Ма на долг рок гарант е подобро да се продаде и државата да нема никаква можност за ухлебување на партиски паразити. Макар и од продажбата да ќари тој што е на власт у тој момент би прежалил некако. Незнам колку е тешко да оддолееш на предизвикот да пуштиш список со паразити (шатораши, квазиновинари, активисти, ќосиња) во кадрово за да ги стават на платен список. Елем турс еј ТУРС!
Иначе чисто сумњам ДУИ да дозволи Визер да прекине да лета.
Види, дека си во право дека ЕЛЕМ е претворено во партиско дувло, во право си, конкретно тоа шо се случува во најголемиот произовдител на електрична енергија РЕК Битола е ужасно. Буквално ужасно. Бомбите само гребат на површината, а скопјанишчана и остатокот од МКД имаат бледа слика за гомненците во Битола.
Замисли ситуација кога лик со фалц диплома од сТредно на сменски инижинер кој цел работен век го поминал во комбинатот, отворено му вели не ми продавај пуфки, знаеш дека сум од партија тука и не сум дојден за работа, бегај сега да не јадиш и ќотек. И тоа пред публика, на возрасен семеен човек кој му е претпоставен, мизерија едноставно како и секаде.
Проблем е шо оваа постројка произведува 2/3 од потребите на електрична енергија за МКД.
Од друга страна пак, продажбата на електродистрибуција ти е одличен пример дека тоа не е апсолутно никакво решение во нашиот случај, ЕВН е претворено во една рекетарско робовладетелска организаиција, загубите во електрична енергија сега ги плаќаат сите останати за разлика од претходно, и од овој бизнис бомбонче само за тие шо го шитнаа, qr за цела МКД.
Со ваков државен апарат само полошо е за сите продажбата на ЕЛЕМ, а доколку се потсредат работите од практична гледна точка ќе се намали потребата за продажбата како можно решение итн.
Интересно е шо
@Almeida ја спомна Словенија шо е дијаметрално спротивна ситуација од МКД, кај нас се оди на продажба за да не ректираат и како демек решение за хаосот шо владее во ЕЛЕМ, а во Словенија тоа го сакаат поради тоа шо одлично функционира, покрај нивното електростопаснтво им вршат притисок да докапитализриаат и банките и телекомот, пошто уште тешко им оди да ги дупат како сакаат. Кај затоа шо сме шупливи кај нив обратно.
Е сеа ЕЛЕМ Турс ти е интересна приказна, замсли пример хотел Молика на Пелистер до кое дереџе е доведен, а имаш(е) премиум објект на елитна локација и му ебаа матер буквално, ако го земе приватен оператор инстант успех ќе има со козметички промени и минимални инвестиции, тоа ти е показател за менаџментот во ЕЛЕМ. Убаво ги праша Јадранка Костова Анѓушев и Заев, дали на овие исти ликови би им дале извршни раководни функции во приватните фирми, и мукла беа двајцата.
Згора на се никој не најде денар да вложи во националниот парк Пелистер покрај толку пари промочани во купишта глупости, пристоен пат нема а нешто повеќе.
Само пак народот бира пратеници, 2/3 од електричната енергија се прозиведува во РЕК Битола, енормна стапка на на канцергоени заболувања во Пелагонија, дирекцијата на ЕЛЕМ е Скопје. Една статистика да се нарпави колкумина од првата генерација на вработени во комбинатот се живи или колкав процент дочекале пензија би била убава слика.
Покрај ова, најголемата житница е Битола, најголемиот сточен фонд(беше, сеа е у qrац) Министерство за земјоделие и шумарство и курци палци и тоа е Скопје. Освен РЕК Битола и Крoмберт и Шуберт друго речиси и да нема, градот е полужив моментално и тоа оптимистички гледано.
Од различен аспект ги гледаме работите, ептен различен.