Глупости. Премисата дека тоа што "шират" се лаги - прво воопшто ни не знаеш дали се лаги. Тие луѓе добиле во различен период и можеби нивното искуство било поинакво од нашите искуства. Па разлики во искуствата има и меѓу нас - ние што во еден ист период минуваме низ процедурата, зошто тогаш е тешко да се сети човек дека работите се менуваат секојдневно, и дека по вертикала и хоризонтала не се менуваат потполно синхронизирано? Зошто е тешко да се собере 2 и 2 и да се сфати дека и бугарската администрација можеби страда од недоволна обученост на поединци? Тоа и ви го кажува
@master2014. Не ги гледајте туѓите искуства за од нив да направите евангелие. Кога ќе ви речат "нема потреба" од оригиналите, тоа не значи дека НЕ СМЕЕ да се дадат оригинали, и не значи дека со тоа донесле декрет од сега никој да не носи оригинали, и дека секој друг што ќе тврди дека му побарале, всушност лаже. Всушност ова е единственото нешто што може да се заклучи од искуствата:
- Не се раководи според туѓите искуства, носи документи што ТЕБЕ ЛИЧНО ти било сугерирано да ги дадеш.
- Собери ги документите, аплицирај и проверувај си го бројчето. Не го следи форумов никако!!!!
- Не се обидувај според бројките да предвидиш кога ќе дојдеш на ред за разгледување и кога ќе биде донесена одлука за тебе.