Колку само боде очи Заев заедно со целата негова предавничка свита и во позадина споменик кој означува победа и ослободување. Спомен на луѓе поголеми од него во секој поглед. Луѓе кои што постигнале безброј пати повеќе за нивниот краток животен век, и со нивното дело ја задолжиле оваа држава за навек.
Сега овие безрбетници го испоганија нивниот спомен, стојат во нивна сенка и без трунка срам даваат отчет. Отчет за што? Ако стојат до споменик со таква симболика мислат оти нивното предавство ќе изгледа помало во очите на народот?
Зборуваат за некакви резултати и дела, за слобода, за живот, а не се ни свесни колку смешно изгледаат кога стојат пред споменик чија симболика означува се она што тие не се и никогаш нема ни да бидат.
Целиот тој обид од денешниот настан да се создаде некаква историја, да се направи паралела со победата во II светска војна, е патетика од епски размери, очаен обид предавството да се прикаже како победа.
Па уште ми глумат транспарентност, отчет даваат, место да се скријат таму во некоја дупка во владата и да не излегуваат. Која дрскост и безобразлук, излегле надвор со насмевки од уво до уво за да му кажат на народот оти го сменале името на државата.