Е ова е и сржта на нашиот проблем. Скоро сите фирми кај нас функционираат на овој начин. И овој проблем никогаш нема да се реши кај нас. Ние сме народ кој нема муда да се спротистави на ваквите. Кога би застанале сите еден до друг сложно и кога ќе знаат газдите дека нема да може да вработи друг ако некој се побуни(пример, кај нас се сигурни дека ќе им прифати некој да работи за 12000 месечно и ама никогаш нема да понудат повеќе), тогаш ваквите проблеми како на татко ти би биле сведени на минимум. Е сеа ја знам дека ние сме проклет народ и никогаш нема да се сплотиме за да се извжбориме за нашето достоинство, за подобар животен стандард, за подобри работни услови и права, само од таа причина сакам да влеземе во ЕУ, зошто ваквите газди ќе пропаднат, ќе нема кој да им работи, сите ќе си отидат надвор каде што трудот ќе им се цени.