Познавам луѓе кои имаат одено по таа т.н брза процедура.
Плаќаш одредена сума на некој посредник којшто има врски и ти закажуваат интервју за 2-3 месеци. Еве еден таков знам шо идеше преку таков посредник и му закажаа одма интервју и сега си чека да добие гражданство.
Работата е што од други извори чув дека тоа работење е незаконско и дека всушност посредниците така ги лажат луѓето, дека на крај тоа гражданство не е валидно, дека ако те фатат така после кажи чао на бг пасош а и ќе одговараш кривично...
Втора работа шо слушам за сите тие што сакаат да аплицираат, да почекаат да се изгласи новиот закон (не знам кога тоа и дали воопшто ќе се изгласи), но така се зборува. И се‘ што досега сум чул е оптимистички, освен тоа дека навистина треба да имаш доказ за в‘зходјашт б‘лгарин, друго се‘ е ок. А всушност најголемата мака на луѓево им е шо немаат оригинални документи... Не мислам дека ова вака ќе заврши. Досега 100 пати се имаа сменето работите и само ги менуваат како ќе им текне. Штом решиле да даваат на оние во Албанија, сепак останувам оптимист за сите апликанти од Македонија.