На една лукзузна кола му доаѓаат уште 20 полураспаднати. Само нашето око се навикнало на грдосии и крш, па кога ќе види нешто што отстапува од тоа правило веднаш вниманието се насочува натаму. Па потоа следат заклучоци дека тука животот и не е така лош штом се возат такви автомобили.
Тоа ти е слично и со одењето во кафана и пиењето кафе во кафич. Кај нас тоа се смета за расипништво и лукзуз, статусен симбол и јасен знак дека народот има пари. Меѓутоа никој не ги приметува оние 90% што седат дома и мислат како да догураат до 1ви во месецот.
Еве јас одам пешки и со точак, немам автомобил, но мене никој не ме перцепира оти одам пешки туку сите гледаат во изнајменото ламборџини на "печалбарот" кој што копа канали и сезонски работи на плантажите со лозје у швицарска. Или пак во новиот мерцедес на некој син на тазе функционер кој што лапнал милионски тендер додека бил на власт. Или пак на локалниот дилер и арамија. Или пак на рандом типац кој што го продал станот и сега седи под кирија, ама затоа низ град се чалами со неговото ново BMW и додека пие кафе клучевите со BMW приврзок му стојат на маса.
Можда во Словенија соодносот на луксузни автомобили со тие кај нас е еднаков. Разликата е начинот на кој што е дојдено до посед на таков автомобил. Исто, тоа доста говори и за стандардот. Ако една Словенија со тројно поголем стандард од нашиот има ист или помал број на лукзузни автомобили споредбено со овде, тогаш тоа само по себе говори дека нешто ептен е труло во државата Македонија.
Друга работа. Просечниот Словенец можда вози автомобил од пониска или средна класа, меѓутоа тој автомобил најверојатно е купен од салон. И да е земен на кредит, па и половен, веројатно примањата кои ги има му овозможиле да купи и да исплаќа таков автомобил. Просечниот Македонец сеуште вози Југо или Голф од 2001, увезен од Германија со преку 200к "баба" што го возела. И планира да го вози во наредните 10 години, додека под влијание на законите на времето сам не се распадне.