Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
ВРЕМЕ Е... за „Некои прашања не заслужуваат одговор“ vol. 2

Време е Липково да се припои кон Куманово, Брвеница и Јегуновце кон Тетово, Вевчани кон Струга!
Коха: Време е за нова територијална поделба



За време на предизборните кампањи, не само за локалните избори туку и за парламентарните избори – политичките партии постојано ветуваат раст на ДДВ и еднаков регионален развој, но кога се на власт – тие ги менуваат јавните ставови, не правејќи многу за децентрализацијата и економскиот развој.

Партиите на власт – СДСМ, ДУИ и АА ветија раст на ДДВ за општините за 14 отсто и истовремено се обврзаа да го зголемат личниот данок и правилно да го имплементираат Законот за еднаков регионален развој, односно рационална распределба од 1% од бруто домашниот производ за општините, пишува весникот на албански јазик Kоха.

Според Коха, како резултат на континуираниот недостиг на интерес на Владата уште од територијалната поделба во 2004 година за да им помага на општините, дали преку зголемување на ДДВ или преку рамномерен регионален развој, предизвика многу општини да неможат да постојат со капацитетите што ги имаат, да неможат да излезат од долгови и да ги зголемат своите капацитети во сферата на урбанизмот, образованието, културата, спортот, социјалните центри. Континуираната перцепција на многу експерти од локалната власт е дека е потребна нова територијална поделба или да се промени пристапот на Владата кон локалната самоуправа за директно да ги помогне со финансиските средства за да се развијат. Поранешниот градоначалник на Гостивар и поранешен министер за локална самоуправа, Невзат Бејта, вели дека е време да се отвори дебата за промена на Законот за територијална поделба. Во овој момент, Бејта предлага да се преполови бројот на општините и да се зајакне моќта на општината.

„Дури и пред последната територијална поделба што се случи во 2004 година, имаше отстапки. Тие направија да многу општини да неможат да функционираат – особено руралните општини. Логиката и моето искуство како поранешен градоначалник на општина Гостивар и поранешен министер за локална самоуправа, вели дека е време да се отвори дебата за изменување и дополнување на Законот за територијална поделба. Мислам дека бројот на општините треба да се преполови – да нема повеќе од 40 општини, како и да се работи на зајакнување на позицијата на градоначалникот. Граѓаните знаат дека високи позиции имаат премиерот и министерот, но тие треба да бидат поврзани повеќе со позицијата градоначалник и на изборите ќе можат да направат подобра процена во изборот на кандидатите и во оценувато на работата или неработењето на секој, и секој кој не ги исполнил обврските, да сноси правна одговорност, а не само политичка“, вели за весникот Коха, Невзат Бејта. Во однос на зголемувањето на ДДВ за општините, Бејта укажува на тоа дека Владата треба да ги следи моделите на западните земји кои, според него, имале успех во рамномерениот регионален развој.

http://republika.mk/856413
Само овој пат имаме дежурни куртоноиди, кои се тука за дефокус во секое време!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.455
Поени од реакции
87.225
ВРЕМЕ Е... за „Некои прашања не заслужуваат одговор“ vol. 2

Време е Липково да се припои кон Куманово, Брвеница и Јегуновце кон Тетово, Вевчани кон Струга!


Само овој пат имаме дежурни куртоноиди, кои се тука за дефокус во секое време!
Нема да има нова територијална поделба затоа што:
1) Ова е само мислење на Коха и Невзат Бејта, ништо повеќе, ништо помалку
2) АКО случајно има нова територијална поделба, треба да има и референдум за тоа, а јас сум убеден дека тој нема да помине како во 2004 година.
3) Тоа "Некои прашања не заслужуваат одговор VOL. 2" не пали веќе кај народот, Македонците ја научија лекцијата од 2004.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Нема да има нова територијална поделба затоа што:
1) Ова е само мислење на Коха и Невзат Бејта, ништо повеќе, ништо помалку
2) АКО случајно има нова територијална поделба, треба да има и референдум за тоа, а јас сум убеден дека тој нема да помине како во 2004 година.
3) Тоа "Некои прашања не заслужуваат одговор VOL. 2" не пали веќе кај народот, Македонците ја научија лекцијата од 2004.
1) Ова не е мислење на Коха и Бејта, туку ова е втората точка од вкупно седумте од Тиранската платформа.
2) И да има ќе помини... народот тука има меморија на риба.
3) Лекцијата не воопшто научена, туку треба на полагање и одново да се учи.

2. Postizanje ekonomske jednakosti i društvenog blagostanja, posebno preko ravnomjernog regionalnog razvoja

• Uspostava novog mehanizma, u obliku jedne Državne komisije za financiranje općina, za pravednije donošenje odluka državnih potpora u korist općina

• Uspostava jednog Ministarstva za politički sustav i odnose među zajednicama, kao nadležnog tijela za poštivanje prava zajednica i poticanje ekonomskog i socijalnog razvoja nerazvijenih područja

• Ostvarivanje pravedne zastupljenosti u sigurnosnim tijelima, vojsci, obavještajnoj službi i sudstvu

• Ostvarivanje pravedne zastupljenosti na svim razinama središnje vlasti kao i u javnim službama ili tvrtkama u državnom vlasništvu

https://hr.wikipedia.org/wiki/Tiranska_platforma
Ова се постигнува најлесно со нова административно-територијална поделба, во која бројот на општини ќе се сведе на 40 отприлика, или поточно на сите градски населби во Македонија плус некои поголеми селски општини!

И последно, казни нешто немаше да има и не постоеа исто како платфомата, за најпосле, да бараме намалување за нешто што нема и што непостои:

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Ако наследникот на Груевски биде со амин од Берлин, шансите Антонио да биде лидер на дпмне се 99%. За истраги против него не сум слушнал, можеби има, иако сметам дека е премногу интелигентен за да остави којзнае какви траги за криминал во телефонски разговори. Тој има поминато низ многу партиско - политички сплетки, интриги, прислушкувања, местенки..... што мислам дека кај него внимателноста кон таквите работи веке е на ниво на рефлекс па секако дека ни на сон не би му верувал на ,,партиските браќа,, дека не го прислушкуваат. А тоа за врховизмот, за Џуџето од Небрегово.... тоа се работи поради кои имам голема одбојност према него и никогаш не би гласал за него, иако изгледа дека со последниве случувања во Македонско- Бугарските односи, договорот за добрососедство и признавањето на БПЦ како како мајка црква на МПЦ... Антонио и целото бугарофилско крило во ДПМНЕ биле мачкина кашлица. За тоа што преговарал и договарал со Грците не глдам ништо спорно. Сите влади, вклучувајќи ја и сегашнава, воделе и водат тајна дипломатија и преговори со Грците а официјалните преговори секогаш биле само куртоазија и кафирање. Но што и да се договори на крајот на денот тоа нема да го соопшти тој што преговарал тајно туку премиерот кој ке треба да излезе во јавност и да соопшти што е договорено и тоа да помине низ парламентот па и низ референдум. За тоа дали името кое тој го договарал било добро или лошо решение ке дознаеме дури откако ке имаме можност тоа да го споредиме со името со кое ке не крстат откако ке се реши спорот.
Колку пати прочитав овде „колку бил интелигентен“...со што толку ве импресионираше сите?
Мислам дека е опфатен во случајот за нелегално финансирање на партијата, во кој сите имаат убави шанси добро да наебат. Едно време нели исфрлија информација дека авион бил регистриран на негово име, значи СЈО ги проверувала и неговите сметки.

Што се однесува до БПЦ-МПЦ односот и договорот со Бугарија. Јас како изразит анти-паторист и анти се' што содржи барем нишка на национализам во себе, а тоа ги опфаќа и татарските националисти, договорот со Бугарија го дочекав со изненадување. Како политичка одлука на Брисел, преку Бугарија да се избере патот кон конечно приклучување кон Европа (што да бидам искрен, повеќе сакам да го постигнеме културолошки и економски), според мене тој потег е прилично мудар. Ќе објаснам кој е резонот (или како јас мислам дека резонирале) - гласачкото тело во Македонија кое беше за промена на фамилијата е многу интернтно. На тие луѓе им требаа 8 години да соберат храброст и да излезат на улица против гомната на НГ, кои ги чувствуваа од day one од неговото владеење. Да не се лажеме, сите добро знаевме какво скапо гомно е „Скопје 2014“ или каков дебилизам е антиквизацијата - па кој протестираше реално против тоа - НИКОЈ. Тоа значи дека таа страна додека се свести - ете ти го договорот потпишан.
Од друга страна, гласачката машинерија од небањати ботови, у Бугарија гледа со ерекција во гаќите, за нив тоа е the promise land. Јас сум убеден дека за да земеш книшка од дпне, прво треба да прикажеш татарски пасош. Така да, нивните реакции за договорот со Бугарија, овде на форумов, со орангутанско-шимпанзовски призвук и артикулација, беа чисто од анти-заев и анти-сдс побуди. Во хипототечки ситуација, да настане блгарски Anschluss на Македонија, мислам дека педериштата тони и илче со ножеви ќе одлучат кој да стави потпис на тој, за нив, свечен чин. Како што гледаш, нивните реакции за тоа, стивнаа и ќутат како п***и за тоа. Тоа значи дека и вторава страна реално го прифаќа - ете ти го договорот потпишан.
Така да, кој го смислил договорот, како политички потег, мислам дека многу паметно изигра. Не викам дека Договорот е корисен, пишував тогаш што мислам реално и да не се повторувам. Реално, треба да сме поврзани повеќе со сите соседи и да престанеме да глумиме скарани 90-годишни баби кои живеат сами во селото, а не разговараат меѓу себе. Нормално, без притоа да си наштетиме по единството, целокупноста или идентитетот. А за тоа требаат мудри политичари т.е. мудар народ....

На крајот, на делов МПЦ-БПЦ, пак ќе ја повторам главната, суштинската поента - кога црквите би биле сведени на хоби-организации и неформални друштва, поточно државите би имале секуларен поредок - голем стап кој кого признава. Нашите политичари мора да инсистираат на тоа - со што би се ставил и блок на екстремните струи од исламот и државава би имала граѓански карактер. На крајот на краиштата, МПЦ е под блокада на СПЦ, црква на земјата на турбофолкот, мафијата, кичот и целиот фолклор во кој реално црквата повеќе се наоѓа како изговор или поттик за омраза на босанските муслимани, ши птарите, хрватите и македонците. Ако преку БПЦ си ја постигнат целта и дојдат до некое ниво у таа лоповска хиерархија, мене нема ништо да ми значи. Од тоа може само појаки аута да купуваат онакви малоумни ликови како владиката петар и повеќе да се осоколат и да се мешаат во политика, како што отворено се мешаа до сега (во корист на криминалната фамилија на НГ). Реално, ЕУ, најголеми шанси да ја придобие Србија е преку ослабување на црквеното влијание во секојдневниот живот и сите потешкотии што таа ги ствара....ама тоа е нивни проблем.

Тајната дипломатија - ок, нормално е, поточно ненормалното е станато нормално. Постои голем фелер во целиот спор, а тоа незапознавање на јавноста и во двете држави со тоа за што точно се преговара. Тоа за Грција е помалку битно, а за нас е суштинско. Во секој случај, гробарската коалиција сдс-дпне, успешно, 25 години не вади никакво објаснување за целата ситуација. Се трошат огромни пари, а уште повеќе пари се губат од истиот спор, обострано, со самиот факт што Македонија стана едно гангренозно ткиво на Европа. Циганлукот на Грција не може да сконта дека економски побогат сосед значи и за нив поголема размена и поголем прилив, ама инаетот јаде кило сол. Дека имаат некакви експанзионистички аспирации кон нас - не сум воопшто убеден, а нашите инфантилни довикувања „Солун е наш“ се благо кажано патетични. Фали интерес и некој одлучен политичар од ЕУ и спорот ќе го реши многу, многу брзо. Како и да е - целиов пасус го пишувам дека е тажно и катастрофално за нашава земја еден мамлаз и криминалец како НГ, СМ и врховистичкото гомно тонка да преговараат преку криминални „бизнисмени“ од Грција за суштински важен потег за државава, тајно, како за лубеници на кило, а притоа во јавноста да се прикажуваат како убер-македонци, најголеми патриоти и уште да праќаат ќосиња на измислени предавници и не-македонци. Таа „бомба“ на сдс, да имаше читав небањат сендвич одма ќе сфатеа колку е саатот и ќе ги откачеа дпне, ама за жал - ете и такви гомна уште имаат поддршка.

Anyway, ова не се однесува на тебе, туку на сите - за човек што отворено зборува против истакнати македонски, пред се, интелектуалци (затоа што ги немаме многу) и научници, уметници, што ги нарекува некакви ебени „џуџиња“, а истиот за муда не може да им се фати - немојте за такви да ми зборите дека се „многу интелигентни“. Кичевското педерче и тоа како играше пиперевка за целиот мандат на паторот и нешто се осоколи во последно време, затоа што е дел од преговорите и веројатно слуша кога Хојт Ји го ословува паторот со пцовки и навреди, па сконтал дека со него е готово....а за тоа не треба којзнае колку интелигенција.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Петар Арсовски многу добро објаснува зошто стратегијата на Дпмне за "народен отпор" е промашена во неколку реченици.

„Белким не очекуваме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сака да се самораспушти и тивко да замине во историјата. Очекувано е дека ќе прават драма и тоа е тој класичен политички фолклор. Но, ако им се 'одземе' фолклорот и хистеријата, остануваме соочени со еден комплексен општествен процес, но правно, релативно чист. Бидејќи, во ниедна од нивните драми не видовме некој да ги побие доказите за осомничените. Тоа е една губитничка стратегија. Се додека протестираат во однос на несоборливи докази, тие ќе губат рејтинг. Луѓето не можат да ги заборават снимките од парламентот на 27-ми април. Гледаат кој отворал врати, кој тепал, кој кршел... Не постои начин ВМРО-ДПМНЕ со блокада и бојкот да стане повторно политички симпатична. Единствен пат за ВМРО-ДПМНЕ е суштинско ребрендирање на нејзиниот политички производ, бидејќи овој што сега го нуди на 'пазарот', луѓето повеќе не го купуваат“, оценува Арсовски.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
А што направија со оние Унија на Ветерани?
Нели викаа дека ќе ја превземале партијата и некој нив член ќе застанел на чело?
 
V

viktora

Гостин
Овие сценарија ги гледавме во 90те.Еве повторно се враќаат со заплашување,уцена и рекет.

http://www.skopjeinfo.mk/bomba-raznese-avtomobil-vo-aerodrom[DOUBLEPOST=1512728784][/DOUBLEPOST]
Нема да има нова територијална поделба затоа што:
1) Ова е само мислење на Коха и Невзат Бејта, ништо повеќе, ништо помалку
2) АКО случајно има нова територијална поделба, треба да има и референдум за тоа, а јас сум убеден дека тој нема да помине како во 2004 година.
3) Тоа "Некои прашања не заслужуваат одговор VOL. 2" не пали веќе кај народот, Македонците ја научија лекцијата од 2004.
Исто како што немаше тиранска платфора.Море мрш!
 
Последно уредено од модератор:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.455
Поени од реакции
87.225
Исто како што немаше тиранска платфора.Море мрш!
Ко прво тоа "море мрш" на твоите дома така да им викаш.

Ко второ и твојот пулен Грујо што од петни жили го браниш овде на форумов ја прифати таа Тиранска Платформа од точка до точка. Не за џабе чавкана Ивона Талевска ги навлажни гаќите во 19:00 на сред вести и кажа дека е постигнат договор помеѓу Никола и Аљи... истиов случај беше и со Велјановски, само тој кажа подоцна во 20:00 часот. Разликата помеѓу Грујо и Заев беше СЈО, СЈО и само СЈО!!! ФАКТ!!!

А сега ти продолжи да си го браниш Пастирот, иако тој прв уште пред Заев ја прифати таа тиранска платформа само за да си го спаси газот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Што требале да напраат дпне? - Ме заболе Стојан.

Ко на сериски убиец да му одредуваш спа третмани, масажи, терапии за да се рехабилитира. На просјачки стап ја дотераа државава, војна сакаа да напраат....да се "ребрендирале"...нека се распаднат најбоље...

Иреал...и да се ребрендира, пак ќе остане глуп ко к**...што фајде?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
ВРЕМЕ Е... за „Некои прашања не заслужуваат одговор“ vol. 2

Време е Липково да се припои кон Куманово, Брвеница и Јегуновце кон Тетово, Вевчани кон Струга!


Само овој пат имаме дежурни куртоноиди, кои се тука за дефокус во секое време!
Што побрзо тоа подобро.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Овие сценарија ги гледавме во 90те.Еве повторно се враќаат со заплашување,уцена и рекет.

http://www.skopjeinfo.mk/bomba-raznese-avtomobil-vo-aerodrom
Експлозија околу 4 утринава ги разбуди жители на улица Јане Сандански во скопски Аеродром. Жителите на зградата бр.65 сведочат дека експлодирала бомба поставена под автомобил.

OK.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.389
Разликата помеѓу Грујо и Заев беше СЈО, СЈО и само СЈО!!! ФАКТ!!!

.
Ne e fakt...bidejki imam najmalku 5-6 prijateli albanci koi prisustvuvale na C. P. na Dui i koi potvrduvaat deka posle postignuvanjeto na dogovorot so Grujo(drugi pregovarale vo negovo ime)...za vreme na čestitanjeto na eden so drug i po telefoni so drugi subjekti....eden od potpretsedatelite na Dui nešto mu šepnal na Ali i prisutnire povtorno sednale da debatiraat. Za ishodot od "vtoroto poluvreme" site znaeme

Jas sega treba da veruvam na javni izjavi za pred mediumi...a ne na moi prijateli koi lično bile tamu prisutni
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Еве една одлична емисија кој открива спектакуларни информации,


Гости се:
Етнокореолог- Ивона Опетческа и Етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска,

Пред се новата национална стратегија за култура која почнува и завршува со редефинирање на досегашниот културен модел, граѓанска култура која го реализира досега најголемиот етноцентристички проект а тоа е АЛБ ансамбл во МКД.
И во минатото под одредени притисоци се фаворизрале доделувања на средства кон АЛБ проекти.

Има една бомбастична, комитрагична инфомрација, а тоа е дека поосле Рамковниот Договор е формиран паралелен Институт за Албанско духовно наследство, кој пак има ист буџет како и Институтот Марко Цепенков а досега нема издадено НИТУ ЕДЕН елаборат во својот домен, тоа го прави повторно Марко Цепенков и за АЛБ култура кај нас. Да е трагедијата поголема, тој паралелен Институт за заштита на АЛБ духовно наследство во МКД е сместен во објектот на старата амбасада на САД :bravobe:

Танец го носи називот Национална Установа на Македонија а не само народот, притоа застапени се сите народности од нашата земја во истиот, според нив нема врска никаква ова со РАмковнио Договор во кој зборот култура е спомнат 5 пати се на се, прашање е зошто не се инкорпорира засебен АЛБ сегмент во танец а се оди на ваков чекор?

Колку празни работни места има со години во разни институти за истражување на етносот на народностите а пропишани со Рамковен Договор, нема интерес ниту за студии а се оди кон некој вакви чекори кои се чисто дезинтегрирачки кон опшеството, создавање на негативен набој без потреба.

Обидот за бугаризација на МКД малцинство во Мала Преспа е спомнат, која е Виолета Тончева и како со дипломатско разузнавачка логистика и финансии од Минситерството за бугарситанците ви чужбина на чие чело е Божидар Димитров сето тоа се става во функција.

Најтрагично е шо сево ова е чиста политика, истите аргументи како законот за албанзиација, нула едно големо ништо.

Не постои НИКАКОВ елаборат за овој проект за албански анасмбл во МКД, никакви истражувања, се наметнува прашањето чија култура ке промовира истиот?

Зошто нема консензус за негов аимплеметација во Танец и зошто ЦЕЛО ВРЕМЕ СЕ ГРАДАТ ПАРАЛЕЛНИ ИНСТИТУЦИИ?

Еден куп унформации се изнесени, мислам дека многу повеќе медиумски простор заслужуваат гостинките сево ова да се разобличи во јавноста.

Samo napret gragani heroi, na Ilindencite i NOB se pomocavte, duri i na Lazo, Vanco Mihajlov da stani od gorobot ke se ogradi od vas...
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.271
Поени од реакции
8.655
Антонио учеше факултет во Скопје а таму кај швабите беше на ,,посдипломски студии,, по линија на Доста Димовска - Бугарија - КА - Германија. Тоа што е постојано во раководството на дпмне, пратеник, министер.... мислиш дека е по желба на Груевски? Груевски да можеше ке го шутнеше за две минути. Мислам дека во овој момент Антонио и нема да се кандидира бидејќи секој и малку попаметен од Оливер Андонов не би се нафатил да биде претседател на дпмне во периодот кој следи.
Поим немам од која причина Антонио Милошовски е во врвот на ДПМНЕ толку долго, ама поверојатно ми е дека е таму по желба на Груевски, отколку дека Германија стои зад таквата одлука. Се сомневам дека на некого во Германија му беше гајле последните 10 год. додека владееше ДПМНЕ кој е пратеник или министер во РМ, многу значење му придаваш на државичево. А меѓу другото, пред бомбите, горе-долу истите луѓе беа членови на ИК на ДПМНЕ, немаше некакви кадровски промени се' до објавувањето на бомбите. Последното мислам дека е по желба на Груевски.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom