Економски факултет (reloaded)

Член од
20 мај 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво форумџии,

Дали може да ми предложите професор по Математика за економисти?
Секако, ако успешно сте го положиле испитот после тие часови. :)
 
Член од
21 мај 2017
Мислења
7
Поени од реакции
3
Да ве прашам има некој искуство со основи на економија во јуни или јануари како беше на испит ?На што да повеќе да посветам внимание, што не треба да се учи?Дали дава прашања од либро?Некој ако се сеќава на некакви прашања да ми пише што најчесто се паѓа :D
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Меѓународна економија на каков принцип ќе биде испитов? Писмено па положените усно или само усно ?
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
24
Поени од реакции
13
Искуство со хартии од вредност на испит?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Dali dokolku go polozam posledniot ispit vo januar ke mozam odma da branam diplomska odma(mislam februar ili mart) ili ke mora da cekam do juni?
 
Член од
24 јуни 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, јас сега завршив втора година, сакам да одам на пракса во август. По интернет нема ништо, ве замолувам кој знае фирма, банка, сметководствено биро или било што да прима практиканти да ми пише. За во Скопје барам. Финансиски менаџмент смер сум, имам одлично познавање на англиски и околу 9 просек.
 
Член од
16 август 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Купувам Основи на маркетинг, Основи на менаџмент и Однесување на потрошувачите
 
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
1
Некој ако може да искоментира за следниве смерови(или барем само 1):
Менаџмент
Е-бизнис
Маркетинг
¿
 
Член од
4 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
1
[COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Уште едно прашање:
http://www.eccf.ukim.edu.mk/Programmes/61/1/26 > Изборни предмети :)

Дали се тоа сите предмети или само предметите за смерот кој го одбираме(кликнуваме), но гледам дека сите за сите смерови се исти(сите) изборни предмети дадени. :confused:

Значи тоа дека на било кој смер може да одбереме еден од овие, или има некоја граница кој смер може кој предмет да го избере? :unsure:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Dali dokolku go polozam posledniot ispit vo januar ke mozam odma da branam diplomska odma(mislam februar ili mart) ili ke mora da cekam do juni?
Откако ќе ја земиш последната оцена, ти отвораат досие, и ако се ти е ок со пријави се пополнуваат таму формулари едно друго и се договараш со професорот за датум.
Во превод, може :)
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
Здраво!

Сакам да прашам неколку ствари за мастер програмата по статистика за бизнис и економија, па мислам дека на правото место се обраќам.

Студирам дисциплина која не е поврзана ниту со статистика нешто особено, а со економија воопшто, но сакам да запишам мастер Статистика за бизнис и економија пошто низ годините ми се јави желба да се занимавам со data science. Проблемот е што не сум на инжењерство за да би продолжил на некој од нивните смерови (ФИНКИ, ПМФ, ФЕИТ нудат такви смерови).
Статистика за бизнис и економија гледам дека е смер кој нуди добра основа за да би можел да се бавам со data science, преку економетријата која е таква гранка.

Им пишав на професори од факултетот мејлови, ми врати Весна Буцевска дека воопшто нема да треба да спремам било што за да би можел да се вклопам во програмата. Од друга страна, гледам по други факултети дека data science е смер кој бара големо познавање од програмирање од една страна, и од неколку математички дисциплини од друга страна.
Она што ме интересира е следното:
1. Дали ми одговори Весна дека немам потреба да дополагам ништо само за да можат на брзинка да ми ги земат парите за мастерот?
2. Дали темите кои се опфаќаат во математика за економисти (од низи и редови преку линеарна алгебра и веројатност до изводи и интеграли) се доволно добро разработени за да ако се одлучам за програмата би можел без проблем да ја следам?
3. Дали воопшто тој смер ми е добро погоден за да би стекнал знаења од економетрија?
4. Дали економетрија е жешка област на пазарот и дали ќе ја преживее бурата од вештачка интелигенција?

Фала ви однапред на одговорот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom