Прегледај го приврзокот 196085 Прегледај го приврзокот 196086 Прегледај го приврзокот 196087
Прегледај го приврзокот 196088
Игор Џамбазов под заштита на Горан Мујо
Извадок од книгата " Гол Човек " на Игор Џамбазов
Синонимот Баба е Горан Гергиевски Мујо, синонимот Џими Хофа е Драган Кимовски Драгче
Игор Џамбазов: Џими Хофа ми се појави пред очите. Истуширан, освежен, со разлетана фризура и насмеан. Како и секогаш и добро расположен. Понекогаш.
"Одиме?"
Баба не чекаше во центарот. Во едно од неговите омилени места што секогаш мирисаат на тазе скара.
Сакаше да ја чуе мојата приказна.
Ама вистинската.
Не онаа што чаршијата веќе на големо ја пласираше.
Сакаше прецизни информации.
Кој,кого,колку,каде,кога,кому,како,зошто...????
Ред плескавици, ред муабет, ред шприцери....
Кога завршив Баба ја изговори својата омилена фраза:
"И?"
"И ништо кажи ти."
Му го кажав тоа бидејќи знаев дека Баба веќе има решение за мојот проблем.
Бавно, но, сигурно.
"Од вечерва ке спиеш кај Џими. И ич кур да не те боли.
Океј?"
Што можев да му одговорам на ова освен едно големо ОКЕЈ.И БЛАГОДАРАМ.