Викторија Инвест долго време не работеше, почнаа негде мајот или јунито ако не се лажам, од друга страна Илинден со мостовите и надвожњаците нон стоп работеа, освен стандард на зима кога нема услови.
Баш ме интересира накратко некои информации доколку имаш за колку време е планот дека ќе се заврши, дали следат потенцијални застои и слично.
Вака е како што знам јас(а добро знам ...пошто некои од ,,папирите,, врват низ мои раце-службено нормално)
-одлуката за градење на автопатот Грујо ја има донесено врз основа на штур проект од минатото, каде геолошките мерења и идејното решение се фрлени од ракав од некоја поранешна вчада(незнам точно која)
-одлучено е да се тера под хитно, а тековните проблеми ќе се решаваат со тек на време-успат
-трасата и тунелите не се згрешени...туку има не добри решенија во проектот за аголот на косините, подлогата за фундаментите на мостовите, и составот на карпите длабоко во тунелите
после тоа се случуваат следните пробчеми:
-Трансмет ги прави косините према проектот....и при првиот посилен дожд се јавува клизиште како деновиве во Србија кај Владичин Хан), и да се отстрани дополнителната количина на земја се вложуваат допилнителни средства од Трнасмет и другите подизведувачи. Тие бараат дополнителни пари од кинезите за вишокот на сработено, кинезите тие пари ги бараат од владатата...а владата им вика-вие сте се нафатиле за тие пари да го изградите автопатот и не барајте пари од нас.
настанува криза и деноноќни преговори. овие преговори временски се поклопуваат со пржинските влади...и ситуацијата дополнително се комплицира
-Во тунелите(сум бил многу пати службено....од Кичево сум), никаде во внатрешниста не се најде цврста карпа погодна за минирање(минерите сакаат што поцврсти карпи..со меките имаат проблем), и се јавуваат одрони. При еден таков одрон од плафонот падна 500 м3 материјал....или 50 камиони. Тоа плус треба да се санира и да се вгради дополнителен бетон кој е многу скап и е во голема количина
-Тие куќите кај с.Песочан, се тужат со државата. Тука имаше откупна станица за печурки. Изведувачите им нудат на сопствениците станови во Охрид за против вредност....а овие им бараат плус пари за изгубена работа со печурките.
Владат вика ОК....дајте фактури колку сте откупувале, ќе ви платиме за 20 години унапред.
тие викаат-ама нием мал дел откупувавме со документ...големиот дел работевме на црно....но пак вие ќе ни платите за све...на часна реч колку тие заработувале од нелегален откуп на печурки
Сега ситуацијата е да се работи со мал капацитет, со лични пари на фирмите...колку што можат да издржат. Гранит отпушта работници секоја ден
На состанок во Мин.за транспорт пред месец и нешто, кажано на фирмите им е дека наводно ќе се започнело со работа на 15-ти Септември
ПС.само еден факт: мостот кај село Лафчани е проектиран на 12 мил. евра. Но под секој столб не е најдена карпа, така да се одеше со бушење по 60 -тина бушотини ф90 см со машина која е единствена на Балканот , ставање на огромна количина на жележо-арматура, и полнење со бетон. така 60 за еден столб , и на крај плоча. Од плочата тргнува по проект. Све надолу е плус пари