Русија - смена во надворешната политика?

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Лицемерие се вика тоа, демек се мења нешто, а уствари се е исто.... Овој барем не го лаже народот од тој аспект ...
Кога не лажеше, ко ги црпеа безкрупулозно природните ресурси на Русија, за да купуваат другарчињата на Путин, манекенки, јахти и англиски фудбалски клубови или пак сега кога развојот на Русија е на прво место?

Мммм?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423

Види пак ќе ти кажам, знам дека си прозападно настроен, не ти викам јас од тој аспект да гледаш, види ја реалната состојба, кај беше Русија пред Путин, каде е сега... Што беше Русија во меѓународната сцена пред Путин ,а која е сега..
Значи не викам дека стана број 1 во светот... ама... сакал ти да признаеш или не, напредок има и тоа огромен...

А кога збориме за афери.... немој те молам.... Путин е мало дете за тоа што се работи во САД, или Викиликс и Сноуден не се рачунаат ?!?[DOUBLEPOST=1521578491][/DOUBLEPOST]@teneke
Еве ти, немој да се секираш владата на Али Ахмети и нејзиното гласило ти праќаат одлични сигнали:

Нема пролет за македонско-руските односи

За очекување беше дека новата, убедлива победа на Путин, ќе има свои реперкусии на меѓународен план. Веќе некое време во Европа, а особено на Балканот се појавуваат партии и чинители кои отворено ги застапуваат интересите на Моска. И јасно е дека со растечката сила на Кремљ, и нивниот опортунизам во надворешната политика, и кај домашните популисти и пријатели на Царот ќе расте амбициозноста и деструктивноста.

Тоа што беше помалку за очекување е дека ден после триумфот на „царот Путин“, официјална Москва ќе се посвети токму на Македонија, и на една протоколарна средба ќе упати доста заканувачка порака.

Русија ја предупреди Македонија дека нејзиното приклучување во НАТО ќе има негативни последици за земјата, за регионалната безбедност и за билатералните односи меѓу двете држави.

Ова на македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов, му го посочил новиот рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко на денешната средба во руското МНР.

„На средбата беа разменети мислења за ситуацијата на Балканот. Од руска страна беа подвлечени негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за присоединување на Македонија во НАТО“, стои во соопштението на руското МНР.

На руското предупредување со дипломатски јазик одговори и премиерот Заев.

Но, заладувањето на односите меѓу Скопје и Москва не се од вчера и следи една надолна линија која се поклопува со крајот на македонската политичка криза и комплицираното составување на новото мнозинство. Тогаш, Москва ќе ги извади дипломатските ракавици и отворено ќе се замеша во внатрешните работи на Македонија, завземајќи ја страната на дотогаш владејачката коалиција на Груевски.

„Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. Целта е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети“, гласеше тогашната реакцијата од руското МНР.

Во август месец минатат година, ќе се отвори нов фронт со Русија. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во интервју за Блумберг ќе излезе со ставот дека на Македонија и е потребно членство во Алијансата за да не заштити од Русија.

„Влијанијата врз оваа стратешка цел не се од помош и не се пријателски. Видовме некои истечени информации, уште пред Владата да биде избрана, за руски обиди да се влијае врз клучните политички и безбедносни области. И ние сме загрижени за тоа. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да им стави крај на овие обиди“, изјави Шеќеринска за Блумберг.

На ова тогаш реагираше руското МНР преку портпаролаката Захарова, која обвинувањата за мешање во внатрешните прашања на Македонија ги нарече исконструирани и неосновани, а побара и објавување на целиот текст од интервјуто. Шеќеринска тогаш во интервју за Телма ги омекна македонските ставови.

Влошените односи кулминираа по интервјуто на Зоран Заев за црногорскиот медиум Антена М, каде премиерот изјави дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за нашиот влез во НАТО алијансата и дека добивал предупредувања за опасност од атентат.

Плус минус некои семантички недозбирања, ова е ретроспективата на македонско – руските односи по падот на режимот. Аналогијата со Црна Гора е доста индикативна, денес Подгорица и Москва имаат историски најлоши односи, откако Русија се спротивстви на нивниот влез во НАТО. Изгубена Подгорица, делува како Москва својот фокус да го врти целосно кон Македонија. Веќе беше формирана и руска партија наречена Единствена Македонија, која повикува на прекин на евроатлантските преговори и приклучување кон Евроазиската унија.

Кога Москва не става во или-или позиција, не останува друг заклучок освен дека не очекува долга зима во македонско-руските односи.

Само уште да влеземе во НАТО фали :)
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.490
Поени од реакции
24.253
Види пак ќе ти кажам, знам дека си прозападно настроен, не ти викам јас од тој аспект да гледаш, види ја реалната состојба, кај беше Русија пред Путин, каде е сега... Што беше Русија во меѓународната сцена пред Путин ,а која е сега..
Значи не викам дека стана број 1 во светот... ама... сакал ти да признаеш или не, напредок има и тоа огромен...

А кога збориме за афери.... немој те молам.... Путин е мало дете за тоа што се работи во САД, или Викиликс и Сноуден не се рачунаат ?!?
Ama ne razbiras ti nekoi raboti. Teneketo ti e prav amerikanski patriot i nema tuka trte mrte.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.696
Или па замисли ликови со капацитет на Буш, Обама и Трамп да дојдеа на власт во Русија во времето кога дојде Путин .... До сега за Русија ќе зборевме како за мит...
Е за ова навистина никој досега не помислил да направи споредба.

Како ќе реагираше западот ако Русија и Владимир Путин го обвинеа Авганистан за заложничката криза во театарот Дубровка во октомври 2002 и го нападнеа и окупираа ?

Или како ќе реагираше западот ако Сергеј Лавров си играше расипан телефон во Организацијата на Обединетите Нации со слики од "оружјата за масовно уништување" на Садам Хусеин, по што Русија би го нападнала и окупирала Ирак во 2003 година ?

Или како ќе реагираше западот ако Русија ја бомбардираше Југославија во 1999 година или Либија во 2011 година ?

Дали и тогаш западот ќе ги оправдуваше ваквите агресорски потези на Русија како воени дејствија во кризни подрачја опфатени од хуманитарна криза, или ќе ги третираше како воена агресија и воени злосторства ?
 
Не ги споредувај акциите што ги направиле, само замисли си што ќе се случеше со Русија ако дојдеше Обама на власт место Путин... ??!? Пошто нели капацитет луѓе биле....
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Види пак ќе ти кажам, знам дека си прозападно настроен, не ти викам јас од тој аспект да гледаш, види ја реалната состојба, кај беше Русија пред Путин, каде е сега... Што беше Русија во меѓународната сцена пред Путин ,а која е сега..
Значи не викам дека стана број 1 во светот... ама... сакал ти да признаеш или не, напредок има и тоа огромен...

А кога збориме за афери.... немој те молам.... Путин е мало дете за тоа што се работи во САД, или Викиликс и Сноуден не се рачунаат ?!?[DOUBLEPOST=1521578491][/DOUBLEPOST]@teneke
Еве ти, немој да се секираш владата на Али Ахмети и нејзиното гласило ти праќаат одлични сигнали:

Нема пролет за македонско-руските односи

За очекување беше дека новата, убедлива победа на Путин, ќе има свои реперкусии на меѓународен план. Веќе некое време во Европа, а особено на Балканот се појавуваат партии и чинители кои отворено ги застапуваат интересите на Моска. И јасно е дека со растечката сила на Кремљ, и нивниот опортунизам во надворешната политика, и кај домашните популисти и пријатели на Царот ќе расте амбициозноста и деструктивноста.

Тоа што беше помалку за очекување е дека ден после триумфот на „царот Путин“, официјална Москва ќе се посвети токму на Македонија, и на една протоколарна средба ќе упати доста заканувачка порака.

Русија ја предупреди Македонија дека нејзиното приклучување во НАТО ќе има негативни последици за земјата, за регионалната безбедност и за билатералните односи меѓу двете држави.

Ова на македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов, му го посочил новиот рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко на денешната средба во руското МНР.

„На средбата беа разменети мислења за ситуацијата на Балканот. Од руска страна беа подвлечени негативните последици за регионалната безбедност и билатералните односи од плановите за присоединување на Македонија во НАТО“, стои во соопштението на руското МНР.

На руското предупредување со дипломатски јазик одговори и премиерот Заев.

Но, заладувањето на односите меѓу Скопје и Москва не се од вчера и следи една надолна линија која се поклопува со крајот на македонската политичка криза и комплицираното составување на новото мнозинство. Тогаш, Москва ќе ги извади дипломатските ракавици и отворено ќе се замеша во внатрешните работи на Македонија, завземајќи ја страната на дотогаш владејачката коалиција на Груевски.

„Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија. Целта е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети“, гласеше тогашната реакцијата од руското МНР.

Во август месец минатат година, ќе се отвори нов фронт со Русија. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, во интервју за Блумберг ќе излезе со ставот дека на Македонија и е потребно членство во Алијансата за да не заштити од Русија.

„Влијанијата врз оваа стратешка цел не се од помош и не се пријателски. Видовме некои истечени информации, уште пред Владата да биде избрана, за руски обиди да се влијае врз клучните политички и безбедносни области. И ние сме загрижени за тоа. Веруваме дека членството на Македонија во НАТО може да им стави крај на овие обиди“, изјави Шеќеринска за Блумберг.

На ова тогаш реагираше руското МНР преку портпаролаката Захарова, која обвинувањата за мешање во внатрешните прашања на Македонија ги нарече исконструирани и неосновани, а побара и објавување на целиот текст од интервјуто. Шеќеринска тогаш во интервју за Телма ги омекна македонските ставови.

Влошените односи кулминираа по интервјуто на Зоран Заев за црногорскиот медиум Антена М, каде премиерот изјави дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за нашиот влез во НАТО алијансата и дека добивал предупредувања за опасност од атентат.

Плус минус некои семантички недозбирања, ова е ретроспективата на македонско – руските односи по падот на режимот. Аналогијата со Црна Гора е доста индикативна, денес Подгорица и Москва имаат историски најлоши односи, откако Русија се спротивстви на нивниот влез во НАТО. Изгубена Подгорица, делува како Москва својот фокус да го врти целосно кон Македонија. Веќе беше формирана и руска партија наречена Единствена Македонија, која повикува на прекин на евроатлантските преговори и приклучување кон Евроазиската унија.

Кога Москва не става во или-или позиција, не останува друг заклучок освен дека не очекува долга зима во македонско-руските односи.

Само уште да влеземе во НАТО фали :)
Абе ние сме изгубени честитки во меѓународнава полтика, и ќе успееме ако имаме среќа оти памет немаме.

По мене она што ќе биде битно во иднина е само обединување во што покрупни сојузи, затоа што големиве играчи ќе не смачкаат како шлепер, жаба, што би рекол еден наш поранешен премиер.

И не само нас туку и сите други помали играчи.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Абе ние сме изгубени честитки во меѓународнава полтика, и ќе успееме ако имаме среќа оти памет немаме.

По мене она што ќе биде битно во иднина е само обединување во што покрупни сојузи, затоа што големиве играчи ќе не смачкаат како шлепер, жаба, што би рекол еден наш поранешен премиер.

И не само нас туку и сите други помали играчи.
Точно бе, нема тука утка во тоа што го збориш... Муабетот ми е не треба да си пристрасен кога бираш... Незнам дали ти текнува ама пред едно 10 години бев на ист став како и ти... После некои работи ме натераа да видам дека сум во грешка. Мислам дека и ти ја знаеш грешката, но ти си сигурен дека немаме друг избор и се надеваш дека некако со среќа ќе преживееме... Но јас мислам дека како држава вака како што е, твојот избор, всушност не е избор, твојот избор носи дефакто крај на државата....
 
Не бе немам пристрасност, баш напротив гледам да бидам што пореален и кажувам тоа што мислам во моментов.

Јас сум непоправлив оптимист, така да можеш да замислиш што мислам за нас кога се надевам дека барем ќе имаме среќа :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Не бе немам пристрасност, баш напротив гледам да бидам што пореален и кажувам тоа што мислам во моментов.

Јас сум непоправлив оптимист, така да можеш да замислиш што мислам за нас кога се надевам дека барем ќе имаме среќа :)
Среќата не е опција кога државата е во прашање....Еднаш ја имаш, другпат ја немаш...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Среќата не е опција кога државата е во прашање....Еднаш ја имаш, другпат ја немаш...
Е па институции уште помалку имаме, а тоа е основа на функционирањето на една држава без разлика кој е на власт.

И мислам дека ќе имаме среќа во некој работи, затоа што сега законов за јазици ќе створи проблем внатре во ЕУ и чисто се сомневам дека ќе имаме препорака.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.423
Е па институции уште помалку имаме, а тоа е основа на функционирањето на една држава без разлика кој е на власт.

И мислам дека ќе имаме среќа во некој работи, затоа што сега законов за јазици ќе створи проблем внатре во ЕУ и чисто се сомневам дека ќе имаме препорака.
А што е тоа, нова политичка криза и уште поголема агонија кај народот.... И изговор да се раздели државата помеѓу Албанија и Бугарија... за влез во НАТО...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
А што е тоа, нова политичка криза и уште поголема агонија кај народот.... И изговор да се раздели државата помеѓу Албанија и Бугарија... за влез во НАТО...
Да можно е тоа, но нема да има поделба на државава како изговор за влез во НАТО.

Пишав пред некое време дека не влегуваме во НАТО годинава и тешко дека ќе го решиме спорот со името. И ако не се случи сериозна ескалација некаде во светот има шанси да заигра мечката на Балканот, поточно во Босна што може да се прелее во Македонија.

Само Сирија ескалираше до невидени размери, со можност за директен судир меѓу Русија и САД, така да сега тоа сценарио е многу малце веројатно.

Во суштина сите кризи потекнуваат од Србија, и најверојатно ова што го прави Али Ахмети е во таа насока. Србија индиректно му се одмаздува на СДСМ и Заев.

И на Грција ќе и треба добар изговор за да најде вина кај нас за тоа што ќе пропаднат разговорите.
 
Јас зборам веќе 2-3 години, Македонија како држава во овој момент може да ја спаси само војна... И да бидам искрен, ако е тоа единствениот спас, незнам дали сакам да бидеме спасени...пошто тој спас ќе не кошта можеби десетици иљади жртви...

А добро како го замислуваш ти конфликтот ? Пошто реално кажано војската и полицијата ни се ептен измешани... тоа би било покољ... Јас сепак мислам дека генерално си во право, кога збориш во кој правец ќе иде војната, може нема да биде од босна навака, може обратно ќе биде, ама мислам дека ќе биде слично како во Сирија.. ќе биде конфликт со религиска основа и ќе се прогласи Балкански Калифат...

Ама така многу е извесно, дека Русија, или барем Стрелкин да дојде тука од наша страна. Тоа верувам дека не ти е по воља сценарио...
 
Абе што зборуваш, каков спас со војна тоа ќе биде крај на Македонска држава. И искрено не те разбирам од што да се спасиме ? Од Албанците ?
 
Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
За воља на вистината Путин не може во ниту еден случај да се оквалификува како демократ, па ниту изборите таму како такви. Она што е лицемерно е односот на Западот и нивните двојни стандарди кога станува збор за демократијата која селективно се спроведува кај нивните сојузници. Еве во Саудиска Арабија таа практично не постои, па ниту во еден прозападен медиум не слушаме критики за начинот на владеење кој го практикува кралското семејство таму.
Ама му дале државјанство на роботот Софија, не читаш колку се прогресивни? :unsure: Дури им дозволија и на жените да возат.

А хомосексуалците во Русија се сеуште опресирани и медиумите им се контролирани од Путин :( Наместо политичарите и медиумите да бидат под контрола на големите корпорации/донатори како во вистинска демократија како САД.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom