А ветувааа, нели?
Usual suspects баграта ме лаеа пред година-две, кога предупредував дека токму вака ќе биде. Не било тоа важно, важно било да се сменел некој политичар на власт (еве ги уште се во истиот филм). Нема ништо суштински да се смени додека некако не излеземе од бинарниот политички систем од две партии.
Ако и тогаш, ама вака никогаш.
Борба против корупција и криминал не може да има, пошто тогаш нема да можат ни новите (стари) да крадат. Затоа нема ревизија на криминал, затоа нема правда. Тоа е само за предизборен циркус за овците. Инаку истите овци се, само во две трла се поделени, сдсш-овци и дпмне-овци.
Така ги тераа, сега се прави обид за пак жедни преку вода сите да ги поминат, гледаш дека тотално се маргинализира темата за деполитизација на институциите и борба со корупцијата, само гледај дека се наметнуваат теми за туто финито ствари.
Најинтересно е шо патриотите сега наметнуваат темата за мигрантите, пошто неможат збор да кажат ниту за закон за употреба на јазици, уше помалку за договорот со БГ, пошто и едниото и другото тие го преговараа и го прифатија, само имаат поинаков модус операнди па се сето тоа ќе се реализираше шверцерски со некој дешавки одоколу ако беа тие на власт.
Ај нека преземат конкретен чекор контра овие две патриотите, нека баталат мигрантите, ама не оди работата натаму, договорена работа е, само да се амортизира револтот од претходните наративи кои ги наметнале, се останува на „остра реакција“.
Исто и од друга страна, од ќе си лежите до 500 евра плата, транспарентност, па деполитизација и борба со корупција нема нигде, ништо конкретно, е сеа разликата е шо патриотите велеа нема пари ама корења ќе јадиме име, јазик и сл не даваме, и креираа некој мит на скромност во јавноста, па се продаваше до некаде, овде сосема е спротивна ситуацијата и нема долго да трае.
Тоа шо не го гледаат ради стрес и динамика тие шо ностат одлуки, треба да им го предочат везирите.
Истите шо велеа дека таа фамозна бела зграда на најбогатата партија во Европа ќе ја прават студентски дом, сеа на газдата и МЕПСО му го дадоа, веројатно како увертира, пошто сеа Анѓушев му го зеде местото кое го имаше во Владата на Бучковски. Прв потег да се удоволи на угостителите. Тоа е таа мејд ин маседониа социјалдемократија.
Па пак за амортизација законот за регулација на трошоци на пратеници, еве еден интересен предлог шо нема ич да ги бендиса пратениците:
Тоа е тоа, не било за да биди.