Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
А кој тоа би инвестирал милиарди непвратни средства, дека преку тие инвестиции ќе извлече повеќе од тоа што вложил, западот прави со ваквите ко нас "фрли рибче фати крапче". ЕУ би ни дала даром милиарди? Колонистите почнале да делат милиарди? Контрадикторен си ем викаш нема љубов а интереси ем викаш ака Зајко "ќе фрлаат со милиарди".
Каква корист имаме од евентуален сојуз со Русија? Прво немаме многу избор или запад преку обезличување и самоунижение и тоа еу после 15 години(ако постои дотогаш),а со вакви управници и од неа ќе немаме фајде, или со Русија или сами(најдобро но тешко или невозможно). Користа ќе биде тоа што тие гарантираат териториална целост(стратешко партнерство), и инвестиции особено во енергетиката, отворање за нас на пазар од над 150 милиони, во замена за тоа тие да си ги реализираат тие енергетски проекти и да ја разшират зоната на влијание.
Споредбата со Косово не е репрезентативна бидејќи дури и нај тешките русофоби ќе се согласат дека Русија 1998 и денес има огромна разлика. Гратис 2001 "стратешките ни партнери" ги видовне во Арачиново како инструктори на брачата, со хеликоптери на Шар сигурно не спуштаја класична литература, додека Стрелков беше на наша страна. Одтука врти сучи и покрај малиот интерес (досега) сепак Русите биле на наша страна, додека високо заинтересираниот запад како по традиција ни го кроел ќуркот.[DOUBLEPOST=1538806542][/DOUBLEPOST]
Ти како да навиваш за тоа, одкако не стана по твоја желба обезличувањето.
ЕУ и да не ми даде тука милијарди, ќе ми даде опција без визи да отидам и да работам во земјите каде што вложуваат милијарди, во Русија нема да спечалам во 30 години колку некој во 3 години во Западна Европа. Маката е што имаме дибеци ставени за преговарање т.е читај платени да потпишат такви договори, па не пикнаа во ситуацијата што сме сега.
Гледам дека се отепаа од инвестирање во нивната држава, народот на црно им бега по САД и Европа затоа што мед и млеко течи низ Русија.
Факт е дека ниедна голема сила не ја заболе за Македонија, немаат никакви интереси и придобивки од нас, така да може да си тераат сеир повремено и да не дупат како што сакаат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.492
Поени од реакции
24.270
Нема да изгазат, ќе освојат повеќе пратеници од вмро, односно, ситуацијата ќе остане status quo, до некаде, зашто 81 пратеник нема да имаат.
Ти се водиш по емоција после референдумов, и тераш на логика, а забораваш дека живееш во зоната на самракот каде Нормалното поинаку се перцепира, и каде сме бајаги скарани со Логиката. По незнам кој пат се преценува македонскиот народ a преку ноќ се заборави дека грујо на избори доби над 400 000 гласови после сите извадени муабети за него и неговите сопартијци, криминал до криминал до криминал, и после низа срања што направија ко амнестијата на хашките случаји.

Ја после парламентарните избори 2016 кренав раце од народов, нит сме кадарни протест асален да направиме, нит сме кадарни да размислуваме со своја глава, а за да оваа власт падне, а и било која друга, опозицијата треба да е силна, да има џокери у ракав, мицко и дпмне ништо од тоа немаат, референдумов им е ветер у грб, ама нема да го искористат асално, нит се обидуваат да го искористат, ќе се шлепаат само на него без нешто друго да понудат. Од друга страна сдсм покрај фактот што ги имаат 90% од медиумите под нивна контрола, покрај фактот што ја имаат и власта под нивна контрола а со тоа и цела администрација, го имаат и сјо и бомбите, кои на дугме ќе ги активираат за да фрлаат тон кал врз дпмне и да ги онеспособат драстично да го бројот на своето гласачко тело.

Дпмне после амнестирањето на терористи, без проблем повторно добиваше избори, коалицираше со истите, го пуштија јохан со едно бедно соопштение од хаг као тоа било ок,да го заборавиме минатото и слично, и ситуацијата у земјата си беше она народното, кучињата лаат, а караванот си врви.

Уште еднаш ќе ти кажам, гадно се лажете со тоа што терате на паралели од референдум и избори, каде многу повеќе пари ќе се фрлат и многу повеќе напор ќе се потроши за да истите ги добијат, милом или силом. Референдумот од старт знаеа дека нема да им успее, па на форумов од ден број 1 тоа го исцртаа доста членови со аргументи и факти, oдма ја видоа големата слика, аналогно на тоа, и напорите на сдс истиот да е успешен беа смешни, иако тебе ти делува дека кампањата била нешто воув.
Не можеш една кампања да ја наречеш добра, или дека иделе all in на истата, а имаш изјава од директен потписник на договорот кој дури и директно би рекол, ти кажува дека цензусот нема да биде исполнет, и тоа недела две пред референдумот.

Мислите дека ако референдумов не успеал, готово е, победникот на следните избори е однапред познат, а не го зимате у предвид капацитетот на мицко, и капацитетот на овој нов тим на дпмне кој буквално ништо не нуди, каде дел од раководството моментално се чисти бидејќи излезе на референдумот и јавно повика да се гласа. Ти очекуваш дека ваков распар од партија, каде поранешен лидер веќе е осуден за затворска казна за еден случај, а ги има 100, каде доста членови ќе им завршат у затвор, која има тродупло помалце пари за кампања од минатото, ќе победи на следни избори само поради референдумов и името ...
А истовремено знаеш дека истата таа партија, со 200 скандали позади нив, со помината амнестија, зимаше над 400 000 на избори, ради добро разработената формула за билдање и одржување на гласачкото тело, а уз пут и ради очајна опозиција, нешто што сега важи за дпмне. Потребен е подолг временски период за да се стабилизира опозицијата, вакви какви што се моментално, мртов пацоф не би бутнале од власт а ова упорно го игнорирате, се понашате ко мицко да е кенеди а у дпмне тече мед и млеко.
Cisto proceduralno kako ako ne veke clen na SDSM togas simaptizer da te prasam nesto. Sto mislis ti dali posle referendumot ili rezultatite od istiot za koj mozeme da se slozime deka propadna , pratenicite treba da se zamaraat so dogovorot od Prespa. Dali treba da se kalkulira so 81 pratenik cisto radi toa da pominat ustavnite izmeni sega ili za idniot parlamentaren sostav ili toj dogovor e zavrsena prikazna i eticki bi bilo da se pocituva voljata na gragjanite iskazana na istiot i od ovoj i od bilo koj drug parlamentaren sostav. Da skratam dali tebe ti e Ok toa sto SDSM saka da go proturka dogovorot milum ili silum nasproti zelbata na gragjanite izkazana na referendumot iako toj bil samo konsultativen. Da batalime prikazni vo smisla kriminal, kradenje, bombi , kurci palci. I ednite i drugite si imaat bagaz okolu toa, veruvam deka gragjanite , barem povekjeto se svesni za toa pa ete sepak odlucija na referendumot kako sto odlucija.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Имено, сите тие фондови донации се еден ПР, а не нешто што реално во значителни мерки би го подобрил животот на народот. Не може екзактно да се определи колку истите тие изнесле од Македонија преку камати од милиардите кредити, ефтина работна сила, извоз на иста....но во секој случај тие се во ќар.
Зошто Русија така не прави? Од сите дебати што сум ги гледал што ги прават во Русија а вклучена била Македонија и Балканот, сите се самокритични по ова прашање, но наведуваат дека влијанието треба да го прошират, но не преку вакви фејк фондови а конкретно, енергетски проекти, економска, културна и секако воена соработка:). Иначе нивниот проект G4 на Балканот е одамна. Црна Гора им го помaти планот, но сега се доста ангажирани и сум сигурен дека ќе има прераспределба на влијаниата на (дел од)Балканот. Мислам дека тоа што Бугарија ги зафркна за Јужен поток, па после ние капак со Турскиот, го запали кај нив црвеното светло дека треба активно да се ангажираат .
Се работеше за проектот Балканска 4ка т.е Б4 не Г4. И после влезот на Црна Гора проектот е дури теоретски неодржлив, иако и пред тоа не беше баш нешто повеќе изводлив, имаш народи на во тие земји кои се едноставно речено русофобични. Кај нас до полн израз доаѓа тек сега давањето институционална моќ на учкарите. Во дел од тоа сценарио повеќе него проект за Б4 требаше да се земи во предвид целосна изолација на Западот од тие земји иако целта беше чисто воена неутралност...а тоа е неизводливо сега без Црна гора.

Да се навратиме на парите, ти настапуваш од позиција дека русите се прават од алтруизам а Западот тоа го прави од интерес:sramezliv:
Сите тие фондови што ги спомена, тешко дека целта им е од нас да заработат, можеби голем дел од инвестицијата ќе ја повратат на одреден начин преку камати итн меѓутоа во нашиот случај далеку се од тоа. Најважното е што со сите тие средства кои ги даваат, преку проектите добиваат огромно влијание, особено ако од аспект на јавно мсилење сето тоа добро се експлоатира што е факт дека е така. Значи настрана теории на заговор, парите кои ги добивме од НР Кина за инфраструктурен развој не се подарок колку шо знам, има камата на тие средства, поповолна можеби за разлика од ММФ меѓута сепак ја има. На сметка на тоа кинески фирми влегоа на пазарот. Значи не е ова Студената војна, не е истиот тип на идеолошка борба Исток вс Запад. Делумно конзервативни vs либерални вредности, ама не и баш :icon_lol:

Што се однесува од Русија, тие и бесплатно да ни го дадат гасот нас, ако тоа не е експлоатирано во јавноста исто како да се случило, настрана фактот шо ние и немаме тешка индсутрија шо вистински може да ужива придобивки од, ете да речиме повластената цена на истиот. Значи сепак и да има одреден развој на соработка мегу МКД и РФ потребно е тоа да биде по Западен терк, затоа шо реперот е тој и факт е дека се работи за борба за влијание.
Мене лично крстови, кандила и културно уметнички друштва не ми значат многу, се е тоа чист фолклор, нитшо лошо нема во сето тоа меѓутоа како држава си имаме интереси, иако како народ во моментот сме поставени во една понижувачка ситуација од страна на нашите „пријатели“.
Еве во речиси секоја служба за брза помош или против пожарна станица низ МКД има недостаток од опрема, значи возила за брза помош, пп возила итн. За Дирекција за заштита и спасување не вреди ни да се коментира.
Дали би било проблем за Руската Федерација која има исклучително развиена и комплетно независна индустрија за ваква опрема, да отпочне еда кампања со доделување на возила за брза помош и пп возила и опрема низ сите поголеми градови низ МКД, не верувам дека било кој тоа би се дрзнал да го одбие, уште помалку да има лицемерни медиуми кои намерно тоа би го „превиделе“. Настрана фактот шо на секое од тие возила додека е во служба јасно ќе го има написот дека истото е донација од Руската Федерација. За едне чешит би донирал и во Тетове јас да сум на нивно место, чисто да доловам за целокупната јавност одредено однесување (да не речам фобија)...
Згора на тоа ние имаме руски хеликоптери веќе во служба, може еден Мi171Sh како полициските во амбулантна/болничка или SaR варијанта да се донира на ДЗС, и сето тоа да биде пропратено со добар ПР, згора на тоа центарот во Ниш е блиску за било каква логистичка поддршка...натрана шо Русија по потреба се шо произведува од наменска индсутрија може да прилагоди по STANAG. Ево за почеток... нека се дрзне некој да критикува или да одбие ;)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.644

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
ЕУ и да не ми даде тука милијарди, ќе ми даде опција без визи да отидам и да работам во земјите каде што вложуваат милијарди, во Русија нема да спечалам во 30 години колку некој во 3 години во Западна Европа. Маката е што имаме дибеци ставени за преговарање т.е читај платени да потпишат такви договори, па не пикнаа во ситуацијата што сме сега.
Гледам дека се отепаа од инвестирање во нивната држава, народот на црно им бега по САД и Европа затоа што мед и млеко течи низ Русија.
Факт е дека ниедна голема сила не ја заболе за Македонија, немаат никакви интереси и придобивки од нас, така да може да си тераат сеир повремено и да не дупат како што сакаат.
Прoстo кaжaнo Русијa е гoлa вoдa.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Прoстo кaжaнo Русијa е гoлa вoдa.
Русија ја нема моќта што ја имаше минатиот век, далеку од тоа дека е за потценување, но е далеку од тоа што беше особено за време на Студената војна, како држава за унија не е во никој случај.
И тие се мизеријa истo кaкo Русијa
Кина како простор за живеење е мизерна, иако веќе почнаа да го подобруваат стандардот особено на учениот народ, но како сила се зајакнува се повеќе и повеќе и веќе се освести и работи на задржување на мозоците во својата земја. Платите се подобрени, одат на добра варијанта со копирањето што го права и наместо да инвестираат во развој на нова технологија, инвестираат во копирање и со тоа го преплавија пазарот. Слично на нив ти е и Индија, во поглед на технологија полудеа во последно време, мислам дека за 30тина години овие две ќе бидат ноќната мора на САД.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Секој кој што ќе се пожали од сиромаштија и невработеност треба веднаш со пендрекот да му се удри. Тоа е тоа чим се радувавте со негативниот исход на референдумот сега ќе трпите и немате право да се жалите дека има економска криза. Било што да има ќе си ги затварате устите. Ако треба леб и сол ќе јадете. Тражилисте гледајте е ситуацијата.
А ќе има пари за стипендии за министерски деца или и тие ќе секнат!?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Русија ја нема моќта што ја имаше минатиот век, далеку од тоа дека е за потценување, но е далеку од тоа што беше особено за време на Студената војна, како држава за унија не е во никој случај.

Кина како простор за живеење е мизерна, иако веќе почнаа да го подобруваат стандардот особено на учениот народ, но како сила се зајакнува се повеќе и повеќе и веќе се освести и работи на задржување на мозоците во својата земја. Платите се подобрени, одат на добра варијанта со копирањето што го права и наместо да инвестираат во развој на нова технологија, инвестираат во копирање и со тоа го преплавија пазарот. Слично на нив ти е и Индија, во поглед на технологија полудеа во последно време, мислам дека за 30тина години овие две ќе бидат ноќната мора на САД.
Не бивa луге ни oд едните ни oд другите
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.433
Не би сакал ниту да размислувам да се ставаме во ситуација да треба да очекуваме помош од Русија. Една Сирија каде што Русија има неспоредливо многу поголеми геостратешки интереси требаше да дојде во позиција на тотално уништување до тој степен каде што понатамошно егзистирање ја губи секоја смисла за да Русија реши да помогне ( јас не го делам повеќе ова мислење но тоа е меинстрим популарно ) , што останува па за нас тогаш.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.414
Поени од реакции
3.248

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Русија ја нема моќта што ја имаше минатиот век, далеку од тоа дека е за потценување, но е далеку од тоа што беше особено за време на Студената војна, како држава за унија не е во никој случај.

Кина како простор за живеење е мизерна, иако веќе почнаа да го подобруваат стандардот особено на учениот народ, но како сила се зајакнува се повеќе и повеќе и веќе се освести и работи на задржување на мозоците во својата земја. Платите се подобрени, одат на добра варијанта со копирањето што го права и наместо да инвестираат во развој на нова технологија, инвестираат во копирање и со тоа го преплавија пазарот. Слично на нив ти е и Индија, во поглед на технологија полудеа во последно време, мислам дека за 30тина години овие две ќе бидат ноќната мора на САД.
Знaеш ли нa кoлку кинези ке им излезе дебелoтo цревo денес oд рaбoтa зa некoј си aмерикaнец дa се дебелее пред телевизoр сo куп испиени лименки пивo? Акo се свртиме премa Русијa е тек тoгaш ке се сaмoукинеме
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Cisto proceduralno kako ako ne veke clen na SDSM togas simaptizer da te prasam nesto. Sto mislis ti dali posle referendumot ili rezultatite od istiot za koj mozeme da se slozime deka propadna , pratenicite treba da se zamaraat so dogovorot od Prespa. Dali treba da se kalkulira so 81 pratenik cisto radi toa da pominat ustavnite izmeni sega ili za idniot parlamentaren sostav ili toj dogovor e zavrsena prikazna i eticki bi bilo da se pocituva voljata na gragjanite iskazana na istiot i od ovoj i od bilo koj drug parlamentaren sostav. Da skratam dali tebe ti e Ok toa sto SDSM saka da go proturka dogovorot milum ili silum nasproti zelbata na gragjanite izkazana na referendumot iako toj bil samo konsultativen. Da batalime prikazni vo smisla kriminal, kradenje, bombi , kurci palci. I ednite i drugite si imaat bagaz okolu toa, veruvam deka gragjanite , barem povekjeto se svesni za toa pa ete sepak odlucija na referendumot kako sto odlucija.
Не сум симпатизер на сдсм, бев категоричен во ставот и на форумов и тоа никогаш не сум го криел, дека е потребен нов циклус и дека груевски едноставно мора да падне, таков е и природниот тек на настатните во политиката, а грујо и дпмне веќе забегаа у слепа улица и излез немаше за нив никаков. Тоа не значи дека откако неговиот циклус заврши, дека сдсм ќе ги имаат моите симпатии по секоја цена.
Нивното владеење е бедно, немав високи очекувања од нив, ама они ниту ниските не ми ги исполнија а и 85% од работите што ги прават се cringe и ме фаќа туѓа срамота, а ко капак на се ми го донесоа српче за Центар, жерновски за него испадна руј џулијани.
Да бев нивни симпатизер, ќе сакав по секоја цена да останат на власт, а не од старт откако дојде мицко, и видов како функционира дпмне, да го форсирам муабетот дека опозицијата е очајна и мора што поскоро да почне да се оправа ( процес кој сеуште не е започнат асално ) бидејќи тоа на власта ќе им овозможи луксуз да прави што сака, што е и случај, односно, го добиваат луксузот што го имаа и дпмне. Повторно ни се случува најлошото можно сценарио, да имаме ужасна опозиција а имаа мал милион пенали кои можеа да ги искористат, а не успеаа во тоа.

Што се однесува до твоето прашање, за договорот од Преспа, они бојктотот не ти го процесуираат под дифолт за Против. Одат на логиката, ако биле против над милион луѓе, тогаш ќе излезеа и ќе гласаа против, и со тоа ќе го убиеа и договорот, а и Заев како политичар а и ќе се покажеше среден прст и кон Грција и код Западот. А и сам знаеш, доколку цела опозиција повикаше да се гласа Против, никогаш немаше да излезат над милион луѓе, што би било скоро и дупло повеќе оние кои излегоа и гласааа За. Да бевме нормална земја, овој договор ќе беше убиен со висока излезеност и гласање против бидејќи со тоа ќе им ја убиевме секоја шанса да го протуркаат истото во Парламент, зашто сега се правиме наудрени кога од старт ги знаевме нивните планови, планот А, и планот Б, всушност самиот Димитров тоа го исцрта.

Така да стварно не ми е јасно твоево прашање, дали било ОК ова што сега го прави сдсм ... во ситуација кога народот тоа им го овозможи. Во таков случај, секогаш е ОК, без разлика дали мене, тебе или на било кој му одговара, нивно е у параламент да се обидат тоа да го истуркаат зашто истото им е овозможено, зашто процедурите се такви и за тоа и Апасиев на телма збореше ( референдумот нема да помине, потребно ќе им биде во собрание да изгураат до 81 пратеник, и тоа нема да им помине, негови зборови ) и за кое сме биле сите ние известени дека ќе биде случај, на опозицијата останува да си остане на своето, и договорот да не помине.
Во таква ситуација ќе се оди најверојатно на избори за кои реков дека у глобала, ништо ново нема да донесат, само ќе тапкаме во место, ќе се трошат државни пари, а народот ќе трпи.

п.с. све ке падне у вода ако успеат да дојдат до 81 пратеник у собрание сега, тогаш ќе биде смеење, ја предвидов односно еве, претпоставив пред 3-4 дена дека ќе прават дилови со мијалков, и пратениците кои он ги држи у опозиција. Отвори time.mk; види какви се вестите за мијалков, какви за грујо периодов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom