jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.578
- Поени од реакции
- 27.426
Види сеа. си праиме муабет не се докажуваме, претежно се надоврзувам на твоите постови, не те негирам....Прво не знам за која аналогија зборуваш, аналогија поставив помеѓу случувањата во Авганистан после повлекувањето на СССР, која од сојузници Северната алијанса и талибанците влегоа во отоворен конфликт, да не се повторувам на секое.
Исто напишав дека граѓанската војна во Сирија е дел од т.н Арапска пролет, и не се согласувам со тебе дека Сирија е финалето на истата, логично е следен и финален чекор да биде Иран. Од тука доаѓа и ревносната поддршка на Иран кон Асад.
Каде тоа сум напишал дека грашанската војна во Сирија е религиска?
Со исклучок на Иран нема друго шиитско мнозинство на патот на Арапската пролет.
Никаде исто така не сум ги поистоветил сунитите со вахабиите, и погрешно е да се толкува дека станува збор за засебна религија како шо си напишал туку станува збор за посебен правец или засебно учење во исламот.
Не знам дали не ме разбираш или ми ги извртуваш зборовите.
Аналогијата помеѓу советската окупација на Авганистан и моменталната војна во Сирија, е од моја гледна точка. Во однос на тоа кој ги финансираше и подржвуваше исламистичките структури. И кога ќе погледне човек од Авганистан па навака, сите конфликти кај што има исламистички структури, истите се поддржани од западните земји и КСА.
А за Сирија како финалето на Арапската пролет... финале во денешна смисла, секако дека не верувам дека тука ќе запре, но многу е далеку за да може да се запали Иран и не верувам дека Иран ќе биде следен. Освен Курдите и Азерите, во Иран нема сигнификантна структура или тело кое би можело да изигра вооружен бунт.
Граѓанската војна во Сирија сакале или неќеле доби религиски интензитет со ИСИС и дадените исламистчки структури, иако Сирија како таква немаше плодна почва за тоа. Значи еве најточно, после граѓанските немири се импортираше религиски елемент....
Иначе за вахабите и сунитите, разликата им е како помеѓу протестатнтите и католиците, чисто терминолошки е дали ќе ја наречеш посебен правец или посебна религија, воглавном се спротивставени учења...