- Член од
- 20 јули 2014
- Мислења
- 3.261
- Поени од реакции
- 8.599
АРХИВА: Милиони евра се арчат за новогодишни прослави на плоштадите, а десетици „Тамари“ бараат пари за лекување
Јана, Игор, Давид, Сања, Мартина, Петар се само дел од многубројните имиња ставени на листата на чекање за операции во странство. Тие лесно можат да се пронајдат на веб-страницата „донации.мк“ наменета за донирање пари на сите што имаат потреба од лекување надвор од државата. Таму има бебиња од по неколку месеци, па сѐ до девет-десетгодишни деца. На нивниот број им нема крај, а сумите за операции најчесто се движат од 50.000 до 300.000 евра, во зависност од тоа за која болест и за каква операција станува збор.
Последните неколку години не поминува ден без на социјалните мрежи да се појават нови апели за собирање пари за деца болни од церебрална парализа, мултиплекс склероза, рак на коските, тумор на главата, вродена срцева мана, за што се потребни илјадници евра, а семејствата не можат да ги обезбедат. Во тој период на гнев и револт, кога е во прашање детски живот, социјалните мрежи вријат од обвинувања упатени на адреса на државата и локалните власти кои фрлаат од 5 до 10 милиони евра за барокни згради, споменици, фонтани или, пак, носат пејачи од соседните држави за суми од 50 до 80 илјади евра за да ги забавуваат на новогодишните прослави. Па, така на плоштадот во Скопје се организираат две новогодишни прослави, едната од буџетската сметка на Град Скопје, каде што за настапот на пејачите Слаткар, Адријан Гаџа, Каролина Гочева и Миле Кузмановски, како и за предновогодишното украсување се потрошени 300.000 евра, додека на прославата каде што се трошат народни пари од Општина Центар ќе настапат Јура Стублиќ, „Филм“ и „Забрањено пушење“, но не се открива точната сума на потрошени пари. Исто така, новогодишни прослави на буџетска сметка на општините ќе има и во Кавадарци и во Охрид, додека сѐ уште не е дефинирана новогодишната програма во Битола и во Прилеп.