Иран веќе стана премногу влијателен скоро насекаде на Блискиот исток, а во меѓувреме и воено многу помоќен отколку пред декада-две. Со обезбедувањето на неколку ПВО системи од Русија, развивање на сопствени наведувачки против тенковски ракети, зголемување на бројот на балистички ракети, производство на тенкови и сл веќе станува регионална воена сила. Израел најверојатно ја пропушти шансата да ги бомбардира нуклеарните постројки, сега е веќе касно за нив. Единствена сила што може да нанеси ефективен воздушен удар е САД.
Доколку се реши Иран да продолжи со нуклеарната програма сега откако САД се повлекоа од договорот, може да добие нуклеарно оружје за неколку години.
Но и без тоа, толку го проширија своето влијание врз Блискиот исток, што доколку бидат нападнати ќе го запалат целиот регион. Имаат свои војски во Либан, Сирија, Ирак, оперативци во Јемен, најверојатно Бахреин и Катар. Хезболах стана екстремно моќен, добијаа огромно воено искуство во Сирија, но добијаа и многу напредно вооружување, од наведувани против тенковски ракети до балистички проектили. Тешко дека некој освен САД може воено да го спречи Иран да продолжи да го шири своето влијание во регионот.