Студирање во Словенија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cayman
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво луѓе, дали има некој што има завршено на универзитетот во Љубљана електро да сподели некои искуства за студиите, професорите, пракси итн ??
 
Здраво дечки. Знам дека прашањево ќе биде малце оф топик, ама документите што ми требаат се за Словенија, така да се надевам тоа се рачуна :):) Спремам документи да за ги пратам и едниствено што ми е останато е аполтилниот печат на уверенијата (аплицирам за на мастер). Аплицирам со уверенија за дипломиран (не диплома) и уврение за положени испити. Во врска со моето прашање: треба апостилниот печат да се удри во Скопје, па ме интересира за колку време средам работа во судот во Скопје, и колку треба да се плати (не сум од Ск па доаѓам специјално за ова и да не губам таму време со плаќања и чеање редови во банки). Фала ви од напред :)
 
Здраво, годинава матурурам па сакам да студирам во Словенија со стипендија. Ако некој има слободно време и волја нека ме контактира. Ми требат информации за тоа кога се апликациите, на кој начин се аплицира, кои документи се потребни и слично. Секаква информација е добредојдена. :)
 
Во Словенија се студира бесплатно ако си Македонец, така што тоа е најголема стипендија што можеш да ја добиеш. :D
 
Годинава матурирам и заинтересиран сум за студирање во Словенија, па ако некој има било какви информации или искуства нека ме исконтактира во ПП. Посебно ме интересира околу јазикот (словенечки), колку е лесен и колку брзо може да се научи на ниво за студии, и доколку се одлучам за програма на англиски јазик, кои сертификати се потребни за аплицирање?
 
Последна година сум средно и планирам да се запишам на факултет во Словенија-психологија. Дали може да ми кажете како иде аплицирањето и дали има приемен испит за на факултетот?
 
Некој љубезен да ми пише во порака да прашам неколку прашања или крај на крај тука па ако се најде некој нека ми помогне :)

4та година средно сум и планирам економски во Љубљана.. е сега

1. кога се отприлика уписите?
2. како е со јазикот? знам англиски одлично за комуникација и српски исто
3. колку години е факултето читав дека се 3+2+3
3- undergraduate
2- graduate
3- postgraduate
дека нашиот факултет овде е 4 години и после магистарски докторат итн... дали тоа првите 3 години се за диплома само за завршен факултет? после другите за повисок степен?
L-Xo-pmzSO_jb8x5cu4eLg.png

додипломски 3 години дали е тоа факултето заврен со диплома? магистарски и докторски плус којшто сака?
 
Абе како така си играте играчки? Ќе се запишувале у Словенија и као - јазикот проблем ли бил, знаеле англиски и српски а ќе одат во Словенија. Мислам, ха... Па мора да се знае јазикот ако сакаш да студираш таму, многу јасно. Ај да почнеш на почеток со англиски и српски месец, два, три... Ама не можеш да живееш во некоја земја а да не се потрудиш да им го научиш јазикот!
 
Учен не се родил никој, па ни ти. Курсеви по словенечки нема тука, а до сега илјадници завршиле факултет во Словенија. Ако имаш желба ќе научеш!
 
Не реков дека ако имаш желба нема да научиш. Реков БАШ дека немаат желба да научат, па сакаат да се служат со англиски или српски ;-)
 
Планирам да аплицирам во Словенија на следните уписи, меѓутоа дознав дека треба да изберам три факултети. Па ме интересира ако на пример не ме примат на психологија, а ме примат на вториот дали подоцна можам да се префрлам на психологија? И случајно да не знае некој колку години е психологија таму?
 
Барам цимерка за во Љубљана за следната година. Ако некој планира да се запишува сега за 2017/2018 нека ми пише!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom