Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Од кај ги извади сите овие работи жити се? Пред неколку месеци тестирав шеќер нормален, крвна слика 1 месец после тоа холестерол вкупен 115, хемоглобин имав 140. Не ќе да сум дијабетичар.

Абе види, побара мислење од други јас го дадов своето, на тебе останува што и дали ќе веруваш, порано пишував реферати и се објаснував, сега веќе не, останува на тебе.
 
Од кај ги извади сите овие работи жити се? Пред неколку месеци тестирав шеќер нормален, крвна слика 1 месец после тоа холестерол вкупен 115, хемоглобин имав 140. Не ќе да сум дијабетичар.
btw.. ако е како шо викаш заради слаба циркулација, атеросклероза, ако се подобри циркулацијата некако, дали губитокот на влакна е реверзибилен? :D На рацете, шо отсекогаш ми биле влакнести сум направен како да сум се депилирал на рандом места... :cautious:
 
Претпоставувам дека диетата не ти е како што треба, а и не суплементираш. За загубата на влакна на рандом места на телото, немам искуство и не можам да ти кажам од што е, може да е од разноразни пореметувања, би рекол дека сега тоа ти е помал проблем - и дека најверојатно може да се стопира и спречи ако направиш осетни промени во животот.
 
Последно уредено:
Па другар диетата.. Јадам насабајле пахулјици овесни со малку јогурт со пробиотик, обично јадам овошја банани после то, и ко ќе дојдам дома јадам шо зготвила жената. Таја е многу по такви здрави храни, па гледа да готви по 2,3 грав, леќа неделно. Другите деној обично риба, живина поткаснуваме ама малку количински. Црвено месо ретко, обично за некој празници. Јајца гледаме да јадиме максимум по 3 жолчки неделно. Не сум пушач, ретко се поднапивам малце, обично за празник, роденден, физичка активност спортувам секој ден скоро.
 
Aко ги имаш проблемите од горе, диетата не ти е доволно добра, а и шансата за инсулинска резистентост ти е доста висока - има на претходната страна што треба да направиш, останува на тебе.
 
Пред околу една година бев на лекар заради екстрасистоли и бодење во градниот предел, тој напрај
ЕКГ и Ехо, и констатира дека проблемот бил најверојатно од стрес и од конзумација на кофеин(да признам никогаш не сум поднесувал силно кафе, ама то беше напорен период па морав :angel:). Болката продолќи понатаму и дури при напор почнав да чуствувам замор и понекогаш губев здив. Е сега тука пишувам, последните неколку месеци имам силна болка во пределот на бубрезите(на грбот) и заприметив дека, нз како да објаснам, како да сум потечен на многу места од телото, посебно на краевите(стапала, раце, лице), како задршка на вода да имам. Исто и на тие места осеќам како многу слаба циркулација, понекогаш болка во дланките и нозете(како да сум спиел врз нив), кожата е многу бледа,сува, се лушти, влакна ми паѓаат. Ова е посебно изразено на ладно време, понекогаш како да ми посинуваат рацете. Барам некој поискусен во оваа проблематика да кажи шо можи ова да биде и на каков доктор специјалист да се упатам(кожно, кардиолог)?
... ќе си направиш комплет лабораториско испитување каде ќе ги видиме сите параметри за тоа како ти функционираат соодветните органи и жлезди... вака описот да беше женско ќе ти кажев дека имаш само предменструален синдром кој е нормална физиолошка состојба, односно и машкото ете може да има задршка на течност поради ете некоја оправдана причина, но не патолошка (болест) во организмот... па се решава со еден диуретик да измокриш и цела „ тежина“ од тој твој осет на потеченост да исчезне... но да не погодуваме правец - биохемиска лабораторија - крвна слика , липиден статус, ензимски статус... итн - КОМПЛЕТ анализи и кога ќе ги покажеш овде вредностите ќе коментираме...вака никој не може со точност да ти каже што ти е па макар бил доктор во Шварцвалд Клиника ! :)
п.с.
ако си плав, најчесто тие особи за разлика од другите имаат „нежни влакна“ или воопшто ги нема на места каде имаме најповеќе триење на алиштата со телото, односно како што се митараат птиците (папагал ако имаш си приметил периодот како им паѓа пердувите) така есен -пролет имаме опаѓање и обновување на влакната, но доколку мислиш дека има проблем, тогаш во испитувањето што го кажав погоре обавезно да испиташ и тиреоидни хормони Т3 Т4 и ТСХ, па дури и тестостерон ако имаш можност...
 
Последно уредено:
...односно и машкото ете може да има задршка на течност поради ете некоја оправдана причина, но не патолошка (болест) во организмот...
Дај пример некој со оправдана причина за едем и исхемија кај мажи.
Вака од око, типот се жали од болка у пределот на бубрезите. Какво е тоа сценарио у кое, станува збор за идиопатски едем?
 
Мајками си ја скрши ногата во доле во зглобот пред 2 ипол години и сеа сеуште има оток и не и е добро размрдан зглобот а има и болки некој совет нешто ? :)
 
Дај пример некој со оправдана причина за едем и исхемија кај мажи.Вака од око, типот се жали од болка у пределот на бубрезите. Какво е тоа сценарио у кое, станува збор за идиопатски едем?
... кога ме цитираш, цитирај ме што сум рекла-пишала, не додавај свои зборови ..односно и машкото ете може да има задршка на течност поради ете некоја оправдана причина, но не патолошка (болест) во организмот...
јас НЕ напишав ,,исхемија ,, што веќе е патолошка работа т.е. болест поради ПРЕКИН (зависи каков), нели што ми го додаваш зборот како сопствен избор на мој коментар, како прво !
како второ, членот пишал дека имал силна болка во пределот на бубрезите но во заграда напишал (на грбот) што може да биде болка од кичмата која се рефлектира странично зависно кој пршлени се зафатени, оти нели бубрежни болки не се издржуваат така „подолго време“ од личен избор и да сака...
како трето членот НЕ БИЛ ПОТЕЧЕН туку „ се чувствувал КАКО ПОТЕЧЕН “ на многу места, тоа е субјективна лична препоставка, а за патолошки едем -оток НЕМА ПРЕПОСТАВКА туку отеклина голема во ткиво кое пречи локално поткожно ткиво или системски, а тоа ќе биде приметливо и од други индивидуи околу него, не мора тој да претпоставува, нели?
и како четворто,
мажите исто како жените, нели не се иземени од нормални појави како што е „задржување на вода“ и појава на некој оток- едем и честото терање по мала нужда, за да тој оток од задржување на водата природно се исфрли од организмот, и сега тоа често одење во тоалет ќе биде нели, во две категории физиолошки (нормални) и патолошки (болест некоја) ! Коментирам нели за физиолошки, нормални можности на појава на моментална потеченост во организмот да речеме „едем“ како најважен фактор е промена на начин на исхрана и зголемување на внес на течности, зголемен внес на свежо овошје и зеленчук ја зголемува „течноста кај мажот“ кога ќе се додаде и алкохолот, кафето (самиот пишал дека претерал некогаш во пиење, еднаш претерал секогаш претерува со кафето дури и несвесно) или пивото на пример, а се пореметува пропорционалното нормално работење на бубрегот со зголемениот внес на течност , што нормално ако нема можност за силна транспирација телото не може да се ослободи бргу од таа течност која се задржува во организмот...тоа не значи дека е болен? дури има случаеви да самото тресење при подолго патување или чувството на нелагодност во авионот да доведе до често мокрење поради НЕЛАГОДНОСТ НА ДОЛНИОТ ДЕЛ НА КИЧМАТА и чувството на телото дека е „потечено“ а всушност не е...
не знам дали ме разбираш, односно дали добро објаснувам, се трудам да го кажам да разберат сите, инаку искрено гледам дека повеќе се трудиш да се „затепаш“ со мене отколку да се даде предлог, совет на членот, и како што пишав во мојот коментар цитирам ,,.. но да не погодуваме правец - биохемиска лабораторија - крвна слика , липиден статус, ензимски статус... итн - КОМПЛЕТ анализи и кога ќе ги покажеш овде вредностите ќе коментираме...вака никој не може со точност да ти каже што ти е па макар бил доктор во Шварцвалд Клиника.. ,, затворен цитат ! ...
п.с.
во што е проблемот со твојот коментар кон мене ај донт ноу, како гледам има место во ординацијава ете седни и ти и коментирај, ама не кон мене, туку на тие што прашуваат, нели? :pipi:[DOUBLEPOST=1515089735][/DOUBLEPOST]
Мајками си ја скрши ногата во доле во зглобот пред 2 ипол години и сеа сеуште има оток и не и е добро размрдан зглобот а има и болки некој совет нешто ? :)
... да ги следи препораките што и се дадени после операцијата, да ја контролира телесната тежина, да не носи високи штикли, да не стои многу на нога, често кога одмара да ја дигне ногата малку повисоко од телото и да ја фискира со еластичен завој доколку планира оптоварување во текот на денот, и на крај наизменично мачкање на местото со Диклофенак гел и Хепатромбин гел наизменично секој втор или трет ден...
 
Последно уредено:
Ни се скрши термометарот дома и излезе тоа што е течноста внатре а за живата незнаеме дали сме ја собрале тоа го избришавме со крпа и ја фрливме крпата го фрливме термометарот а за живата незнам нешто да кажете :mad:
 
... ако си се сплеткал меѓу столица или си паднал по скали, сигурно ти е од удрено и модрото место те боли! :D
... ако имаш само модрици, а не си се удрил и модриците не те болат, а не пиеш редовна терапија за хронична болест ... сигурно си бил настинат и си пиел аспирин или аналгин !
ај што имаш 5 модринки треба да пишеш нешто поопширно ....како дали пиеш нешто лекови последниве денови ! :)

... како што треба да се внимава на исхраната како и на зајакнување на јетрата кога се има проблеми со жолчното ќесе, така треба да се внимава на исхрана како и механички фактор на џвакање на храна, не пиење вода додека се јаде, и непрејадување (многу ретки се тие да без жолчно ќесе можат да функционираат безпрекорно) кога се нема жолчно ќесе ....
најчесто болката на горниот дел на абдоменот започнува со гастрична болка од тип на хиперсекреција за да после некое време се пренесе малку подесно, а можно и позади грбот, а проверката може да ја увидиш со дефекација чиј фецес е или со жолта боја или со зеленикава боја што укажува на пребрзо минување на жолчни киселини низ цревата без да добијат кафеавкаста боја, но многу е важно јетрата да ги одржуваш во здрава состојба да не ти е замастена и да не е оптоварена во пречистување на организмот од премногу лекови, алкохол ...итн
јас не верувам дека е можно да се затне каналот со оформено камче, оти болката е неподнослива можна појава на пожолтување на белките на очите дури и кожата како да прележуваш жолтица, што тоа сигурно ќе го забележиш и нормално ќе одиш веднаш на лекар...
внимавај на исхрана, не смееш редовно да јадеш јајца, мајонез, брокула, краставици дури исфрли ги од исхрана, све што има лушпа треба да се острани, семките во зеленчук исто така... избегнувај газирано, мрсни и пржени јадења, љуто никако, зимница кисела исто поретко... сама ќе забележиш што ќе јадеш и на кој начин ќе јадеш и кога ќе почуствуваш болка знај дека тоа не смееш.... секогаш при рака да имаш Капс.Омепразол Тбл.Спазмекс и Тбл. Аналгин и кога ќе имаш такви силни тегоби сите три одеднаш, со ставање топла облога на горниот дел на абдоменот каде те боли едно 15 минути, не смееш да имаш стегнато со ластик од тренерка или фармерки во тој дел, ниту да седиш згрчена, наведната туку по можност да шеташ низ соба исправена... ете тоа би ти препорачала! ( лабораториски анализи, ртг на желудник и општо ехо на внатрешните органи)..
и уште нешто, иако велиме дека се гастроинтестинални органи верувај дека и тие си сакаат вежби барем три пати во неделата, па и тие се изградени од мускули не баш како скелетните(напречно пругасти), но редовните вежби ги ојачуваат и им ја подобруваат самата функција...:)
Blagodarammm za informaciite fala mnogu
 
Ни се скрши термометарот дома и излезе тоа што е течноста внатре а за живата незнаеме дали сме ја собрале тоа го избришавме со крпа и ја фрливме крпата го фрливме термометарот а за живата незнам нешто да кажете :mad:
Веќе 5 години има забрана во МКД, за користење на „апаратура со жива“ за медицински цели, тука спаѓа живини термометри и живини апарати за мерење крвен пристисок, со што истите се заменети со дигитални термометри и дигитални апарати за мерење крвен притисок или со манометар (не може ниту да се купи, забранета е продажбата)!

ziva-skrsen-termometar1.jpg

е сега кога веќе е направена бељата многу е важно да знаете дали излезе таа жива од термометарот, оти живата е многу токсична супстанца која испарува и затоа прва работа просторијата каде се скрши најмалку 24ч треба да биде со отворен прозорец да се луфтира испарувањето, ако е паднато на постелнина или ќилим треба внимателно да се собере и да се фрли, тоа веќе не се чисти,

немојте да постелнината ниту ја тресете ниту да ја ставате во машина за перење оти ќе се нафати во бубањот и ќе се зафатат другите алишта, едноставно со нараквици све тоа внимателно ќе се свитка и ќе се фрли....

Scientists%2BExpose%2BA%2B30%2BYear%2BGovernment%2BVaccination%2BCover-up.jpg

за проверка никако не смеете да употребите метла, парвосмукалка или било која крпа, живата се лепи и не се остранува напротив ќе се раздвои и прошири, затоа може со некоја четка на која се става пена за бричење се помине внимателно каде можно е собирање на ситните капки на живата како остатоци и све тоа се фрла или со книжна хартија да се собере внимателно да се спојат капките во една голема и да се вметнат во некое стаклено шишенце или едноставно со шприц без игла внимателно да се усиса во него, доколку не се гледа дека има некаде капки од жива се зема една батерија се затемнува просторијата и се светнува кон тоа место што се сомневаме, ама и низ цела просторија ,оти живата „шета“, доколку има жива „ќе светне“ и ќе се примети и повторно иста постапка со книжна хартија или со четка со пена за бричење, некои користат магнет за собирање на живините капки...

how-to-collect-mercury-from-the-floor-or-carpet-if-broken-thermometer-at-home-3.jpeg
mercury.png

живата која ќе се собере се исфрлува само надвор во ѓубре свиткана во хартија, никако во веце или лабаво оти „ ќе се закачи “ по цевките и пак ќе остане...живата од една капка може да се одели во многу помали капки и да „шета“ низ просторијата и затоа е многу важно детално да се прегледа, по можност со маска на лице да не се вдишува и да се затемни собата и со батерија со светло да се барат капките жива доколку излегле од термометарот..

може да се острани со впивање со вакуум со гумена пумпа што се користи за иригација и да се стави во сад со вода во што се додаде хлор (варекина)...
 
И мене еднаш ми се скрши топломерот,директно на шпоретот го турив,да набие температура да ги лажам дома дека имам температура да не одам нашколо..Дојде до 42 степени,па ајде треси го да го дотерам до кај 38 нема смисла 42 степени дека имам температура...:pos:
Се скрши и како за беља тоа живата испадна,ја собрав со правосмукалка,може и со рака да сум да фатил којзнае,и заминав кај доктурката да ми беше оправдание..:pos:

Од тогаш има преку 5-6 години..
 
Zdr decki sakam da prasam nesto dali na nekoj mu se ima sluceno da vadi crn sekret od nosot i toa samo od desnata nosna suplina fala odnapr
 
Здраво на сите,
пред малку кога компјутерот ми беше вклучен фаќав еден кабел (оној металниот дел од кабелот (приклучокот) ) и тогаш не беше ништо. Е после кога го допрев прстот со кој го фатив приклучокот (палецот) почна да ме пецка по малку. Што може да е тоа?

Поздрав до сите и среќни празници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom