Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Основачите на ВМРО-ДПМНЕ повикаа да се гласа „ЗА“ на референдумот
Основачите на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Љубчо Георгиевски, Гојко Јаковлески, Димитар Димитров, Љубе Бошковски, Горан Рафајловскли, Ѓулистана Марковска, Љупчо Балковски... денеска преку писмо до јавноста ги повикаа граѓаните на Македонија да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „ЗА“ .

„Договорите со Бугарија и со Грција за Македонија значат нејзина промоција во рамноправна сосетка и членка на НАТО и ЕУ, со регионално и меѓународно признат македонски идентитет и јазик. Тие значат поврзано национално и регионално помирување, безбеден и отворен простор за инвестиции, за соработка и комуникации. Со тие договори, Македонија од предмет на манипулација, од монета за поткусурување, се издигнува вo промотор на врвни европски вредности. Меѓународни експерти и политичари ги истакнуваат како пример за решавање на спорови меѓу држави“, се наведува во соопштението на основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, учеството и чинот на изјаснување по прашањето „Дали сте за влез во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот со Грција“ на претстојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септември 2018 година, е директно и природно продолжение на првиот референдум од 8-ми септември 1991 година.

„Со тоа се довршува конечното меѓународно етаблирање на нашата татковина, Република Македонија“, велат основачите на најголемата опозициска партија во Македонија

Во соопштението се наведува дека се свесни за историската важност за прифаќање на договорот со Грција посебно во овие моменти кога сме на, како што велат, крстопатот пред кој сме исправени. Потенцираат дека сонот на нашата земја, уште од првото утро на независна Република Македониа е зачленување во ЕУ и НАТО.

https://www.mkd.mk/makedonija/osnovachite-na-vmro-dpmne-povikaa-da-se-glasa-za-na-referendumot
 
Член од
16 август 2018
Мислења
427
Поени од реакции
531
Референдумот не им проаѓа, за пратеници од ВМРО ќе сањаат на нивниот глас, третата опција за присила сите ја знаеме ама овде многу работи се сменети. Ниту САД се моќни ниту им е Балканот во центар на интересите, главниот товар ќе падне на курвата вавилонска која веќе не е способна ни на Маџарите, Чесите и Пољаците да им ги наметне своите политики. Наредниве десет години ќе има огромни поместувања на центрите на моќ на светско ниво и внатре во ЕУ. Не смееме да избрзаме и да станеме жртва на давеничките очајни политики за спас на кариерите на политичари чиј крај на е брз и неизбежен.[DOUBLEPOST=1536495605][/DOUBLEPOST]

ВМРО е членството, а не овие копита подмитени. А 90% од членовите бојкотираат па ако сакаат и вистинските основачи од гроб да станат и да повикаат на гласање.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
А за што се консултира Заев?? Договорот е веќе потпишан и изгласан во Собрание ( на бандитски начин).
За да добие политички поени и да има изговор дека народот така сака. Зошто има акнети кој кажуваат дека најголем дел од народот е за референдум. Затоа го има овој референдум за бришење на вина за договорот и за подобра политичка позиција т.е. изговор „народот одлучи“ или во превод глупирање и изигување на системот на репрезентативна и директна демократија за останување на власт.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.644
Официјално од ДИК

Право на глас на 30 Септември имаат вкупно 1.806.336. Според тоа за да се постигне потребниот цензус од 50% плус еден глас, на референдумот треба да излезат најмалку 903.169 гласачи
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Референдумот не им проаѓа, за пратеници од ВМРО ќе сањаат на нивниот глас, третата опција за присила сите ја знаеме ама овде многу работи се сменети. Ниту САД се моќни ниту им е Балканот во центар на интересите, главниот товар ќе падне на курвата вавилонска која веќе не е способна ни на Маџарите, Чесите и Пољаците да им ги наметне своите политики. Наредниве десет години ќе има огромни поместувања на центрите на моќ на светско ниво и внатре во ЕУ. Не смееме да избрзаме и да станеме жртва на давеничките очајни политики за спас на кариерите на политичари чиј крај на е брз и неизбежен.[DOUBLEPOST=1536495605][/DOUBLEPOST]
ВМРО е членството, а не овие копита подмитени. А 90% од членовите бојкотираат па ако сакаат и вистинските основачи од гроб да станат и да повикаат на гласање.
Само погледни кон кале и ќе видиш колку се САД моќни во Македонија и на Балканов. Тие Грујо лушпа го направија не биле моќни...
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Референдумот е консултативен, така да и да нема 50% излезност пак ќе биде земен во обзир бидејќи 80% најверојатно ќе гласаат за. Единствено ВМРО може со гласање на спречи промена на устав. Но, дури и тоа е малку веројатно...мислам дека е решена веќе работата со името на државата барем од Македонска страна. За Грчка може и да е понеизвесно. Како и да е мислам дека се минимални шансите РМ да не се смени во РНМ.
До скоро мислев дека тој план Б откуп на 9 вмро пратеници е опција за вошкиве(сдс). Но со оглед на тоа што сите тројца мешетари во последниве денови акцентираа дека за да влеземе во нато треба успешен референдум, ми дава сомнеж за тој план, настрана што и опцијата откуп не е реална многу. Затоа одат на ол ин, бидејќи со пропаднат референдум пропаѓаат и вошките(сдс).
БОЈКОТ!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Заев: Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани со Бугарија

watch_later 09. септември 2018. @ 13:42 timelapse 1 мин.

„Илинденското востание, Свети Кирил и Методиј, Цар Самоил се заеднички историски настани и еве денеска заедно и ги чествуваме. Македонија сама си ги чествува, Бугарија дел од нив самостојно ги чествува, но и заедно ги чествуваме. Тоа е дел од заедничката историја.“, изјави предмалку премиерот Зоран Заев на новинарско прашање на прес-конференција.

-Ден по потпишувањето на договорот со Бугарија ние заедно чествувавме. Јас немам предрасуди дека е дел од заедничката историја, ниту сакаме да земеме нешто од соседите, нешто што го чувствуваат за свој дел од историјата, додаде Заев.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ilindenskoto-vostanie-sveti-kiril-i-metodij-car-samoil-se-zaednichki-istoriski-nastani-so-bugarija/
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Пред да дојдат “булдужериве“ претходниве 3 дена искрено бев замислен дека стварно нешто можат да променат во јавново мислење околу целава ситуација. Вака ден потоа гледам дека скоро и немале некакви ефекти во тоа, туку напротив народот е уште поубеден во се поочигледен бојкот. Мислам на сите оние кои не се ориентирани кон власта. Крајниот епилог ќе го видиме на 30ти сепак. Без разлика на ставот на опозицијата, веќе видливо е дека нивното членство не ни размслува да излезе да гласа. Самиот став каков ќе биде не е ни важно затоа што ако се разликува од бојкотирање на референдумот нема да биде послушан од нивното членство и ова го пишувам од многу контакти со нивни членови.

А инаку ЗА ориентираните во недостиг на идеи како да ги прелажат луѓево веќе стануваат смешни. На неколку другари им се обраќаат нивни активисти со тоа што сега од кога ќе “помине“ се, ќе имаат можност да одат на втор циклус студии надвор бесплатно и потоа за таквите студенти гарантирана работа назад или високи субвенции за самовработување. На други им викаат дека секако ќе сме биле во НАТО, ако помине референдумот влегуваме како дел од Македонија, ако не помине едниот дел од Македонија ќе била во НАТО под една земја, а другиот дел под друга земја. За вработените во администрација им викаат сега кога ќе дојдат донации од Германија и САД, платите ќе скокнат по 100 евра најмалку. Исто и со пензионериве. Забеганост до бескрај значи.

На референдум за промена на името го кажуваат сето тоа...и после се чудиме што држава сме биле, зошто не сме биле единствени скоро за се. Епа никој не ни е крив што мнозинството исто размилсуваат. Кога си во опозиција ги вреѓаш тие што ги поддржуваат тие што се на власт дек се ботови и слично, ама кога ќе станеш власт и кога ќе си бетер од претходните тогаш...

Инаку јас ќе ја послушам Меркел. На 30ти ќе излезам од дома, ако се погоди денот топ ќе биде за пикник.
До скоро и јас ги сметав за теории на заговор дека „сакаат да ја уништат Македонија“, но со оглед на тоа кој се не повикува да излеземе на референдум(ни ја подава јамката да се обесиме), излегува дека не е теорија.Многу работи се разјаснуваат. Од каде накаде Столтенберг, Курц, Меркел... се дигнале во Македонија да убедуваат за некој си реферндум? Секогаш кога западот не посетувал вака и не убедувал како во 2001 не сме поминале баш најдобро. И згора на се во последниве 27 години а впрочем од населувањето на албанците во Македонија(18 век) се што било за нив добро за нас било лошо и обратно. Одтука логиката вели ако албанците излегуваат на референдум, тогаш Македонците треба да БОЈКОТИРАМЕ.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.561

Овие еуросодомитите ги знаеме кои се и зошто доаѓаат, туку што е со твојава, праведна и добра страна?

Каде ти е Путин, па не мора тој, Медведев, чак и тој не мора, Лавров нека го пратат, официјална посета на РМ, нешто муабет а-у, транс-ова-транс-она заедница, плин, евентуално враќање на рускиот долг кон Македонија од 80 милиони (не знам што бидна со тоа), па барем нешто унилатерален гест на добра воља, отварање некој центар за нешто, било што.

Каде е мајка Русија?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
До скоро мислев дека тој план Б откуп на 9 вмро пратеници е опција за вошкиве(сдс). Но со оглед на тоа што сите тројца мешетари во последниве денови акцентираа дека за да влеземе во нато треба успешен референдум, ми дава сомнеж за тој план, настрана што и опцијата откуп не е реална многу. Затоа одат на ол ин, бидејќи со пропаднат референдум пропаѓаат и вошките(сдс).
БОЈКОТ!
Бојкот ништо незначи и без цензус ќе го прогласат за успешен и ќе речат се консултирале со народот и тој бил 80-90% за и чича мича завршила прича со или без 50%+1 излезност.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.517
Поени од реакции
8.232
Референдумот-начинот на кој е организиран и на кој се одвива досегашната кампања им е веќе видена финта.
Да речеме ќе има излезност (лупам) од 300.000. Од тие веројатно 80% ќе гласаат за.
И, фактот што ќе има толку мала излезност ќе биде мноооооогу релативизиран од нивните пи арчиња, и ќе го сметаат за релевантен израз на мислењето за да си го исфураат.
За нив бојкотот нема да значи несогласност и противење, туку некаква аверзија. И истото ќе го игнорираат и цело време ќе пимплаат како поголем дел од луѓето СЕ ЗА.
Бојкотирачите ќе бидат оставени на страна.
Друго е што ќе има апла кражби на изборите, посебно во "братските" средини.

Кога имаше избори, кои нели, ги изгубија, знаете што збореа?
Демек за ВМРО гласале (лупам 400.000), а за ОСТАНАТИТЕ партии гласале 550.000 (лупам). И они тоа го извртеа дека повеќе луѓе гласале против режимот на груевски, и тој треба да падне. И тоа го пимплаа пимплаа до немајкаде. Ама само глупиот човек поверува во тоа.
Па и често пати онака ги вадеа муабетите "ако ги сметаме гласовите на Левица и другите вонпарламентарни партии". Тие си ги припишаа на себе.
Поента - не значи дека ако си гласал пример за Левица или Беса (лупам) во тој момент дека си за СДСМ или си повеќе наслонет кон нив. Ама они тоа така го изиграа од говорница и создадоа таков привид преку нивните инфилтрирани пиуни.
Истото ќе го направат и со референдумот.

Чисто да сезнае - воопшто не излегувам на избори (какви и да биле досеа) ниту пак на референдум, но, оваа тема (политика, право, економија, држава) ми е фах.
Немам никаква намера да искочам некогаш на избори. Нема сврха едноставно. Можеби некогаш има 0,0001% шанса да гласам за Левица, иако и тоа е тешко да се деси. Ги искористија ко мали деца. Пошто се такви егоцентрични комуњарско-транзициски злоби кои само сакаат да се дограбат до власт.

Колку нашата влада е способна ? исто колку што ни е економскиот раст. 0 кома нешто. Помалце од 1% е секако колку и да ни перат мозок дека ќе биде повеќе.
Доказ за целата неспособност е што меркел ќе ни праќа економски советник од германија да не подоправи, пошто нашиве стварно немаат поим како да работат.

Мислев дека Тодоров е неспособен и дека од тоа поголемо дно НЕМОЖЕ да има. Правник - министер за здравство. Но, бескичмењаците и него го надминаа во неспособност.
Образование, реномиран професор, си викаш способна жена достигната - жими куров.
Оваа Мила Царовска, ОЧАЈ.
Градоначалнициве - ДНО ДНА. Оној на Карпош особено. Сеа ќути ко пизда после сите срања што беа поврзани со студентите деновиве, и едноставно само имбецил може да им верува во она што го зборат.
Аеродром- градежна мафија JUST AS BEFORE.

И да, Туфегџиќ и Павле кои јаваа на младинското(студентско) незадоволство денес ќутат ко пичици. продадени души. Ќутеа и за убиството на Саздо, а кариери изградија од Нешковски.
Жално што такви хиени ги јадат душите на овие млади животи што прерано згаснаа.

Ќе ги стигне и нив правдата кад-тад.

И не дека имам(е) или сме имале преголеми очекувања од животоносците. Не.
Туку дека ќе бидат копи-пасте, не ни се веруваше.
Мислев дека некој ако со прст не мрда ќе биде подобро од ВМРО, ама очигледно се лажевме сите. Пошто овие се можеби и понеспособни од претходните.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom