Ако во човекот има душа, тогаш каде се наоѓа таа?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Душата е апстрактно нешто кое постои во сечиј ум, а настанало од наметнувањето на размислувањето на некои филозофи или од размислувањето за душата која после смртта оди во подобар свет.
Едно ме интересира: која е функцијата на душата во овој свет? (ако веќе тргаме од размислувањето дека после смртта оди во подобар свет.)
Душата е универзална енергија која не движи и ни овозможува да живееме.
Како може да е апстрактно нешто?
 
Библијата вели дека душата е смртна, што значи дека умира (Езекиел 18:4, 20). Затоа, за човек што умрел, Библијата едноставно вели дека е ‚душа на мртовец‘[DOUBLEPOST=1397559069][/DOUBLEPOST]Во Библијата се користи зборот „дух“. Некои луѓе мислат дека „дух“ е само друг збор за „душа“. Меѓутоа, не е така. Библијата јасно покажува дека „духот“ и „душата“ се две различни работи.[DOUBLEPOST=1397559158][/DOUBLEPOST]Душата и духот не се едно исто. На телото му треба дух исто како што на едно радио му треба струја — за да функционира. Кога во радиото ќе ставиш батерии, струјата што е складирана во нив, така да се рече, го „оживува“ радиото. Но, без батерии, тоа е „мртво“. Истото се случува и кога ќе го исклучиш од штекер радиото што работи на струја. Слично на ова, духот е силата што го оживува нашето тело. Сепак, исто како струјата, духот нема чувства и не може да размислува. Тој е безлична сила. Но, без тој дух, односно без животна сила, нашето тело ‚умира и се враќа во својот прав‘, како што рекол псалмистот.[DOUBLEPOST=1397559284][/DOUBLEPOST]науката за бесмртност на душата, верување дека некој дел од човекот живее по смртта на телото. Повторно, црковните отци послужиле како средство за да се внесе оваа идеја во религија во која немало учење за душа што ја преживува смртта. Библијата јасно покажува дека душата умира: „Која душа греши, таа ќе умре“ (Езекиел 18:4,
 
Душата и духот не се едно исто. На телото му треба дух исто како што на едно радио му треба струја — за да функционира. Кога во радиото ќе ставиш батерии, струјата што е складирана во нив, така да се рече, го „оживува“ радиото. Но, без батерии, тоа е „мртво“. Истото се случува и кога ќе го исклучиш од штекер радиото што работи на струја. Слично на ова, духот е силата што го оживува нашето тело. Сепак, исто како струјата, духот нема чувства и не може да размислува. Тој е безлична сила. Но, без тој дух, односно без животна сила, нашето тело ‚умира и се враќа во својот прав‘, како што рекол псалмистот
A кај хибридните возила кои имаат погон и на мотор со внатрешно согорување и на електромотор (струја) кој од нив е дух а кој душа, оти може да оди и со едно и со друго а и со двете заедно, дали хибридните возила пошто се противат на божијот концепт - има струја има душа , нема струја - нема душа , е производ на сатаната и верниците не треба да ги купуваат и се возат во нив?
 

.

Знам дека ако вистински си крстен веќе го знаеш одговорот на ова прашање и не ти се потребни интернети и книги за да го знаеш тоа, но за сите останатите:

БОЖЈИОТ Светол Дух и Свето Слово (Логос=Христос) е всушност нашата Вистинска и безсмртна Душа!

Сакаш да “видиш“ и каде се наоѓа Тој/Таа (душа) ?

Тогаш стави ги рацете на “сопственото“ срце и “сопствената“ гуша! ...(y)


п.с. Во мајчиниот јазик на Исус, зборот Руах истовремено истовремено значи Дух, Воздух (ветер) и Ангел! ...Генијален е Господ, зарем не? ...:)


herz-am-hals_3.jpg
 
Последно уредено:
Душата е како семе што треба да 'ртат и растат ... тоа само може да биде стекнато во текот на животот; Не само тоа, но тоа е голем луксуз, резервирана за многу малку луѓе. Повеќето луѓе го поминат целиот живот без душа, без господар на внатрешните работи. За обичниот живот, душата не е воопшто потребно.
-Гурџиеф

Ако сакат и имаат добра воља, модераторите @exlexmk и Nikola да отворат анкета за тоа дали човек има душа или не.
Ова прашање беше доста актуело деновиве.
 
Последно уредено:
Душата е како семе што треба да 'ртат и растат ... тоа само може да биде стекнато во текот на животот; Не само тоа, но тоа е голем луксуз, резервирана за многу малку луѓе. Повеќето луѓе го поминат целиот живот без душа, без господар внатрешни работи. За обичниот живот, душата не е воопшто потребно.
-Гурџиеф

Ако сакат и имаат добра воља, модераторите @exlexmk и Nikola да отворат анкета за тоа дали човек има душа или не.
Ова прашање беше доста актуело деновиве.
Еве ако ја ископам книгата на македонски (или некој друг разбирлив јазик) ќе ја прочитам.
Прашање. Дали Гурџиеф треба да го читаме буквално, метафорично или меѓу редови?
Пр. јас оваа твоја кратка приказна (која е извадок) ја протолкував метафорично. :)
 
Еве ако ја ископам книгата на македонски (или некој друг разбирлив јазик) ќе ја прочитам.
Прашање. Дали Гурџиеф треба да го читаме буквално, метафорично или меѓу редови?
Пр. јас оваа твоја кратка приказна (која е извадок) ја протолкував метафорично. :)
Зависи која книга ќе ја читаш од него...Белзебу е само метафора и никој не може да ја разбере.
 
Последно уредено:
Зависи која книга ќе ја читаш од него...Белзебу е само метафора и никој не може да ја разбере.
Ти кажав дека со тебе може да се дискутира нормално.
Ги има на македонски? :)
 
Читајќи низ темава, не најдов некој да дал конечен одговор. Некои пишувале сешто, триаголници кругови...
Ајде дајте размисли... Може ќе биде интересно :)
 
Ако прашањето е буквално во кој физички дел се наоѓа душата (ако постои) онда најверојатно би била во мозокот, у церебралната хемисфера у амигдалата кај што се процесираат и изразуваат емоции воглавно и совеста.
Е сега овие социопати и психопати што се, докажано е дека имаат дисфункционална амигдала, дали тоа значи дека немаат душа? И зашто некои би имале а некои не?
И како после смртта душата би функционирала свесно без физичкиот дел/ церебралниот кортекс /мозокот што ги процесира мислите?
 
Не знам дали некој до сега има напишано, но ете, како идеја - зарем не мислите дека душата се наоѓа во малото прсте на левата нога?

Знаете сите дека кога ќе си го удрите од маса или стол малото прсте - ви застанува и умот и срцето и животот ви поминува пред очи и веднаш станувате безвременски - од болка, бидејќи нели - нежна е душата! :D
 
Не знам дали некој до сега има напишано, но ете, како идеја - зарем не мислите дека душата се наоѓа во малото прсте на левата нога?

Знаете сите дека кога ќе си го удрите од маса или стол малото прсте - ви застанува и умот и срцето и животот ви поминува пред очи и веднаш станувате безвременски - од болка, бидејќи нели - нежна е душата! :D
Некои се раѓаат со по 6 прсти....што викаат по светите книги, во кое прсте се наоѓа кај тие луѓе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom