Не дека целиот текст ти нема смисла, ама на најбитното што го изложи би сакал да се задржам.
По твоето кажување дека си била мала , кога се гласаше за независнот можам да заклучам дека и не си била "толку мала" за да заборавиш
некои други многу битни настани што се случија потоа, а ја ставаат твојата премиса дека "само уште ова, па ќе биде држава од нас".
Се сеќаваш на 2001? На Рамковниот? Колку беше тоа поразително за на како Македонци и како тоа тој ист договор на некој начин некои наши
политички структури ни го претставуваа како победа тогаш? Дека еве, може и не е перфектен ама после тоа МИР ЌЕ ИМА?
Голтнете ја таблетката, ок ќе е после се.
Потоа , се сеќаваш на референдумот за територијална распределба? Како беше тогаш? Аман луѓе зошто вака сами на себе си правиме , од мнозинско
македонски општини , сами на тие македонци таму, јамката им ја ставаме околу врат? Полека ...уште една таблетка да голтнеме, при историското признавање
на нашето уставно име од САД (со кое сега газот можеме да си го избришеме). И тогаш, ај не вреди да се заратуваме ... ајде уште ова да помине и да си ги
отвориме вратите кон Европа уште пошироко....
Ќе спомнам уште еден настан , кој со оглед на твојата возраст тогаш може и да не го памтиш, ама вреди да го знаеш.
Знаеш дека денешното наше знаме, е изнудено присилно донесено како постоечко и заменето со едно друго знаме што неколку години ни беше официјално?
Околностите ги знаеш како беа?
Околностите околу Republic of Macedonia и FYROM?
Во сите се наѓа еден заеднички "именител" , кој што го согледав и во твојот пост.
"Aјде еве уште ова да го направиме, па да тргнеме напред!"
Премногу отстапки како народ и држава направивме во минатото, без никакви позитивни консеквенци по нив.
Сеуште не сме ни во НАТО ни во ЕУ ... и сеуште се плашиме дека етничкиве Албанци во секое време може да спукаат.