Јас мислам дека чувствата почнале да ви се оладуваат како резултат на тоа што се немате видено подолго време. Остави тоа што викаат љубов на далечина не функционира. Не би функционирала ако едниот е во странство. Мада има и примери кои успеале да одржат и таква врска на далечина. Све зависи од карактерот на двајцата. Мала е Македонија за 2-3 саати пр. од Скопје си во Гевгелија или Охрид да не збориме ако девојчето е поблиску до Скопје.
Ако има љубов, разбирање, доверба меѓу вас, ако и двајцата доволно силно сакате да сте заедно све може да пребродите заедно. Не дозволувајте километри да ве разделат.
Сега не знам што проблеми има дома ама сте размислувале ли за можноста она да најде работа и да се пресели во Скопје (претпоствувам студирала во Ск.)
За секој проблем има решение. Најлесно е да се дигне раце и да се откажеш.
Порано додека била во Скопје супер ви било, периодов супер функционирате. Зашто да се откажеш од неа ?
Седнете искрено и отворено разговарајте. Имала тежок период, почесто сте се гледале и поминувале повеќе време заедно одеднаш тоа го снемало и тоа влијаело на неа така да се однесува. Да сакала да прекинете нема да ти каже да размисли. Гледајте да најдете начин барем еден ден во неделата да го поминувате заедно. Ја навивам да успеете..