Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Реки народ, џабе оградите, каде е сега целиот оној верен народ, десет души едвај се собрале.

Ех, а он со детето во рака и телефонот во дургата, како мајка моли за своите деца, како беше тоа, ај нека не организираат. :cool:
Кажав и вчера џабе огради само што јас прогнозирав никој да нема ама ете имало 30 луѓе.
 
Само едно дело е ова, уште во 10 е умешан заедно со Миле звани ќе влезам во вреќите.
 
И сега кога е ефективна казнава од денес или имунитети врагови?
 
Еве почнаа од Грујо се надевам ќе завршат на крај со Зајко а успат и сите помеѓу овие двајца.[DOUBLEPOST=1527075603][/DOUBLEPOST]
Прво немаше да го осудат, немало шанси Гвујо да лежи. Сега ќе излезел за 6 месеци. Ова му е само прв случај, и тоа најлесен. Обвинет е и за потешки дела. Ќе скапи Гвујо затвор, освен ако не побегне некаде деновиве.
Секој што си заслужил нека си лежи ама секој, еден да не остават.
Ја би сакал и за затајување данок да ги прочешлаат сите до еден али не знам дали е тоа возможно.
 
Барем маж да беше во судница да присуствуваше и кај после народ ќе протестирал за него кога и самиот тронка храброст нема покажано

Може веќе е на Грчка територија пие кафе со овие од ДБК
 
Овие надвор па и името не му го извикуваат убаво "Никула,Никула" викаат.
 
Мислам дека е работено со психијатар. Башка ако го осудат гарант ќе добие некој реновиран апартман. Сигурно нема да го акнат со робајлии у соба како он што им праеше. Ќе го фукнат таму главен библиотекар да биде некоја година, после неколку години ќе искочи и ќе фати магла усвет. Ни евро ќе врати ни бутур.
Со еден збор, ќе „лежи“ за народ, ако лежи.... Пун ко брод, ќе излезе на некој остров ќе лади муда...[DOUBLEPOST=1527076178][/DOUBLEPOST]
Јас да би бил жител на некоја западноевропска земја, би бил строго против примање на Западен Балкан во ЕУ. Зошто некој разумен човек би сакал да прими нефункционални држави, со непостоечки правен поредок, заглавени до гуша со корупција, паразити кои чекаат само некој пари да им даде за да преживеат. Што има Македонија да и понуди на ЕУ освен да бара пари и да создава проблеми.
Моментално нема воопшто подршка помеѓу граѓаните на европските држави за проширување на ЕУ.

Доколку Европа ја споредиме со една просечна скопска сообраќајна раскрсница, ние сме циганот што ти тропа на прозор за да му дадеш 5 денари.
Ама името да го смениме прво...
 
Прво немаше да го осудат, немало шанси Гвујо да лежи. Сега ќе излезел за 6 месеци. Ова му е само прв случај, и тоа најлесен. Обвинет е и за потешки дела. Ќе скапи Гвујо затвор, освен ако не побегне некаде деновиве.
нема шанса...
 
2 години...за 6 месеци ќе излезе

А влезе ли за да излезе :cautious:

Прво немаше да го осудат, немало шанси Гвујо да лежи. Сега ќе излезел за 6 месеци. Ова му е само прв случај, и тоа најлесен. Обвинет е и за потешки дела. Ќе скапи Гвујо затвор, освен ако не побегне некаде деновиве.

Па нема шанси да лежи, ако се земе датум за кривичното дело Фебруари 2012, адвокатите ќе се жалат на апелација и апелација ќе досуди дека постапката се прекинува поради апсолутна застареност на делото.

Апелација има право да се повика на закон каде може да се плени имот и пари во случај кога нема можност за завршување на судењето, а ако тоа не го направи тогаш дефинитивно се е договорено за народ да се замајува. За "шарените" нели како интелектуална класа тоа ќе биде доказ дека се изиграни и се помутави дури и од "неписмените сендвичи " :D
 
Многу ствари дознав у животов, ама на Бафра кастата никако да разберам која е.
 
ВО МЕЃУВРЕМЕ

Решение нема да се најде, вели министерот за одбрана на Грција и коалициски партнер во грчката влада Панос Каменос во интервју за радиото „Алфа989“.

Лидерот на Независни Грци уште еднаш ја повтори позицијата дека неговата партија нема да гласа за сложено име со терминот Македонија, без разлика дали, како што рече, ќе се вика „Илинден, Свети Илија, дали ќе се вика Горна, дали ќе се вика Долна, Вардарска Македонија, тоа е Македонија“.

– Верувам дека нема да се најде решение. Верувам дека нема да се најде бидејќи самите Скопјани го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито и што се врти околу името Македонија. Јас имам јасна позиција, нема никогаш да гласам за име што го содржи терминот Македонија. Независни Грци ова го имаат во основачката прокламација, ние нема шанси да гласаме кое и да е името дали Горна, Долна, Свети Илија, рече Каменос во интервјуто.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, рече дека предуслов за договор е да се направат уставни промени кај нас, за кои изрази став дека не би поминале во македонското собрание.

– Позицијата на владата е дека нема да има никакво гласање и ратификација на договорот во грчкиот парламент, ако не помине уставна промена во собранието на Скопје, потенцираше министерот за одбрана на Грција и индиректно, им стави крај на преговорите и покрај тоа што задутре, шефовите на македонската и грчката дипломатија ќе одржат нови средби со медијаторот Нимиц во Њујорк.

– Грција водеше преговори, ја доби играта на меѓусебни обвинувања (blame game), покажа дека Грција не е таа што го турка Скопје, самите си се самоубиваат, самите одлучуваат дека не го менуваат нивниот Устав. Штом не го менуваат нивниот Устав, запира секаков разговор, додаде Каменос во интервјуто, пренесе МИА.

Тој говореше и за шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дека добро ги води преговорите и што успеал да направи, споменувајќи дека соседите прифатиле дека се словенска нација, но и ги тргнале спомениците.

– Министерот за надворешни работи, успеа конечно да им ги симне спомениците, таа лудост, како италијанска комедија беше. Го ставија Александар Велики на коњ поголем од вселенски брод, па имаа ставено знаци на аеродроми, на улици на пластични кутии на производи, добро е, ги тргнаа, ги симнаа. Тоа е еден чекор. Втор чекор, мислам дека е, што конечно, во меѓународните преговори, прифаќаат дека се една словенска нација, еден народ кој потекнува од Словените кој живее во тој регион, рече Каменос.

Прашан за последниот предлог „Република Илинденска Македонија“, уште еднаш повтори дека не прифаќа име со вклучен терминот Македонија, а ситуацијата со нашата земја ја спореди со островот Аруба на Карибите.

– Илинден го поврзуваат со една битка… Сте биле на Аруба? Тоа е остров во Карипското море и бидејќи луѓето немале ништо да кажат за нивната историја, најдоа една карпа како мост, и го направија национален споменик, но падна карпата и со тоа беше уништен националниот споменик. Вака некако е и ситуацијата во Скопје, објасни министерот за одбрана на Грција, коалициски партнер во грчката влада и претседател на Независни Грци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom