Ова е тоа што го зборам...ова значи дека нема ни да се трудат да го местат референдумот пошо ќе го нема.
Прво не се работи само за името на државата, откако создадоа некое приемчиво ткиво за промена на името, сега на маса и официјално го ставаат и пакетчето, е сеа тоа пакетче ја поларизира јавноста и кога излегоа анкетите запалиja црвена сијаличка некаде, па да е тип топ ситацијата и Владе Милчин ги испичкари јавно за било шо друго повеќе од името, додатна е фашизоидната политика на јунанистанците генерално, кон нас па уше повеќе,
Второ, мислам ова е психологија на масите, прават сегрегација на спорот со малаките и евроатлантската интеграција, значи референдум ќе има, меѓутоа за членството во ЕУ и НАТО, се разбира откако ќе се решиме самите себе во Собрание со некакво мнозинство, обид за меѓусебно исклучување на тие два процеси што е апсурдно, реалноста е дека без тоа никој ич од qr не ги мава јунанистанците и шо тие мислат или имаат да кажат за нас.
Целта е веројатно да се испере некако лицемерната политика која се води кон нас за евроатлантските интеграции, да се покаже дека промената на име, назив на нација итн нема врска едно со друго, па да се покаже опшествен консензус.
Никој не се осмели да побара признавање на фиромско малцинство кај нив, исто и фиромски јазик да им се дозволат основни малцински права пропишани со меѓунардона конвенција, и онака таа фамозна Времена спогодба ја прекршија и е неважечка, исто и со бугарите, people and language indigenous to fYROM, end of story.
Да дојде чисто до израз фашизоидната политика кон нас.
Понатаму имаш закон за употреба на јазици кој ќе направи уше подлабок опшествен рез, а се носи на шверцерски начин, после изјавата на ЕК Хан дека нема потреба од европско знаменце на тој закон, не знам кој со каков памет ја тера сеуште работата, имаш значаен број на сограѓани кои во секој момент ако се прекинат преговорите со малаките, а со тоа и евроатлантската интеграција се спремни на се и сешто, да бидеме реални.
Може ќе ни остават трошка достоинство со прифаќање некои измени на ЗУЈ.
Стигнавме до алтернатива на сево ова, а тоа е едно ДПМНЕ под контрола на Ел Фамилиа, мапет шоу (колку и да се надевам дека не е така),целокупен политички естаблишмент фатен за врат со кој знае што(поштење и љубав домовину), лимбо ситуација.
Имаме една руска политика кон нас која не гледа како монета за поткусрување, масло на огнот е тоа со каков антагонизам гледа на русите одредена етничка заедница кај нас.
Факт е дека не не гледаат како одржлива нација па да инвестира некој сериозно политички во нас, иако и сме и не сме малубројни, во било кое сценарио ние сме секундарни, може и терцијарни по значење...
На крај краева, оние шо имаат државни и партиски функции qr ги заболе за ова јас и ти шо се замараме(чест на исклучоци) апла возење со апла лажење
![Бла бла! :blablab: :blablab:](/styles/default/xenforo/emot/blabla.gif)