Оток на коска (коскен едем)

  • Креатор на темата Креатор на темата ranjeni_golub
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 мај 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Возраст
36
Здраво

Се молат сите што знаат нешто во врска со ова, што претрпеле ваква повреда, да дадат совет.
Дали се опоравиле?
Колку време требало?
Каков третман дал добри резултати (физикална или нешо друго)?
Било каков корисен совет е добредојден.

Колку за информација:
Во мојот случај, коскениот едем е добиен по директна траума на местото( десен скопчен зглоб- на талусот). Речено ми е дека опоравак од ваква повреда се состои исклучиво од мирување и може да трае и до година дена зависно од местото каде се наоѓа.

До сеа совети што сум добил и информации од нет:
- Да се одмара
- Ладни облоги на местото за да се намали воспалноста
- Ако се спортува при опоравак, тоа да бидат low impact спортови(возење точак и пливање), но ако има реакција(болка), да се прекине
- Препорачано за побрз опоравак, хипербарична комора( демек зголемената количина на кислород би го забрзала опоравувањето на коската)
 
Ankle_aneurysmal_bone_cyst_a%20800%20x600.jpg

Нешто вака? Ако е тоа,тогаш станува збор за анеуризмална коскена циста,јас го имав тоа.Мораше операција да ми се прави,само кај мене беше на тибиата(големата коска)
Се реши со тоа што се исече дел од фибулата(малата коска) и се пополни празнината од цистата.
 
Мислам дека не е тоа, незнам. Мене ми го дијагностицираа преку MRI снимка.

Фала за одговорот.

Еве ќе ги прикачам сликите кај што се гледа, од две различни проекции.
talus cor pd fs.pngtalus cor t1 fse.pngtalus sag pd fse.pngtalus sag t1 fse.pngtalus sag t2 fse.png
 
Тогаш не зборуваме за истото.

Чисто информативно:
Колку време ти требаше за опоравак после операција?
Беше ли потребна физикална терапија?
Дали целосно се опорави?
Можеш ли да спортуваш било што(пр. фудбал, теретана...), или имаш некои ограничувања?
 
Чисто информативно:
Колку време ти требаше за опоравак после операција?
Беше ли потребна физикална терапија?
Дали целосно се опорави?
Можеш ли да спортуваш било што(пр. фудбал, теретана...), или имаш некои ограничувања?
Операцијата ми беше правена во Септември 2011,и до сега речиси целосно ми е зарасната коската,имам контрола на 10 јуни па ќе видиме.
Не,физикална терапија не користев,но користев штаки некаде до јануари 2012,а пред тоа гипс некој 2 недели.
Не смеам да ја оптеретувам ногата,ама јас не слушам си играм баскет like a mad man,трчам,а пак е се во ред со ногата.
 
Зависи од местото на отокот. Кај мене е на зглобот на средниот прст на раката (што удираш тупаница) и е така веќе долго време. Може да помине само од себе (освен ако не е поврзано со циста). Потребен е одмор и практично нетренирање ништо, освен ако не удираш секој ден во боксерска вреќа (затоа не ми поминува) xD.
 
Зависи од местото на отокот. Кај мене е на зглобот на средниот прст на раката (што удираш тупаница) и е така веќе долго време. Може да помине само од себе (освен ако не е поврзано со циста). Потребен е одмор и практично нетренирање ништо, освен ако не удираш секој ден во боксерска вреќа (затоа не ми поминува) xD.

Не е толку заради тоа што удираш, него заради тоа што не му го даваш на телото она што му е потребно за да "помине"
 
Не е толку заради тоа што удираш, него заради тоа што не му го даваш на телото она што му е потребно за да "помине"

Па мислам дека доволно јасно пишав: „Потребен е одмор и практично нетренирање ништо, освен ако не удираш секој ден во боксерска вреќа (затоа не ми поминува) xD“
 
Потребни се микронутриенти
 
Потребни се микронутриенти

Џабе се микронутриенти без одмор за правилно заздравување. Внесувам витамини константно во телото, нема никаков ефект се` додека не престанам со удирање (кое е секој ден без пауза). :)
 
Кои витамини и кои дози?
А (околу 1мг дневно), Б (околу 1мг дневно), Ц (околу 100-150мг дневно), Д (околу 4-5 микрограми дневно), Е (14-15мг дневно) и ниацин (14-15мг дневно). Ова се дозите кои ми се препорачани од нутриционист. Во храна: А (спанаќ, морков), Б (сончоглед, компир, грав), Ц (чаша сок од портокал, лимон или цитрон), Д (рибино масло, риба, млеко, млечни производи), Е (житарки), Ниацин (кикирики, говедско месо) и многу минерали. :)
 
А (околу 1мг дневно), Б (околу 1мг дневно), Ц (околу 100-150мг дневно), Д (околу 4-5 микрограми дневно), Е (14-15мг дневно) и ниацин (14-15мг дневно). Ова се дозите кои ми се препорачани од нутриционист.

Многу се мали
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom