414
Поени од реакции
3.248
Зш е затворено пред суд и има гуми од камион, пак ли ќе протестираат за Грујо, не ли е уште топло времево за брља?
Лаже Syn....
Мачките што го изгребаа мерцедесот ќе штрајкуваат...една мачка на 5 животи ја осудиле.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Aбе ти реков, ако размислуваш логично, испаѓаш у право, ако размислуваш со стандардите за логиката во Македонија, само гадно можеш да се сјебеш.

Незнам што повеќе сакаш од тие 450 000 што гласаа за грујо во период кога огромен дел од неговиот криминал беше јавно изваден на површина, a уз пут и низа други работи направи што беа контра онаа дефиниција за патриот во земјава ...
Тој тест ако не ти беше доволен за народов, тогаш искрено незнам што повеќе сакаш ...

Пишав погоре, за да ние генерално како народ евоулираме, потребни се години и години, декада минимум, овој размак од 2016 до сега е премал, еве ќе дојдат избори, вечерта ќе се ставиш на форум и ќе го тераме пак муабетов.

И ја така као тебе бев убеден дека груевски e готов и на следни избори ќе има дигресија у бројот на гласачи, ама системот кој го наштекаа у земјава и во една таква ситуација му функционираше скоро и перфектно, пак доби повеќе гласови од сдсм, пак негуваше висок рејтинг. Ја изгуби пропагандната машинерија, го тргнаа од власт на начинот на кој што го тргнаа, истиот тој груевски на локалните 2017 доживеа дебакл, само година дена откако ги изгуби главните оружја, кои сега се во рацете на сдсм.
Тоа, и западот целосно позади нив, ја не гледам како мицко може да им парира, а и не сфаќам како после све ова, ти си убеден дека тоа е изводливо. Мицко уште ред у своја партија нема воспоставено, со своите не расчистил, а не па со овие да се носи на избори.

п.с. А заев, каков и да бил, или е, на анкетите имал од увек поголем рејтинг од овој на мицко, кој сеуште е на мизерно ниско ниво, далеку од потребното за да добие едни парламентарни избори. Тоа е реалноста, не измислувам ја, фактите сега за сега се тие, далеку од тоа дека и мене ми одговараат.[DOUBLEPOST=1538820973][/DOUBLEPOST]
Кружни трки ќе има викендов.
А што би дебатирале после изборите? Ти и самиот викаш дека нема да има 80 пратеници СДС после нив, што е пораз. А од друга страна пишуваш едно брдо текст дека СДС со оружјето од западот ќе ги добиеле изборите. СДС и вака имаат 71 пратеник во џеб во наредните 2 ипол години. На евентуални избори целта е 80 или статус кво.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.960

Мицковски има слаб рејтинг али Сдсм и Дпмне на анкети се 1-2% разлика. Во мај водеше Сдсм со 6% а на последните анкети во септември разликата беше мислам дека 2%.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
А што би дебатирале после изборите? Ти и самиот викаш дека нема да има 80 пратеници СДС после нив, што е пораз. А од друга страна пишуваш едно брдо текст дека СДС со оружјето од западот ќе ги добиеле изборите. СДС и вака имаат 71 пратеник во џеб во наредните 2 ипол години. На евентуални избори целта е 80 или статус кво.
Да де, тоа од старт и го велам,мое мислење е дека ситуацијата во земјава ќе остане статус кво, го пишав тоа поназад, јалово трошење на пари, ништо повеќе ништо помалку.
Добиени избори = останување на власт, што под дифолт не мора да значи и 81 пратеник во собранието, за да го истуркаат и договорот со Грција.
Муабетот е дека ќе ја изгубат власта, односно дека ќе доживеат тежок пораз, иако се слагам и со тебе дека неможноста да го истуркаат договоров со Грција за нив секако ќе е пораз пред цела меѓународна сцена пред која ќе испаднат бајаги неспособни, со што и официјално договорот со грците ќе биде мртов, сеа за сеа сеуште се тетерави ко риба на суво.

Сите муабети ќе ни паднат у вода, ако ова сеа го протнат у парламент, тогаш прашање е дали ќе има назад, а ја ти гарантирам дека во една таква ситуација состојбата у државава ќе биде, ко што реков и поназад, караванот си врви а кучињата лаат. Тоа е сликаа и прилика за нашето оптешство години и години наназад, ќе има еден поголем протест, можни судири со полиција и после ќе се свиткаат опашките, све помалце и помалце луѓе на улица и тоа ќе биде тоа.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.960
Поени од реакции
41.235
И вие како ја гледате 2025 ко да е за 15 години од сега, уште шест години и таму сме, да не беа 6 години криминално водење на државата од страна на ВМРО сега ќе бевме многу поблиску.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Хахаха дали сериозно размислуваш вака? Уште 6 години и таму сме. Небаре само времето да пројде го чекаме другото све ни е спремно за у еу. Дечко у која илузија живееш дека овој куртон што си го гласал ќе ни ги подобри животите?
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
ШВЕРЦ НА АРТЕФАКТИ ПРИЧИНА ЗА ПРИВЕДУВАЊЕТО НА ТАТКО НА РЕЖИСЕРОТ БОЈАЏИ: МВР со соопштение за приведувањто на 75 годишниот татко на Јани Бојаџи
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Ај те молам образложи со примери како мрднавме последниве две години освен што се смени режимот на фамилијата? Економијата е рамна на онаа на Зимбабве, стандардот ни е умрен како Египетска мумија, државата должи на еден куп фирми, фирмите должат на нивните соработници, тие на работниците и се е отидено упм. Јас не гледам дека се запре иселување на народот поради што се среди ситуацијата, напротив со договорот што го потпишаа со Бугарија ја успори постапката за бугарски пасоши што не знам дали е добро или лошо, ќе беше добро да ја средеа државата, вака само прават уште поголем гнев и нервоза меѓу народот.
Па завчера кренаа и овие пензии истото што го правеше Грујо за да добива гласови, а што е најако сите одат на рамно покачување, пример дига 10% и на Бранета пензионерот со 80 000 денари пензија и на некој отепан со 6000 денари пензија, е на тој со 6000ки многу ќе му го подобри животот со тие 600 денари, ќе му се најдат да си купи подебело ортомче ако реши да се беси.
Договорот за добрососедство со Бугарија и договорот за промена на името, тоа е мрдање од мртва точка.

Незнам дали не сваќате или не сакате да сватите дека главно за евроинтеграции клучот е промената на името, ништо нема да се подобри на подобро додека не се реши тоа прашање.
Неможе да се инвестираат европски пати во реформи а утре да дојде друга партија на власт и со антиквизација да им се помоча на парите и реформите, затоа што со ветување дека нема да се мени името ќе дојде на власт.

За НАТО не ни требаат големи реформи, блиску бевме за влез во 2008 мислам ама се деси што се деси, сега имаме отворена покана, тоа го изјавија од американска амбасада вчера.
 
placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.414
Поени од реакции
3.248
Додека во партиските кругови паролата водилка е Секој за себе,нема мрдање од мртвата точка,толку!
Во партиските кругови владее паролата : Зграпчи колку повеќе можеш...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Договорот за добрососедство со Бугарија и договорот за промена на името, тоа е мрдање од мртва точка.

Незнам дали не сваќате или не сакате да сватите дека главно за евроинтеграции клучот е промената на името, ништо нема да се подобри на подобро додека не се реши тоа прашање.
Неможе да се инвестираат европски пати во реформи а утре да дојде друга партија на власт и со антиквизација да им се помоча на парите и реформите, затоа што со ветување дека нема да се мени името ќе дојде на власт.

За НАТО не ни требаат големи реформи, блиску бевме за влез во 2008 мислам ама се деси што се деси, сега имаме отворена покана, тоа го изјавија од американска амбасада вчера.
Дали ги имаш прочитано договорите?
Па такви договори можеше без никакво преговарање и труд да потпишеме уште пред повеќе од 20 години, не е нешто преговарано, дадено е се што побарале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom