Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Како и да е, јас уште мака мачам со извесен чајник, кој наводно кружи некаде наоколу, а никако не можам да го лоцирам.
Не можеш да зборуваш за веројатност кога се работи за проблемов. Веројатноста врши работа откако ќе се сложиме да го употребуваме индуктивниот метод. Ова директно го поткопува индуктивниот метод.
 
Не можеш да зборуваш за веројатност кога се работи за проблемов. Веројатноста врши работа откако ќе се сложиме да го употребуваме индуктивниот метод. Ова директно го поткопува индуктивниот метод.

За верата/религијата веројатноста е занемарлив проблем кој со малку молитва лесно се решава. Слепи прогледуваат, мртви оживуваат, H2O се раздвојува само со помисла. Кој верува нема шанси да се зарази со овие индукции и дедукции за кои пишуваш и да страда после. ;)
Инаку, околу категоризацијата (нешто погоре спомната) целосно се согласувам со тебе.
Сепак, сум забележал нешто што ми било интересно - многу ретко сум наидувал на верници (независно од интелектуалниот капацитет) кои се обидуваат да пристапат на религијата од поинаков агол од однапред пропишаниот и секогаш ме зачудува нивната способност да се „изгасат“ при дискусија поврзана со верата. Не помага ниту логика, ниту етика, ни историја, ни археологија. А истите во однос на други нешта можат да бидат крајно промислени, способни, практични, досетливи, мудри и што се' не.
 
Многу филозофирате за да докажете дека феминизмот е канцер.

Нема потреба, дај да се фокусираме на нашите работи, шовинизмот, уште повеќе да го зајакнеме патријахатот како систем и да владееме со век и векови како што било дамнина, уште од кога нашиот татко дошол и им покажал кој е кој на плебејците од Тумба Маџари.
 
Последно уредено:
Да, верувам во ова што го пишав, но и покрај овој факт не мислам дека треба да престанам да реагирам таму каде што ќе видам неправда, инаку нема да можам мирно да спијам. :)
Значи во превод, ова го правиш за да можеш да спиеш како бебе? :D

Модерниот феминизам се бори жената да има доминантно место во општеството. Таа изразена доминација мора да следува со дозволување односно спроведување на одредени мерки и решенија кои ќе ја постават и држат на пиедесталот. Тоа е малку чудно. Од една страна сметаат дека мажите и жените треба да се еднакви и дека не постојат конкретно машки и конкретно женски работи, а секоја од тие седи на некоја столица и зборува од одредена позиција, а не држи лопата во раката. Дали лопатата ја убива женственоста!? Сега и, не е ново, ако се трудни не се женствени, а ако некој маж го каже тоа, тоа по автоматизам е навреда! Таквите размислувања се глупави. Изворот на сето тоа е договорот, жената во брак, не одлучува сама дали ќе има дете или не, тоа се сведува на договор меѓу брачните другари, и е навистина жално што многу жени денес избираат да немаат деца воопшто. Кој маж би сакал да биде со таква жена!? Била кариеристка! Кариерата им трае извесен период, што ќе прави потоа? Па и абортусот. Постои цела индустија која многу заработува од тоа, па така кај жената нема некоја морална свест која и говори дека врши убиство. Погоди зошто? Многу е жално кога се запоставува зборот “убиство“ и се заменува со “избор“. Toa е избор, но воедно тоа е многу лош избор и станува збор за убиство. Дали треба или не треба да се забрани абортусот, тоа е веќе друго прашање. :)

Проблемот е во тоа што денес се повеќе земаат замав оние движења кои ги ограничуваат слободите на говор, (мисла) и изразување. Во тие општества кои продаваат демократија, ваквите промени многу ќе се одразат и на општественото мнение, што и не е позитивна појава. Замисли денес ти да протнеш некоја конзервативна идеја во некој студентски кампус во САД! Тоа е невозможно.....:)
 
ec477ef8a675cb6ae384cfff580d4b66.jpg


09b497699939f60eb6b916cebce49a11.jpg




Персиска принцеза од династијата Кајар, феминистка која се бори за рамноправноста на жените во Иран. Го отфрла хиџабот како традиционална исламска облека. Член на Општеството за слобода на жената. 13 мажи, нејзини додворувачи се самоубиле поради тоа што не им ја возвратила љубовта.

Sent from my Redmi 4 using Tapatalk
 
Последно уредено:

Дали ова значи дека штотуку вработените ќе бидат законски обврзани да земаат иста плата со вработени со по 30+ години работно искуство ако се жени?
 
Дали ова значи дека штотуку вработените ќе бидат законски обврзани да земаат иста плата со вработени со по 30+ години работно искуство ако се жени?
И за иста работна позиција.
А иста работна позиција не е секогаш исто платена, некој е повеќе способен, некој помалку.
Иста плата зимаат само во администрација, таму каде што не треба да се докажуваш, што е најтрагично, ова ако го направат во приватниот сектор, таа фирма што ќе го прифати ова или ќе пропадне, или ќе и бегаат квалитетните луѓе.
 
НаТвитер има кампања #СегаКажувам, копија на #МеТоо...

ПОТОП :pos:

DTsWlUDXUAYeCnh.jpg:large



итн...

:)

Ставете од ФБ некоја приказна, на Твитер само гомна се јаде.
 
Знаев дека некој од вас ќе шлапа за ова. Мене лично секакви трендови ми сметаат и избегнувам да ги следам, односно да бидам дел од стадото, али не гледам ништо лошо во иницијатива која ќе поттикне повеќе жени да споделат немили искуства.
Каде гледате проблем тука?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom