Измамени студенти од Венера Кемаловски, агенција за посредување

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.017
Поени од реакции
20.759
Група студенти од утрово се собираат пред канцеларијата на агенција за посредување при работа во Скопје и бараат да им бидат вратени парите што ги дале за да заминат на студентска работа во Германија.

Стотина од нив, велат, агенцијата „Венера Кемаловски“ треба да им врати околу 250 евра, кои ги дале за аплицирање и документација за наводна работа во бутиците „Зара“, но покрај нив парите назад (како што велат, околу 150 евра) ги бараат и други студенти кои требало ова лето да работат во рестораните на „Мекдоналс“, „Бургер Кинг“ и др.

Револтираните студенти велат дека газдата ветил оти ќе им ги врати парите, но сè уште нема ништо од ветувањето, па денеска самоиницијативно се договориле преку социјалните мрежи да се соберат пред просториите на агенцијата во Скопје.

- Се договоривме денеска околу 12.30 часот да се собереме. Веќе се собравме неколку студенти. Од утрово само јас му вртев точно 27 пати на газдата но не се јавува – вели еден од студентите.

На вратата на агенцијата, пак, пишува дека вработените се на годишен одмор иако вчера ги контактирале телефонски студентите кои требало да работат во „Зара“, за да дојдат да си ги побараат парите назад.

Утрово до медиумите пристигна и писмо од револтиран студент во кое тој ја опишува неговата и приказната на неговите другари за нивната наводна работа во Германија. Во продолжение писмото ви го пренесуваме во целост:



„Јас сум студент кој аплицираше за работа во Германија (Burger King) преку агенцијата за посредување при вработување Венера Кемаловски (агенцијата е со седиште во Битола, а има свои канцеларии и во Скопје, Струмица и Штип). Аплициравме заедно група од 7 студенти, при крајот на јануари годинава, во канцеларијата во Штип. Не викнаа на интервју на 8 февруари во Штип, во просториите на агенцијата. По интервујто, ни кажаа дека сите 7 од нас го имаме поминато интервјуто и потпишавме договор со агенцијата, неколку минути по завршувањето на интервјуто. Притоа, ни кажаа дека за апликативни трошоци, треба да платиме по 1.500 денари. Парите ги плативме НА РАКА и за истите не ни беше издадена фискална сметка. Ни рекоа дека бидејќи интервјуто ни е успешно поминато, само треба да ги однесеме потребните документи и нашето заминување на работа во Германија е веќе сигурно и обезбедено. Датумот на кој ни рекоа дека најверојатно ќе започнеме со работа во Германија беше 15 јуни.

Откако ги однесовме потребните документи, за кратко време не известија дека ќе треба да одиме на уште едно интервју во агенцијата во Штип. Иако првично не беше предвидено, отидовме и на тоа дополнително интервју, после кое ни беше кажано дека ниеден од нас нема доволно познавања од германски јазик, па сите ќе мораме да уплатиме по 3.900 денари на сметка на агенцијата Венера Кемаловски, а тие преку онлајн-курс ќе не научат германски јазик. Направивме како што ни кажаа, уплативме по 3.900 денари, а за доказ ни побараа да им пратиме слика од уплатницата на мејл или на некој од фб-профилите на агенцијата ( ги имаат неколку).

Како што одминуваше времето, од агенцијата ни бараа и дополнителни документи, кои претходно не беа предвидени. Покрај тоа што бараа студентски легитимации преведени на германски и заверени на нотар, ни бараа и некои помалку чудни работи, како на пример Уверение за неосудуваност?! Колку и да беа чудни некои од барањата, не се противевме и сите ние седуммина редовно и уредно ги извадивме сите документи кои ни ги бараа од агенцијата ( а кои на нив им ги бараат од Германија, заради одредени причини). Вадевме документи, преведувавме, заверувавме на нотар, се разбира се тоа на наш трошок ( иако првично непредвидено).

Од агенцијата ни кажаа и дека од причини што сме голема група, нема да работиме во ист ресторан, туку ќе не поделат во две групи, четворица од нас ќе бидат во едната, а другите тројца во другата група. Едната група би работела во еден ресторан во еден град, а другата во друг град. Без никакво негодување се согласивме и со ова. За кратко време, на четворицата кои беа во едната група им се јавија од агенцијата и им кажаа дека одредени документи им се згрешени и дека треба повторно да ги извадат и повторно да ги однесат. Ова беше доста сомнително и дискутабилно, затоа што сите документи ги вадевме заедно, како група и се беше исто за сите седуммина. Но и покрај тоа, без противење, се што требаше беше повторно извадено и секако на наш трошок беше повторно однесено во агенцијата.

Кога веќе наближуваше 15 јуни, датумот кој од агенцијата беше посочен како датум на кој ќе почнеме со работа во Германија, од агенцијата почнаа да не се јавуваат на нашите повици. Неколку дена пред 15, бевме известени дека работните дозволи доцнат и најверојатно нема да стигнат до 15, а без нив не можеме да почнеме со работа. На нашите прашања зошто е тоа така, тие одговараа дека има промени во законите во СР Германија, за кои тие биле известени со задоцнување. Иако прашувавме, не добивме одговор кој е законот кој е изменет.

Од агенцијата продолжија да одбегнуваат да одговараат на телефонските повици, како и на пораките на фејсбук. Оттогаш вработените се помалку не известуваа за новостите, а палката ја презеде сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски. Лично тој не уверуваше дека вината е во Германија, а не во неговата агенција и лично тој не уверуваше дека работните дозволи ќе ни стигнат најдоцна до 30 јуни, така што ќе можеме да започнеме со работа од почетокот на јули.

Кога видовме дека од агенцијата повеќе не одговараат на повиците, започнавме што почесто да одиме лично во канцелариите и да бараме одговори на прашањата кои некој мораше да ни ги одговори: зошто сеуште немаме добиено работни дозволи, каде е проблемот и ќе добиеме ли воопшто работни дозволи?

Така, еден ден (8ми јуни) во фејсбук-групата во која членувавме сите студенти, како и сопственикот и вработените во агенцијата, и која служеше како место на кое ги добивавме сите новости и информации, сопственикот на агенцијата, Емран Кемаловски постираше објава која само по неколку секунди ја избриша. Најверојатно затоа што местото не и беше за групата во која членуваме и студентите, туку пораката беше наменета само за вработените. Имено, во таа порака тој им дава насоки на вработените, како да постапуваат и како да не лажат, затоа што „сезоната била започната и дневно ќе се соочувале со многу револтирани странки”.

Понатаму, тој им вели на вработените: на оние странки кои им се сомнителни, да им наплаќаат со фискален апарат, а сите други да плаќаат на рака.

Се обидовме да го прашаме сопственикот што значи тоа, но тој секој наш коментар, секое наше прашање и секоја наша објава во групата поврзани со таа објава ги бришеше за неколку секунди. После тоа, на групата беше забрането да се коментира на секоја негова објава, а ние не можевме да објавуваме, туку само да читаме што тој објавува. Во приватни пораки на фејсбук, сопственикот дури и се закануваше дека ако се објавува за таа негова порака, ќе настанат конфликти.

На 21 јуни, сопственикот Емран Кемаловски објави дека се стигнати СИТЕ работни дозволи и дека секој од нас поединечно ќе бидеме повикани во канцелариите на агенцијата и ќе си ги подигнеме дозволите, по што можеме да работиме. Но по само 2 дена, одреден број од нас ( по 1-2 од речиси секоја група) бевме телефонирани од вработени во агенцијата и ни беше кажано дека и покрај објавата на сопственикот, нашите дозволи не се стигнати. Стигнати се само неколку, а за останатите треба да се почека “одреден период”. Кога го прашавме сопственикот колкав е тој период, тој рече дека за 3-4 дена се ќе се реши и сите дозволи ќе пристигнат. На 26 јуни, во телефонски разговор, сопственикот не извести двајца од нашата група дека сме одбиени, нема да добиеме дозволи и нема да работиме. На прашањата како и зошто тоа се случило, која е причината за тоа, тој само кратко и дрско одговори дека нема причина и дека ние едноставно нема да работиме во Германија. Нашата судбина ја делат уште многу студенти, а иако сопственикот Емран Кемаловски лично вети на 27 јуни дека парите кои ги имаме дадено во целата постапка (трошоците за сите документи, курсеви, обуки) а кои изнесуваат над 10.000 денари ќе ни бидат вратени за ДВА ДЕНА, сепак парите до денес сеуште не се вратени“, пишува студентот.

Ова е копирано од ПлусИнфо.

Еве и други медиуми пренесуваат.
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=122122#.WWaiAoSGPIU
http://sitel.com.mk/izmameni-studenti-baraat-agencijata-da-im-gi-vrati-parite-za-vetenoto-vrabotuvanje-vo-stranstvo
http://www.mkd.mk/makedonija/makedonski-studenti-tvrdat-mesto-rabota-vo-germanija-ostanavme-bez-pari
http://a1on.mk/archives/763470
http://24vesti.com.mk/izmameni-studenti-za-rabota-vo-germanija
http://www.fakulteti.mk/news/17-07-12/makedonski_studenti_tvrdat_deka_namesto_rabota_vo_germanija_ostanale_bez_pari.aspx
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=128273
http://faktor.mk/stotina-studenti-izmameni-platile-da-zaminat-na-rabota-vo-germanija-ostnaa-i-bez-pari-i-doma
http://makfax.com.mk/daily-news/околу-150-студенти-измамени-од-страна-на/
http://www.alsat-m.tv/mk/агенција-за-посредување-измамила-сто/
http://telma.com.mk/vesti/izmameni-studeni-za-rabota-vo-stranstvo
http://24vesti.com.mk/studenti-obvinuvaat-za-izmama-za-vrabotuvanje-vo-germanija
http://tv21.tv/mk/студенти-платиле-за-работа-во-странст/
http://www.time.mk/c/5fc786446d/studenti-obvinuvaat-za-izmama-za-vrabotuvanje-vo-germanija.html

Бидејќи и јас сум еден од измамените студенти, се што ве интересира прашајте и мој совет ПОДАЛЕКУ ОД АГЕНЦИЈАТА венера кемаловски. Иако мислам дека ретко кој веќе ќе се осмели да оди преку нив.
 
Ф

Флеш

Гостин
Друже,па пред да одиш преку идиотиве,не се распраша за коментари,за агенцијава,дали е сигурна? Не ми е јасно како сте наседнале ....:eek:
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Знаете шо е најјако? Шо им давате пари на рака без документ/фискална. Здраво 16ти век. :pos::pos:

Ама ај да глумеме најоштетени знаејки дека и претходна година каснеа документите од Немачка. Пази, Немачка = каснење. Хмм.
Друго, плаќате скоро 50 евра за ЗАДОЛЖИТЕЛНИ часови по германски јазик ВО агенција пред да имате „интервју“ со работодавци. Пералната се врте.
Апостил печати? Мммм, превод на секој документ шо го имаш, заверен на нотар со печати. На страна тоа шо им го :pusigo: со две раци уште пред да идете.

Одете тамо, алез гут ја, и царо Емран си има направено договор со тие шо ви нудат смештај и лапа процент од тоа и од од секој саат шо ќе го сработете, он става евро у џеп. :anco:

Најинтересно е шо правнио систем ништо нема да му направе и наредна година па ќе читаме овакви постови. :icon_mrgr:
 
Последно уредено:

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.017
Поени од реакции
20.759
Темата е отворена со цел да видат сите какви преваранти има и да не се заебат, а не за такви како овој над мене да се прават експерти.
 
Член од
10 јуни 2016
Мислења
134
Поени од реакции
72
Темата е отворена со цел да видат сите какви преваранти има и да не се заебат, а не за такви како овој над мене да се прават експерти.
Така е, не да мавате сеир на некого што измамиле, дека на секого може да му се случи посебно во Македонија каде сите се преваранти.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Значи ова кај нас е легално? Пошто на секој 2-3 години се појавуваат агенции за посредување за работа, кои што ги снемува кога ќе треба да се исполни обврската.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Темата е отворена со цел да видат сите какви преваранти има и да не се заебат, а не за такви како овој над мене да се прават експерти.
И уште 100 теми да се отворат пак ќе има глупи што лесно ќе се излажат ќе дадат пари на вакви преваранти.

Sent from my Redmi Note 3 Pro using Tapatalk
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.808
Поени од реакции
4.280
Од оваа агенција има еден куп луѓе што работат во мекдоналдс во Германија. Не да ги бранам, далеку од тоа, само финтата е што не е нова агенција и шансите да некој го излажат нормално беа помали.
 

Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Од оваа агенција има еден куп луѓе шwто работат во мекдоналдс во Германија. Не да ги бранам, далеку од тоа, само финтата е што не е нова агенција и шансите да некој го излажат нормално беа помали.
И БургерКинг, КФЦ и у фабрики за чоколада. Тоа од луѓе шо знам. Има некои кои се вратија после една недела поради тоа шо работното место било далеку, т.е. не им се исплаќало да плаќат месечна од 50 евра за 4 станици со воз. Пресметале си срцките дека и у МК да работат истите пари ќе ги земат. Пуста Европа.

Темата е отворена со цел да видат сите какви преваранти има и да не се заебат, а не за такви како овој над мене да се прават експерти.
[Избришана навреда] пингај нареден пат. Боле реалноста беш ми матер. Ако го тражете газдата ојдете у Делчево (од тамо е иначе ако не сте знаеле) ќе го најдете и фрли поглед на мерцедеси стари 2 години.

Штета шо никогаш нема античкио народ да науче шо со сопствените пари.
http://vecer.mk/so-izmama-spechalile-17-milioni-evra

Дека е проблемо? Недоволно образование или лакомост? Порќе но лос дос?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Не сте размислиле за тоа дека можеби дел или повеќето од нив се на раб на преживување и дека најверојатно последните 250 евра ги дале со надеж дека ќе добијат работа која ќе им овозможи да преживеат уште неколку месеци? Мислите дека стварно сакаат да си имаат работа со циганот преварант или пак се доведени во таква ситуација да немаат некој избор? Или биле измамени, значи глупи се? Лесно е да се седи позади тастатура и да се изиграва паметен. Пробајте да замислите како е да се биде во нивна кожа.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Конечно да излезе некој јавно со инфо за идиотскава агенција, иако со месеци наназад ги гњавеа децата.
Од една страна, лично никогаш не би се впуштила со некои кои гледам дека ме цицаат само, читам негативни кментари за нив и не им верувам, но од друга страна ги разбирам децата што сакаат да пробат на некој начин да излезат за некој месец од нашава ебана држава, да заработат, да си платат семестар и слично. Познавам неколку деца што заминаа годинава и се далеку од глупи, али ете, не заминале сите ко што им било ветено.
Нека си бараат правда сега, ако ја најдат во Мкд.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Баш им ги гледав огласиве за Зара, демек воопшто нема потреба да знаеш германски, си викам океј понуда се вади 1500-2000 евра за трите месеци.. Ама ете нешто ми кажуваше дека со идиотиве никогаш не си сигурен, оти имав претходно читано коментари за проблеми со работните дозволи, смештај и слично и викам поарно ќе си одам на курс од септември, па ќе барам нешто после тоа преку некоја посалам агенција.
 
S

silmarillion

Гостин
Дали можете на пример да најдете работа без агенција? Или овие копмании како Mcdonalds, Zara etc. исклучиво работат преку агенции кога станува збор за апликант надвор од Германија? Можда можете едно мејлче да пуштите до компанијата чисто онака да си пробате среќа и да им објасните што ви се задесило па можда и да упали кај нив. У секој случај, ако нема потреба од агенција, пробајте сите чекори сами да ги завршите. Очигледно кај нас агенцииве ги оперираат криминалци и преваранти и кога ќе видат кеш на рака мислат поклон дека е. Па оној Јупитер кога ќе ми текне дека пак му отидоа луѓе да уплаќаат, брука.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Дали можете на пример да најдете работа без агенција? Или овие копмании како Mcdonalds, Zara etc. исклучиво работат преку агенции кога станува збор за апликант надвор од Германија? Можда можете едно мејлче да пуштите до компанијата чисто онака да си пробате среќа и да им објасните што ви се задесило па можда и да упали кај нив. У секој случај, ако нема потреба од агенција, пробајте сите чекори сами да ги завршите. Очигледно кај нас агенцииве ги оперираат криминалци и преваранти и кога ќе видат кеш на рака мислат поклон дека е. Па оној Јупитер кога ќе ми текне дека пак му отидоа луѓе да уплаќаат, брука.
Некои од децава кои ги знам пробаа паралелно да праќаат мејлчиња до споменативе брендови, од 50 на две културно им вратија дека немаат потреба од работници. Нешто слично и кај нас кога бараш работа по огласиве, кој барал знае, додуша.
Никој не те рецка индивидуално за ваква работа.
 
S

silmarillion

Гостин
Некои од децава кои ги знам пробаа паралелно да праќаат мејлчиња до споменативе брендови, од 50 на две културно им вратија дека немаат потреба од работници. Нешто слично и кај нас кога бараш работа по огласиве, кој барал знае, додуша.
Никој не те рецка индивидуално за ваква работа.
Јебига. Треба да заглаат сеа овие у затвор 10 години па да се направи пример од нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom