Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.968
Дури да кликнам на линкот, се си мислев дека Кочо Анѓушев е бизнис партнерот, ама имал и друг...[DOUBLEPOST=1498530489][/DOUBLEPOST]biznis partnerot na Mijalkov go fali Zaev
http://www.vesti24.mk/han-tvitna-pofalbi-za-premierot-zaev-dosega-naјdobar-lider/?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook
Сега власта ја водат луѓе кои во 2008 г. се усераваа у гаќи кога ќе го чуеа зборот затвор! Ете до толку се чесни, само имат помалку стаж на „чесност“ од претходните... се друго е исто!Џабе паничиш и се грижиш пред време, сега на власт се чесни луѓе кои ќе ја истераат правдата
Дотолку се чесни што дури тогаш аболиција славеа како втор роденден (небаре за влакно на смртта му избегале). Само кога делел памет и меморија Господ, вие експертите на форумот чадор носевте!18.05.2008, 18:58
Заев: Ние ќе градиме производни капацитети, а не затвори
Иван Бојаџиски
ШТИП - „Никола Груевски кажа дека ќе ги проширувал постојните и ќе градел нови затвори. Кого сака да уплаши со ваквите затворски концепти? За разлика од него, нашата коалиција има програма за изградба на нови производствени капацитети со кои бројот на невработените ќе го намали за 100.000 лица“, истакна Зоран Заев, носител на изборната листа во Четвртата изборна единица., на предизборниот митинг на „Сонце -коалиција за Европа“, на преполнетиот плоштад во Радовиш.
Тој вети вистински субвенции за земјоделците, а не политичко-предизборна манипулација. „Во најземјоделската општина - струмичката, земјоделците велат дека сами ќе платат, само никогаш повеќе да не го гледаат Груевски и да не ги слушаат неговите лаги“, нагласи Заев.
Меѓу другите ветувања на „Сонце“, доколку дојдат на власт, се закон за слободен увоз на возила стари до десет години за да ги снема автомобилите со бугарски регистарски таблички од нашите улици. Потоа, изградба на модерни патишта во должина од 400 километри во источна Македонија за што ќе бидат инвестирани 750 милиони евра.
„Во Радовиш нема да го донесеме глумецот Марк Гуд за да го спасува стопанството, да нудиме мед и млеко, како што го направи тоа ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Груевски во градот во кој ’Бучим‘ беше симбол на просперитетот ги уништи стожерните претпријатија, рудникот, потоа ’Јака табак‘, ’Јака 80‘ и ’Екортекс‘. Кога дојдовме на власт, донесовме сериозен стратегиски инвеститор, па сега ’Бучим‘ работи, а 500 радовишани имаат по 500 долари плата. Радовиш годишно добива од концесии по 240.000 долари, а една шајка не е закована откако за градоначалник стана човек од партијата на Груевски“, рече Владо Бучковски. (И.Б.)
http://www.utrinski.mk/?ItemID=FA34AA51CB944D4BA85695E657E38754
ПС. Оправдано ви е само ако сте генерација 1999/2000 г. тогаш во категорија „излажани“ спаѓате...
Последно уредено: