A тоа што не знаеш ти е најголемиот проблем и затоа дискусиите стануваат калакурница.
Екстремно (или забегано) е тоа што мислиш дека ги удрила фановите на Јунајтед карма зошто сме ги критикувале Реал и Сити - јас а има и други фанови го критикувам и Јунајтед сега за тоа, не знам како може тоа да е карма. Треснато само колку да се напиши нешто.
Исто забегано е да мислиш дека кажуваш факти, Е ова ептен ми е смешно. Кога дискутиравме за Дортмунд/Тотенхем, ти ни кажуваше статистики кои ги нарекуваше факти за твојата теза и бараше од нас да ги побиеме - оти немало друг начин да се споредат - жими тасета. А сега викаш да не ти вадиме статистики за Лукаку оти тие не кажувале ништо за тоа каков играч бил. Кој кого дрибла овде??
Ист квалитет имаат Лукаку и Бентеке. Екстрем упм.
И уште многу вакви претерувања, како демек Лукаку бил само еднолиниски коњ. Ај да речиме се разбираш повеќе од шпанска лига, германска лига ама сега да ми солиш памет за ПЛ од која 80% од натпреварите имам гледано?! Не ме јеби. Има и други што ти кажуваат што друго игра Лукаку ама не, си запнал ти само факти кажуваш ние тресиме глупости. Олабави малце, прочитај ги и другите што мислат. Најголем екстрем е да мислиш дека си најпаметен. Ама не ме чуди, ти еднолиниски коњи ги сметаше и Бејл и Роналдо споредено со маестрата на Салта...
1.
Јас тоа со кармата го спомнав не само за фановите на Кајгана(каде неспорно е дека беше така) туку и ошто за целиот клуб Манчестер Јунајтед бидејќи и самите нивни славни поранешни играчи и тогашни како Гигс упатуваа низа критики за Сити како демек биле вештачки клуб,никогаш немале да ја достигнат класата на Јунајтед,немале карактер,џабе му биле парите,Фергусон мислам ги условуваше како бучните соседи мислам..и за сега после 6-7-8 години токму Манчестер Јунајтед постана како нив без карактер и без никаква визија и план што понатаму....фудбалерите на Манчестер Јунајтед ако изгубат или извадат нерешено не се нервираат воопшто туку онака му е сеедно,за разлика од порано каде Манчестер Јунајтед беше екипа со мадиња,препознатлива по тоа дека не се предава до крај што и да е.
2.
-Значи кога ти пишувам статистики од минатите сезони тоа воедно се и факти бидејќи она што неможиш да го промениш и што е константно е ФАКТ,значи Борусиа Дортмунд и Тотенхем не ти ги споредив само на еден начин туку ти ги споредив на најразлични можни начини,од титули,достигнувања,до која фаза стигнаа,2 години,3 години,5 години..во секое можно поле Дортмунд беше пред Тотенхем па и дури за изминатата сезона ако ја земиш како единка..тоа беше ФАКТ и не се обидував да ви наметнам мислење бидејќи со ништо неможевте да го побиете моето освен што форсиравте дека се на исто ниво што всушност испаѓаше апсурдно кога ќе ги ставевме навага сите претходни работи....
-Значи едно е кога споредуваш во целина две различни екипи со достигнувањата а друго е кога споредуваш индивидуални играчи по ПЕРФОРМАНСИТЕ И ЛИЧНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ..значи Лукаку и Бентеке нема некоја голема разлика како фудбалери,ете Лукаку можеби е малце поквалитетен но не е разликата во класи како што сакате да прикажете..Лукаку е поучер,класичен напаѓач,сидраш што и рекол видок што е по вокација спор,силен,има одличен шут со левата нога(што го прави специфичен) и игра со глава се разбира...од друга страна го имаш Бентеке со истите карактеристики но е десничар за разлика од Лукаку без некаков квалитет што се истакнува спрема останатиот,ниту безина,ниту пас,ниту визија ниту техника...е сега разликата во голови(ако гледаме статистички) не е огромна како што сакате да ја прикажете бидејќи разликата во голови е околу 20...но фудбалот кога споредуваме ИНДИВИДУАЛЦИ не е само статистика бидејќи така ќе испадни дека Лампард и Џерард беа подобри играчи од Чави и Иниеста а смешно е да ги споредваме .
3.
Прочитај во вториот пасус
4.
Јас не тврдам дека секогаш сум во право,имало случаеви каде што сум грешел бидејќи не сум експерт туку сум обичен фудбалски фан што сакам да си разменува дискусии на форумот за што и да е,и не гледаш само ти ПЛ туку и јас редовно следам со години наназад па добро знам каков играч е Лукаку и на што е способен посебно кога го имам гледано против малце подобри дефанзивци и поорганизирани одбрани..јас и туѓото мислење го почитувам доколку е изразено со аргументи,впрочем повеќе пати и се имам сложвано со тебе и не контрам безвеза ако нема некоја логика,но да мислам дека сум најпаметен е апсурдно..затоа си пишам тоа што си мислам значи е моја теза,ни наметнувам ни ништо туку сметам дека Лукаку нема да ја направи потребната разлика во Манчестер Јунајтед..за тоа со Бејл и Роналдо илјада пати имам пишано и тоа што не сакаш да прочиташ е твој проблем и ќе треба реферат да ти пишам и за тоа што не планирам.