Можеби некој ќе каже не е љубов...
Не е љубов помислата на тебе секое утро кога ќе ги отворам очите,која е причина за насмевката која се разлева по моето лице.
Не е љувов желбата да ти го чујам гласот наутро,кој е причина за огромната желба да те видам и да те гушнам најсилно.
Не е љубов тоа што постојано гледам во урамените слики наредени по моето биро,што е причина да се потсетам на тоа дека имам ангел покрај мене.
Не е љубов тоа што толку многу сакавме да го поминеме заедно одморот,а ќе поминеме само 2-3 дена,што е причина да се натажам и само да се тешам со тоа дека догодина ќе можеме подолго да уживаме во одблесокот на зајдосонцето во мирната вода.
Не е љубов тоа што чекам со нетрпение да дојде 2 саат за повторно да ти го слушнам гласот и да ми кажеш дека се ќе биде во ред,што е причина да се насмевнам бидејќи ТИ ВЕРУВАМ.
Не е љубов тоа што ти верувам,ти верувам без причина,без да се прашам дали стварно ја зборуваш вистината...зашто не се сомневам,што е причина и јас да бидам искрена со тебе.
Не е љубов тоа што додека бесцелно гледав низ прозорецот се насмевнав и израдував кога видов како нешто светка жолто "таму доле" на мојот монитор,што беше причина да не ти кажам со што сум зафатена,за да можеш да го прочиташ кога ќе биде завршено.
Не е љубов тоа што едвај чекам да те видам вечер за силно да те гушнам и бацам,што е причина уште повеќе да ми недостигаш.
Не е љубов тоа што сакам кога ме галиш,што е причина да се се чувст вувам како да лебдам,како да можам да го допрам небото.
Не е љубов тоа што сакам само да лежам во твоите прегратки,што е причина да се чувствувам заштитено.
Не е љубов тоа што и додека играме табла седиме еден покрај друг,само за да можеме да се разменуваме со сладолед и едноставно...да бидеме поблиску,што е причина сите да ни завидуваат зашто сме неповторливо слатки
Не е љубов тоа што и зурли и тапани да свират,нема да не запрат да уживаме во заедничките мигови,што е причина уште повече да уживаме.
Не е љубов тоа што секој ден го користиме до последната секунда да бидеме заедно,што е причина и да ги разбудам моите.
Не е љубов тоа што ни треба цела вечност за да си кажеме едно обично "ЧАО",што е причина за целиот процес да биде уште потежок.
Не е љубов тоа што се вртам да те видам се додека не исчезнеш во далечината,што е причина да се чувствувам среќна кога ќе видам дека и ти ќе се завртиш.
Не е љубов тоа што и во 1 саат по полноќ,колку и да ни се спие,ќе се чуеме само за "ДОБРА НОЌ",што е причина да спијам како бебенце,покрај големото бело меченце...
...и наутро да се разбудам...
...и ти си тој на кој што помислувам...
НЕ Е ЉУБОВ!
Епа знаеш што?
Сите што така мислат...појма си немаат!
ДА,ЉУБОВ Е!
ЕДИТ...
Да,љубов е кога ќе го прочиташ ова ќе ме прашаш "Ова правеше прееска?",што е причина за твојата слатка насмевка.