Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
- Член од
- 16 октомври 2009
- Мислења
- 7.349
- Поени од реакции
- 7.606
Не, не сум саркастичен, но изгледа малку буквално го сфати делот 'мечување' како термин. Не се работи за груб секс или било што во врска со BDSM. Се работи, всушност, за една од најстарите форми на хомосексуален секс акт помеѓу двајца мажи, и бидејќи порано имало повеќе од една форма на хомосексуалност (не сите биле прифатени и третирани еднакво), ова е една од најприфатените форми на сексуален чин помеѓу двајца мажи уште пред антиката. Денес иако има сатирични изрази за актот како swording или fencing, општиот термин во современа употреба се вика frotting. Еве и линк колку да се долови дека не е нешто грубо или доминирачко (NSFW btw).дали ова го кажуваш саркастично?
Женско сум и имам гледано геј порничи и никаде до сега немам сретнато двајца мажи што се "мечуваат" ниту во rough категорија на порничи немам видено тука не се смета bdsm бидејќи тоа е сосема друга категорија на порно филмови. Ако двајцата имаат "активна" улога тогаш сфаќам дека можат да се "мечуваат".
Инаку, макар и анонимно, мило ми е што женско признава дека гледа не само порничи, него геј порничи. Во живо сте ми малку squeamishly reserved да признаете дека ве пали тоа
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Како што има близнаци каде едниот стекнува рак а другиот е здрав ко дрен, а растени заедно, со иста грижа, иста исхрана, исто опкружување. Да не едниот од нив го избрал ракот? Или сепак ова со близнаците повеќе алудира на некоја генетска основа, барем делумно? Имаш парови близнаци, многу повеќе од овие што ги спомна ти, каде и двајцата завршуваат како хомосексуалци. Тоа е многу почеста појава од 1 хетеро + 1 хомо близнак.И каде има евиденција дека хомосексуалноста не е избор кога имам сретнато близнаци и едниот од нив е хетеро а другиот е хомо
Врз основа на што го заклучи ова? Геј порничите?инаку немам ништо против хомосексуалци ама не би сакала да видам двајца мажи ниту жени да посвојуваат бидејќи децата бидејќи хомосексуалните парови ја немаат таа родителска компетенција што хетеро ја имаат.
Како тоа хомосексуалната ориентација влијае врз компетентноста на некој да расте дете? Алкохолизам - разбирам. Злоупотреба на дрога - разбирам. Семејно насилство - разбирам. Немање работа, средства и услови да се биде родител - разбирам. Тоа дека некој е геј - не разбирам. Пробај објасни.
Имам познаничка од Бостон која е растена од двајца татковци. Сега е на факултет и си има дечко со кој многу се сакаат и планираат заедничка иднина после факултет. Се е до тоа како ти си растена. Ако некој геј пар те расте со сознанието дека повеќето луѓе во светот се хетеросексуалци, и дека веројатноста ти да бидеш хетеро е 95%, дека хетеросексуалност значи сексуално привлекување кон спротивниот пол, не гледам пречка која стои на патот некој да израсне во функционална хетеро индивидуа. Баш бидејќи сме од 2-5% од популацијата, и има малку геј парови кои решаваат да растат деца, случаите детето да има слична или иста ориентација како нивните родители, истополовиот пар, се толку ретки, што јас лично не знам за таков пример. Секако, не значи дека ги нема, но е преретко за статистички релевантен податок. Отсуството на мајката, или обратно, ако се работи за лезбиски пар, отсуството на таткото, не е пресудно за развивање на хетеросексуална ориентација.Ај замисли сега како би му било на женско дете со двајца мажи? Како тоа би се чувствувало во тоа семејство? Еве јас како женско неможам да замислам такво нешто ( ова можеби е тотално нерелеватно во моментот бидејќи ги немам прегледано сите 330 страници на темата )
Тие што зборат дека сексуалната ориентација е флуидна, 99.9% се секогаш бисексуални мажи и жени. Фиксираната хетеро и хомоориентација за нив е нешто туѓо, вонземско, и не го разбираат. Што се однесува до психолошки проблеми, јас такви искусив како тинејџер, но во исто време искусија и многу од моите врсници - хетеросексуалци. Периодот е таков, бурен, хаотичен, тежок. Особено ако имаш и додатен "проблем" како геј фактор, неколкукратно се зголемува тежината на ситуацијата, најмногу затоа што се работи за лична ревелација и работа која, барем на наши простори, не е баш нашироко прифатена. Дури и во западните земји го има истиот проблем, со неприфаќање, на ниво на индивидуално семејство.Зошто ЛГБТ популација се повеќе во риск да искушуваат со психијатриски проблеми ( самоубиство, депресија ) Зошто сексуалната ориентација е флуидна кога хомосексуалноста не е избор? Има луѓе кои цел живот биле хомо ама ете во стари години нивната сексуална ориентација се сменила?
Не можам да зборам за други, ама еве, со мене комуницираш, како што гледаш немам проблеми со себе, кој сум и што сум, нити страдам од депресија околу тоа, скраја да е па да имам суицидни мисли. Имам премногу амбиции за да фрлам се во вода ради тоа што општеството мисли за мене, или локалниот морален шериф кој плука по луѓе како мене, а дома си ги тепа детето и сопругата, или племенитата тетка која ги исмева луѓето ко мене како промискуитетни балерини, а таа на страна поголем курождер од калап-форматор за дилда.
На кој начин?Некa имa дoстa геј сo дoбрo здрaвје,не им гo спoрaм прaвoтo зa нивнaтa сексуaлнa oпределбa.Ми сметaaт кoгa непoтребнo се реклaмирaaт и пaрaдирaaт и зaтoa не ги пoдржувaм.
Затоа што различни луѓе различно го дефинираат ова "рекламирање".
Како дел од sex ed., би ти сметало? Тоа е промовирање? Секоја генерација луѓе произведува хомосексуалци и бисексуалци, не гледам лошо во тоа да се спомне како факт во учењето на биологија или сексуално образование, бидејќи е етаблиран факт. Причинителите не се познати, и тоа не би требало да се третира, но доколку се презентира објективно, може да помогне во подобро созревање на некоја индивидуа која е е геј и има тешкотии со себеприфаќање или околината, или во најмала рака некоја збунетост околу тоа како де се осеќа околу тој факт.
Или можеби мислиш на филмови, ТВ серии, шоуа? Филмовите и ТВ сериите прикажуваат симулирани средини кои го имитираат вистинскиот живот, или во најмала рака, симулираат човечки карактери. Ако хомосексуалноста е присутна како факт во светот, и има хомосексуалци, не гледам проблем во прикажување на геј ликови во филмови и ТВ. Ако ме прашуваш мене, за штетноста од тоа што се гледа на ТВ, јас повеќе би обрнал внимание на прикажувањето на употребата на цигари како нешто кул, или пијанчењето за време на луди забави и сл.
Хомосексуалноста нема да го среди син ти како пијан возач на автомобил, со неколку од своето друштво, нити ќе му ги пеплоса белите дробови на пример.
Што се однесува до шоуа, добро се знае дека гееви и транџи се најдобрите шоумени и шоугирлс, така да тука само се мешаш во исходот на квалитетна програма брат
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Последно уредено: