Demokratijata e mislovna imenka od koga pchnaa vojnite vo Vietnam, Kambodzha i mnogu drugi mali vojnichki, za da se odbrani DEMOKRATIJATA od utepani poludrzhavi, polu protektorati kao Irak. YU, Nikaragva i ostanati grevovi...
Така кажи де, не биди шкрт на тастатура. Ти веднаш ме прати да се прошетам низ маало.
Инаку вистина е дека во пракса демократијата непостои. Денес можеме да зборуваме за некакви варијации на демократија, но демократија во чиста форма никаде не постои. Впрочем, како што е и нејзиното значење, "владеење на народот".
Западот само го позајмил овој термин од антиката, од тогашните градови држави во Грција кога по некои битни прашања жителите имале право да го искажат нивното мислење преку гласање, во т.н народнособрание. Но ниту ова не може да се нарече чиста демократија, во целост идентична со дефинирањето на терминот.
Затоа од денешна дистанца, многу држави се декларираат како демократски уредени иако не се.
Поентата е дека некои од нив се поблиску конкритериумите за демократија а некои подалеку, ниту една не ги исполнува во целост. Тоа не е возможно. Едно заради различните модели и пристапи кои државите ги развиле во практицирањето надемократијата, но најповеќе заради несовршеноста на човековата природа. Човекот не е на тоа еволутивно скалило сеуште за да практикува чиста форма на демократија.
Ако правиме паралела помеѓу Русија и САД. Во тој случај и покрај сите несовршености, во поглед на демократијата која нивните граѓани ја уживаат внатре, исто гледано и според изборниот систем, тогаш САД каде каде предничи пред Русија.
Ако гледаме во глобала, во меѓународната политика и меѓународните односи единствено владее интересот на државите и тој се брани преку сила. Истото го практикува и Русија и САД. Тука и двете сили се идентични.
Разликата е само што САД во меѓународните односи ја користи демократијата како параван за остварување на сопствените интереси.
За Русија, го кажав мојот став во првичниот пост. Толку.
Извини за долгиот пост.