Od kade tolku luksuzni koli vo Skopje?

  • Креатор на темата Креатор на темата Que
  • Време на започнување Време на започнување

Que

Член од
10 април 2013
Мислења
79
Поени од реакции
56
Возраст
43
Može nekoj da mi objasni od kade ima tolku luksuzni koli vo Skopje? Gledam Range Rover, Porsche Cayenne, Lexus RX, BMW X6... i drugi vo golemi količini.

Inče sum od Slovenija, i ako usporedim so Ljubljana ima taa nešto podobri koli vo sreden klas, pa i to ne mnogu, ali ima sugurno pomalce luksuzni koli.
 
Зошто можат да си ги дозволат. Разликата помеѓу богатиот и сиромавиот кај нас е преголема, ако едниот во годината прави одвај 4000 евра другиот во месец ги прави тие.
 
Само кај богаташи од валкани бизниси.
 
90% од луѓето во државава работат за останатите 10% да може да живеат луксузно
 
Ако немаш статистика ова ти се чаршиски муабети. Тоа што во некој момент имало поголем број на луксузни автомобили не значи дека општо нивниот број е голем.

П.С Ова ме потсеќа на муабетот во Скопје полни биле кафиЌите па од тоа следува дека Македонците имале пари :pos::pos::pos:
 
Ако немаш статистика ова ти се чаршиски муабети. Тоа што во некој момент имало поголем број на луксузни автомобили не значи дека општо нивниот број е голем.

П.С Ова ме потсеќа на муабетот во Скопје полни биле кафиЌите па од тоа следува дека Македонците имале пари :pos::pos::pos:

Македонците кога идат у кафиќ само вода од чешма наручуваат
 
Македонците кога идат у кафиќ само вода од чешма наручуваат
Зависи,кој како.Има луѓе што трошат над 5 илјади во кафичи и кафани без да се мислат.Сум видела и некој што претерува и некој што внимава.
Едно е сигурно.Ако Македонец сака да стане богат,мора да стане политичар и/или бизнисмен.
 
Има повеќе видови:
а) Полотичари;
б) Луѓе што со години работат во странство или тука им тргнал бизнисот и со своја пот заработуваат се;
в) Криминалци (ова секако повеќе влече накај шип.тарите, но сепак голем процент има и наши)
 
пред седиште на дуи кога прават конгреси и др срања, нема поевтина кола од ауди 8 ца 2015 год
 
На една лукзузна кола му доаѓаат уште 20 полураспаднати. Само нашето око се навикнало на грдосии и крш, па кога ќе види нешто што отстапува од тоа правило веднаш вниманието се насочува натаму. Па потоа следат заклучоци дека тука животот и не е така лош штом се возат такви автомобили.

Тоа ти е слично и со одењето во кафана и пиењето кафе во кафич. Кај нас тоа се смета за расипништво и лукзуз, статусен симбол и јасен знак дека народот има пари. Меѓутоа никој не ги приметува оние 90% што седат дома и мислат како да догураат до 1ви во месецот.

Еве јас одам пешки и со точак, немам автомобил, но мене никој не ме перцепира оти одам пешки туку сите гледаат во изнајменото ламборџини на "печалбарот" кој што копа канали и сезонски работи на плантажите со лозје у швицарска. Или пак во новиот мерцедес на некој син на тазе функционер кој што лапнал милионски тендер додека бил на власт. Или пак на локалниот дилер и арамија. Или пак на рандом типац кој што го продал станот и сега седи под кирија, ама затоа низ град се чалами со неговото ново BMW и додека пие кафе клучевите со BMW приврзок му стојат на маса.

Можда во Словенија соодносот на луксузни автомобили со тие кај нас е еднаков. Разликата е начинот на кој што е дојдено до посед на таков автомобил. Исто, тоа доста говори и за стандардот. Ако една Словенија со тројно поголем стандард од нашиот има ист или помал број на лукзузни автомобили споредбено со овде, тогаш тоа само по себе говори дека нешто ептен е труло во државата Македонија.

Друга работа. Просечниот Словенец можда вози автомобил од пониска или средна класа, меѓутоа тој автомобил најверојатно е купен од салон. И да е земен на кредит, па и половен, веројатно примањата кои ги има му овозможиле да купи и да исплаќа таков автомобил. Просечниот Македонец сеуште вози Југо или Голф од 2001, увезен од Германија со преку 200к "баба" што го возела. И планира да го вози во наредните 10 години, додека под влијание на законите на времето сам не се распадне.
 
Зависи,кој како.Има луѓе што трошат над 5 илјади во кафичи и кафани без да се мислат.Сум видела и некој што претерува и некој што внимава.
Едно е сигурно.Ако Македонец сака да стане богат,мора да стане политичар и/или бизнисмен.

Да само што тие се 5-10%. Инаку тоа е слично насекаде обичен работник ретко е богаташ, разликата е само како се стекнати тие пари и за колку време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom