Го молам дежурниот владин портпарол на форумот Let 3, да објасни како во најкатастрофалниот период од историјата на Македонија, се намали бројот на социјални случаи??
...и не ја враќај приказната со 600.000 иселени, дека наводно така се намалил бројот на социјални семејства, бидејќи според податоците на Светска Банка, Македонија во 2016 имала 2.081.000 жители.
Седодека не се направи попис нема точно да се знае број на жители. Тоа се документирани податоци.
За иселени Македонци светска банка има официјални податоци пошто тие лица со македонски документи побарале во некоја земја во светот престој, вработување, социјално здравствено.
А ако велиме за население, тогаш математика вика вака
население во македонија природно си растеше со стапка од околу 15% (плус минус некој процент) на 10 години, по математика на природен прираст би требало да не има во 2017 година нешто над 2.500.000
Светска банка вели не има 2.080.000. над 500.000 помалце од очекуваното....
Друг показател се децата. во основни школи, во учебна 2006 вкупно имаше 235.691 ученици во основни училишта, ова година ги има 192.115 (тоа ти се 43.576 ученици помалку, тоа ти е 20 посто помалце деца од колку пред 11 години. За 11 години снема 1452 оделениа по 30 ученици.
Одиме понатаму, ако минатата власт најстрого криела податоци за иселувањето - такви податоци педантно си забележувале западните земји и земји на ЕУ, само во германија од 2009 до 2015 се доселиле 32.700 Македонци. Најголем процент се на возраст 20-40 години.
32.000 ПЛУС македонци се таму со дозвола за престој до 4 години врз разни основи (и тие кутрите ќе сторат се за да останат и не се вратат) Во овие статистики не се влезени Македонци со бугарски пасоши кои добиле таму работа или се преселиле (до 2012 околу 50.000 Македонци добиле бугарски пасоши).
значи врз разни основи само во Германија има за 5 години преку 70.000 иселени. Ами од 2006 до 2009, ами од 2015 до 2017, ами шветска, норвешка, италија, холандија, австралија, америка....
Европската комисија за миграции која статистички обработува сите податоци за мигранти низ ЕУ вели дека нешто над 400.000 луѓе со македонски документи побарале престој работа здравствено ... во некоја европска земја. Светската банка има цифра од 600.000 али таа прибира податоци за цел свет така да 200.000 се од земји како австралија, канада америка нов зеланд....
Јас овде во битола сум сведок на се поголемо заминување на млади и постари. На било кој начин, преку било кој.. не се прашува, само да се замини, некако да се стапни на запад па ако може се ќе се направи за да се остане.