- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Не ми е јасно, како на пример еве актуелниов договор со Грција ќе ги заштити нивните граници во иднина од еве да речеме од некоја таква хипотетичка ситуација, каде Грците би се нашле во подредена ситуација и каде на барање на Турција грците би ни го вратиле нам Егејскиот дел?Не е баш така. Не е дека Грција се плаши од нас. Нивната дипломатија е свесна и размислува на долг рок. Сепак ова е Балкан. „Традиционално“ границите си се менуваат на стотина години, па и почесто. При настанување на некаков дисбаланс во распоредот на големите сили, па и некој голем воен конфликт, некој од некаде ќе се повика на нашево фамозно „прашање“ и ќе ја осакати нивната територија на барање на Турција или друг голем регионален играч.
Се сум на мисла дека и порано да се откажевме од тој антички период и целото тоа Егејско прашање да го претворевме во табу тема, повторно Грците ќе најдеа некоја друга причина за да не блокираат. Се ми се чини дека тие имаат повеќе проблем со нашето постоење воопшто, или пак самите намерно или не си се увалија во еден ваков проблем од кој што сега не можат да излезат без тоа во нивната јавност биде оквалификувано како предавство на националните грчки интереси.