jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Вака, Значи не викам дека немаш избор или дека немаш можности.... Но не е дека и во минатото луѓето немале можности, па дури и во феудализмот, па и во ропството...Можеби помалце, бидејќи образованието било на некој начин поограничено.... Но сепак образованието од секогаш, па и сега секогаш служи на робовладетелите(и самиот викаш дека лектирите се глупости). Сега дури и е полошо дека сега преку образованието се пушта пропагадна машинерија. Системот ги учи луѓето да бидат робови, да го сватат тоа како нормално... Е сега, кога ќе речам јас робови, ти не визуелизирај црнци во окови... Можеби тогаш ќе ми ја сватиш терминологијата или може си приватник па имаш вработено луѓе, па кога зборам така осеќаш грижа на совест.... Немој...
Не, јас пак ќе кажам... тоа е начинот на којшто функционира светот, не секој има капацитет да го види тоа... Дури и не секој од оние кои успеваат во животот, не можат да го видат тоа... И тоа неможе со ништо да се промени. Не е дека немало обиди....
Е сега истата констатација ја имам и со повластените народи.... Не може светот да е утопија и сите да имаат, како што е на ниво на човекот, така е и на ниво на нации, некои се потчинети, а некои повластени... Тука не навлегувам дали е фер или не е фер... Тоа е констатација, тоа е факт кој не се менува... Или си дел од потчинета нација или си дел од повластена нација... Не е важно како се почнало, кој бил патот или слично, важна е констатацијата....
Значи во цело мое излагање, доаѓаме до 2 констатации... роб/робовладетелство повластена/поробена нација.
Кога јас како единка би бирал во кој склоп да се најдам, тоа би било да бидам робовладетел и да бидам дел од повластена нација.
Зошто е тоа така...
Прво да си робовладетел имаш моќ и добра за себе кои ти овозможуваат лагоден живот на тебе и на твоето потомоство... тоа е неспорно за сите. Сите го сонуваат тоа, прашање е кој колку се обидува да го направи, без разлика на можностите на едно општество..
Е сега второто прашање е покомплицирано, што тебе како робовладетел те интересира или ти прави разлика дали си робовладетел во повластена нација или на поробена нација.... Една работа на пример, кога си господар на гладни робови, ќе бидеш омразен господар...Кога си господар во поробена држава, не секогаш системот може да те штити... Потоа, тогаш си едноставно ограничен во најмала рака во можностите ...
Ќе ги спомнам Евреите иако можеби Бачето ќе ми замери.... Иако биле бизнисмени Банкари и моќни луѓе, нивното богатство не вредело многу во нацистичка Европа кога нацистите решиле да ги однесат во работните логори и на крај да ги убијат...Нацистите така убиле 6 милиони Евреи, без притоа да бираат дали се работи за бизнисмен или обичен работник.... Дали бил Роб или Господар нели...
Така Евреите (најверојатно оние господарите) увиделе дека ќе им треба структура (држава) која ќе ги штити, и која ќе им даде можност да станат повластена нација.... Тие за да го постигнат тоа, дури се здружиле и со Сталин, направиле разноразни перипетии и на крајот го постигнале она што го сакале... Во Еврејската држава има место за религиозни фанатици, атеисти, комунисти и тешки капиталисти и сите тие работат во интерес на Еврејската држава и за сите тие има место во државата и на сите тие, на прво место им е државата .... Затоа што знаат дека таа држава е створена да ги заштити.... Сите Евреи што се низ светот, многу добро знаат дека ако дојдат повторно некои нови нацисти, единствено кај што може да избегаат е таа држава и единствена која што никад нема да одбие да им помогне е таа држава....Затоа тие со сите напори работат да ја направат таа држава уште посилна....
Ние не треба да ги гледаме работите пристрасно, туку сосема прагматично... Кога веќе го знаме светот како функционира и кога имаме еден добар пример за тоа што и како треба да се направи.... треба да видиме кои би биле условите за да тоа и ние го направиме..... Единствената групација која кај нас може да се групира и да го направи истото е по национална основа, на некој начин национализмот....
Последно уредено: