Со изгласувањето на овој закон ние ќе бидеме единствената унитарна земја што ќе донесе закон за два службени јазика на целата територија на државата без да постои реална билингвалност. Овој билингвизам ќе биде вештачки наметнат со закон, а не како што е природно: законот да биде последица на една реалност со која само ќе се официјализира јазичната состојба во земјата во моментот, вели во интервјуто за МКД.мк професорката Елка Јачева Улчар, една од потписниците на писмото на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ за Законот за јазиците
Во
писмото потпишано од 17 научни работници на Институтот од Владата и Собранието се бара Предлог-законот за употреба на јазиците да биде повлечен од натамошна постапка. Причини за ова барање има многу, вели Јачева-Улчар.
Кој е Вашиот став за предлогот за измени на Законот за јазиците?
- Мојот став е речиси идентичен со ставот на моите колеги од Институтот за македонски јазик. Сметам дека донесувањето на овој закон е едно избрзано решение, кое во иднина ќе има далекосежни последици. Претпоставувам дека и со овој закон ќе се случи истото што и со преводот на албански јазик на Законот за територијална организација на РМ, во кој сите македонски топоними беа обезличени.
Случајно или не, и овој закон беше донесен набрзина, во септември 2004 година. Прво, тој се коси со 5. амандман од Уставот на РМ, што е проблем што поподробно треба да го елаборираат правните експерти. Како лингвист чија специјалност не е социолингвистиката, сметам дека е ова еден избрзан потег во следнава смисла: во нашата држава нема билингвалност на целата територија, па дури ни во средините каде што 20 проценти од населението го зборуваат албанскиот јазик (Тетово, Гостивар, Куманово...). Во овие средини, од искуство знам дека македонските Албанци, особено моите генерации и повозрасните од мене, ги зборуваат и двата јазика, и македонскиот и албанскиот паралелно, што не може да се каже за Македонците што живеат во овој дел на Македонија. Генерациите Албанци и Македонци, пак, родени и израснати во независна Македонија, според мои лични сознанија, многу слабо или воопшто не го владеат јазикот на другиот.
Но тоа е грешка на власта што не го поттикнала или овозможила тоа.
-Од осамостојувањето до денес ниедна влада не поттикнуваше билингвизам, т.е. немаше, барем во овие средини, изучување на двата јазика истовремено, немаше мешани групи ниту во градинките, ниту во училиштата. Не постоеја паралелки на ученици од албанска и од македонска националност, така што овој билингвизам на територијата на Република Македонија ќе биде вештачки наметнат со закон, што би се рекло - озгора надолу, а не како што е природно: законот да биде последица на една реалност со која само ќе се официјализира јазичната состојба во земјата во тој момент.
Во таа смисла, со чинот на изгласувањето на овој закон ние ќе бидеме единствената унитарна земја што ќе донесе закон за два службени јазика на целата територија на државата без постоење на реална билингвалност. Ваква ситуација немаше ниту во бившата држава, СФР Југославија, во која, како земја со федерално уредување, постоеја три службени јазици во федералните единици: македонскиот во СР Македонија, српскохрватскиот во СР Србија, СР Хрватска, СР Босна и Херцеговина, СР Црна Гора и словенечкиот во СР Словенија. Но во државните органи на сојузно ниво, во армијата, во меѓународните односи... официјален јазик беше тогашниот српскохрватски јазик.
Што всушност ќе наметне новиот закон ако биде изгласан?
-Мислам дека тој ќе предизвика уште поголема какофоничност и дисфункционалност во државните органи на целата територија на РМ од оваа постојната што сега ја имаме во единиците на локалната самоуправа, во кои секојдневно сме сведоци на кршење на Уставот.
Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик во Македонија и секаде во единиците во кој се зборува друг јазик од страна на населението што изнесува над 20 проценти. Сите табли, на пример на државни установи, би требало да бидат напишани прво на македонски, а потоа на другите јазици. Сум видела табли во овие средини во кои топонимите се напишани само на албански, но не и на македонски. Таблата на скопското училиште „Битолски конгрес“ е напишана како „Конгреси и Манастирит“ навистина со кирилски букви, но без никакво значење. Неодамна видовме како се потпишува г. Бујар Османи...
Се случувало да добиваме документи овде во институтот од министер Албанец, во кој целиот текст е напишан на македонски, но името и потписот да му бидат напишани со албанска латиница.
Од друга страна, со донесувањето на Законот за јазиците ќе се појави и еден практичен проблем. Еве, за пример ќе го земам нашиот Институт. Ние во Институтот за македонски јазик на нашите постдипломски студии имаме запишано и студенти Албанци. Според овој закон, тие сосема легитимно ќе имаат право да следат настава на албански јазик, како и право на индекси на албански јазик, право на пријави на албански јазик, право да ја водат комуникацијата со нашите администратори на албански јазик. Како ќе го обезбедиме ова, ја прашав на состанокот во петокот директорката, која ми одговори дека ѝ било речено дека од агенцијата, која се предвидува да се отвори за да помага во спроведувањето на Законот, на секој повик од која било државна институција бесплатно ќе биде испраќан преведувач?!
И еве ги проблемите во само една државна институција, со мал број постдипломци и со мал број вработени. Можете и самите да претпоставите како ќе изгледа тоа по универзитетите, кои се многу поголеми и покабасти институции од нашава институција.
Многу пари, а кој ќе биде ефектот?
- Да. Мислам дека Македонија како една крајно сиромашна држава, ќе биде изложена на многу големи трошоци, кои многу подобро би можеле да се искористат за подигнување на нивото на еден поквалитетен соживот: кој ќе се обезбеди преку организирање бесплатен курс за изучување на албанскиот или на турскиот јазик, особено во оние средини каде што живее мешано население; преку измени во наставните програми што ќе обезбедат паралелно изучување на јазиците што се зборуваат во средината, преку меѓусебна соработка на научни, технолошки, книжевни, лексикографски и секакви други проекти, преку кои ќе учиме еден од друг за нашите национални вредности, без да живееме еден покрај друг, а единствен пример за практикување на тој соживот да ни биде честитањето на верските празници... и толку!

Неодамна, пред нецел месец, е распишан конкурс за вработување само на еден доктор во Одделението за историја на македонскиот јазик, иако ИМЈ во моментов има потреба од вработување на најмалку 10 млади соработници.
Во науката за македонскиот јазик недостигаат: Електронски корпус на македонскиот јазик (во моментов егзистира само еден е-корпус на делата на Б. Конески и тој не е во нашава земја, туку на Катедрата по славистика во Грац, кој го работи проф. Тошовиќ), немаме Академска граматика на македонскиот јазик (по толку години стандардизиран македонски јазик основна и единствена граматика ни е Граматиката на македонскиот литературен јазик од Б. Конески од 1952 година), немаме Етимолошки речник, немаме Дијалектолошки речник, немаме пообемни двојазични речници барем од соседните јазици, немаме Комисија за стандардизација на географските имиња во услови на загрозеност на домашните топоними, како и непризнавањето на името на нашава земја.
По тригодишна пауза во полагањето лекторски испит по македонски јазик, допрва се најавува негово рестартување како резултат на уште една погрешна измена во Законот за употребата на македонскиот јазик, која предвидуваше полагањето да се врши електронски (сиц!) и покрај неодобрувањето од страна на лингвистичката фела, како и на тогашниот состав на Советот за македонски јазик во кој, патем, и јас бев член.
Навистина ли Владата бара афирмативно писмо од Институтот за македонски јазик за планираните измени во Законот за јазиците?
- Со оглед на тоа што во овој момент немам никаква функција во Управата на ИМЈ, па со тоа ни увид во тој дел од работата на ИМЈ, не знам за такво писмо и лично сметам дека тоа се шпекулации што во јавноста ги шират политичките опоненти на актуелната власт.
Се вршат ли притисоци врз Институтот да каже политички „подобен“ став за ова прашање?
-Не! Барем врз мене лично никој досега не извршил никаков притисок, а не сум чула ништо слично и од колегите. Ние сме многу мал колектив и таквите нешта многу лесно стасуваат до секого во ИМЈ J. Ќе слушнев за такво нешто доколку постоеше, сигурно!
Овде би сакала да истакнам дека некои од порталите блиски на опозициската партија на многу нечесен и непрофесионален начин (без мое знаење и дозвола, што може да биде и предмет на тужба, во крајна линија) искористија еден мој пост (ограничен само за пријатели) на мојот ѕид на ФБ насловен како „Лага“, во чиј наднаслов ставија неколку други крупни лаги, па така ја зголемија лагата.
Ова само сакам да им го кажам: „Јас Зоран Заев не сум го видела во живо ни оддалеку, а камоли во живо, ама затоа сум го видела Никола Груевски и сум разговарала со него на една многу важна тема: - името на нашата земја!, што, се разбира, не ме прави член на ВМРО-ДПМНЕ.
Да бев член, сигурно во 2013 година кога се кандидирав за директор, ќе им беше кажано на владините претставници (делегирани од Владата на Груевски) во Советот на ИМЈ, на министрите и на некои службеници во МОН, на директорот во Централниот регистар на РМ, на претходната директорка на ИМЈ од редовите на нивното членство, да не водат кафкијански процеси против мене и да ми дозволат да станам директор. Не станав и од оваа дистанца денес сум им многу благодарна за тоа!
„Улогата на интелектуалецот во една земја е да биде коректив на власта, а не навивач и подлизурко“, напишавте на Фејсбук. Што мислите, останаа ли во Македонија доволно вистински интелектуалци?
- Во ова време на испревртени вредности и изместени вредносни критериуми е многу тешко да се дефинира – што е вистински интелектуалец и кои се тие вистинските. Претпоставувам дека под оваа синтагма мислите на „неискомпромитирани, партиски независни, слободоумни, своемислечки“.
Има во земјава такви, сѐ уште, но...! Еден поголем дел од овие луѓе по својата природа се скромни и ненаметливи. Тие се повлекуваат пред агресија и, во принцип, сакаат сѐ да решаваат со разумен дијалог и аргументи. За жал, нашата јавна сцена, барем од од она што го гледам на социјалните мрежи и во е-медиумите, е преполна со вулгарности, безобразие, простотилак, примитивизам, со неизбирање средства да се навреди и понижи неистомисленикот...
Во таква една ситуација како што вели Андриќ – мудрите молчат, а пробисветите владеат. Во услови на партиски биполарна поделеност на македонското општество, народски кажано на „наши“ и „ваши“, обременети од помислата дека ќе бидат ставени во едниот или во другиот кош – голем дел од нив решаваат да молчат, што е погубно за едно општество, ако се знае дека просперитетот на едно општество зависи од моќта на интелигенцијата.
Од друга страна, пак, ми се чини дека во нашето општество интелектуалците главно се маргинализирани од политичките елити, зашто со нив потешко се манипулира отколку со неуките послушници. Особено што во овие првите, политичарите, главно гледаат закана, па брзаат што побргу да ги стават „во ќош“. Одамна веќе во Македонија го нема она време кога политичарите стоеја простум пред научниците и уметниците. За жал, сега е обратно!
Александар Дамовски