Абе ова како им тргна, од убаво поубаво
http://24vesti.com.mk/jeremikj-gruevski-i-mijalkov-perele-pari-preku-srpskite-vlasti
Јеремиќ: Груевски и Мијалков переле пари преку српските власти
Претседателот на народната партија од Србија Вук Јеремиќ ги повика тамошните истражни органи да ја испитаат врската меѓу Воислав Спарвал директор на фирмата СЦМГ која го купила комбинатот 14-ти октомври од Крушевац со поранешната македонска власт.
Тој тврди дека Груевски и Мијалков переле пари преку српските власти.
ДПМНЕ стана такво криминално дувло што веќе криминалот влезе во сржта на партијата и стана дел од неа како обележје.
Не е само врхушката туку еден куп луѓе од високи до пониски функционери. Скоро цел Извршен Комитет им се сомничи за криминал и проневера а новајлијата за тероризам. Од претседател на партија до локални функционери заглавени до гуша со криминал.
Којзнае дали ќе преживеат и колку време ќе им треба да се опорават. Се сомневам дека некој како Милошоски, Поповски или Ѓорчев би сакал да го преземе Дпмне во оваа сегашна состојба, поверојатно ми е дека ќе дојде некој млитав пиун на Груевски на чело на партијата.
Ќе потрае агонијата дур не почнат да паѓаат казните за главните играчи, па тогаш некој би требало да се окуражи за пресврт.