VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387
Интересно е шо во истиот период кога востаниците Ахмети, Џафери, Алити ги промовираат во борци за човекови права и слободи, демократи пар екселанс, под неразјаснети околности се решени Борис Трајковски, Панде Петровски, Ристо Галевски и др. имиња кои не котирале високо хиерархиски, ама биле своевиден пандан на учките од спротивната страна, страната на државата Македонија.
Ристо Галевски (Муртино, Струмичко, 1957 – Скопје, 10 ноември 2007) бил првиот полициски генерал и како таков учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Во 2001 година беше назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето му беше доделен чинот генерал на полиција.
До последниот ден тој работеше на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршуваше повеќе значајни функции. Починува ненајдено на 50-годишна возраст на 10 ноември 2007 во Скопје.[1]
И двајцата "ненадејно починуваат" во рок од 10 месеци.Со највисоки воени почести, вчера во Битола беше погребан генерал-потполковникот во пензија и поранешен началник на Генералштабот на АРМ, Панде Петровски. Тој ненадејно почина во 63-тата година од животот. Генералот Петровски за време на службата во АРМ извршуваше високи воени должности, како командант на поранешниот Втор армиски корпус во Битола, заменик на началникот на ГШ на АРМ, како и началник на ГШ на АРМ, од каде што замина во пензија.
Каква коинциденција.