Господинот Груевски завчера во својот прекрасен говор ги посочи кои се опасностите од владеењето на СДСМ: марихуана и геј бракови. Ниту збор за страшната наезда од милиони емигранти кои маршираат накај Македонија, ни збор за цели градови кои Заев ги гради за нив да ги насели овде. Ни збор за 150.000 емигранти кои чекаат на јужна граница Заев рампа да им дигне. Ништо од тоа.
Најверојатно Заев ги послуша добронамерните укажувања на господинот Груевски и се откажа од ова со емигрантите да ги насели овде, а тие видоа дека нема што да бараат тука и се насочија другде.
Ако не е така, мислам дека во својот маестрален говор господинот Груевски барем еднаш ќе не предупредеше (ако имаше таква страшна опасност сеуште), да знаеме да не гласаме у втор круг за Заев.