Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
З'ш бе при очи се праите слепи кога станува збор за сдс.
Добро ти кажа, се беше по закон, но законот беше таков, легално да е тоа.[DOUBLEPOST=1497517595][/DOUBLEPOST]
Види СЈО како тоа го прави, секој ден сведоци се викаат, па прес конференции па дури и табли со прикажаната мрежа на криминалот на власта па бројки и суми..... да може сиот народ јавно да види кој и како ги крадел со години.
Тоа што го прави СЈО треба на суд да го прави. Вака е оцрнување и осуда пред време.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Зашто се плашиш од референдум со прашање ДАЛИ СТЕ ЗА ЕУ И НАТО СО СМЕНЕТО ИМЕ?
Такво прашање не може да е на референдум. Прво се менува името, па се „брка работа“ за НАТО и ЕУ. Значи, прашањето би било дали сме за ново име. Тоа, дали сме за НАТО, ЕУ.. треба да е ново прашање за референдум. Ова второво би требало да е и да не го смениме името.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.339
Поени од реакции
79.141
Тоа што го прави СЈО треба на суд да го прави. Вака е оцрнување и осуда пред време.
За жал, нашето судство беше претворено во личен сервис на двоецот мијалков-Груевски. А судиите, како што слушнавме, лично мијалков ги именуваше. Оттука нема никаква логика таква важна работа да биде доверена на таквиот трул судски систем. Затоа е највано сега сите тие да си отидат.
Смената на Зврлевски, кој флагрантно ги занемаруваше правдата, законите, етиката, за сметка на твојот господар и бог Груевски, е најважната одлука која ја донесе новата влада до сега.


Еве вака, треба да ви објаснувам, како на мало дете, како Лет3 што прави, бидејќи се правите на удрени.

(се шегувам. никој нема потреба уопште со вас и да комуницира, вие си го дадовте газот кај грујчо во џеб, за сметка на националните интереси и нема тука што некој со вас нормално да дискутира)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Освен тоа што НАТО нема потреба од база во Македонија, толку лаги и манипулации не сум сретнал на едно место!

Прво, теоријата за неменливоста на границите е полоша и од теоријата дека планетата е рамна! Историјата не еднаш, не десет пати, не сто пати, туку илјадници пати го докажало тоа!

Теоријата за стабилноста на НАТО е неколку пати побиена досега.

1. Турција е член на НАТО од 1952 г. (65 год.) уште од прво проширување. Од тогаш на Турција му се случија неколку воени преврати, а му се појави и ПКК, која од НАТО и САД беше прогласена за терористичка организација за денес да добие еден куп оружје токму од САД и земји членки на НАТО! НАТО толку ја стабилизира Турција како држава, што го повлече ракетниот штит „Патриот“ од границата со Сирија, па паѓање ракети од краток и среден дострел во Килис, Газиантеп, Дијарбакир станаа секојдневие, па мораше Турција сама да влезе во Сирија без подршка од НАТО земјите во операцијата „Еуфратски штит“.

2. Грција е истот така член од 1952 г. заедно со Турција. Освен што му се случи воената хунта имаше и искуство на воен конфликт со НАТО членката Турција во 1974 г. за БРИТАНСКИОТ протекторат Кипар! Во знак на протест Грција се имаше повлечено од Воената команда на НАТО, а тензиите траат уште со тоа што си прелетуваат секојдневно со Турците над Егејот, па дури во 1996 г. имаше и паднати авиони!

3. Шпанија е членка на од 1982 год. не треба многу да се пишува за ЕТА и нејзните акции низ годините, а отцепувањата на Каталонија и Баскија се уште актуелни! Поради Баските и Каталонците, Шпанците ја менуваа химната, па така нивната химна е единствена без текст за да се задоволат сепаратистите... зошто шпанска химна не смее да се пее на шпански! (ова не е толку битен факт, ама апропо ситуацијата кај нас е добро да се спомене)

4. Велика Британија е една од основачите на НАТО (1949 г.) ИРА беше доста активна, а доскоро Британците се соочија и со неуспешен референдум за независност на Шкотска, кој сега после Брегзитот е одново во игра!

Ако на ова се додадат новите трендови на бегалската криза и нападите на ИСИС, уште појако ќе се поткопа митот за стабилноста на НАТО земјите!

Бенефициите, трошоците и можностите на АРМ се приказна сама за себе и за прилично долг пост, али онај најголем бенефит за внатрешна и територијална стабилност е на стаклени нозе посебно во ваков турбулентен период! Повеќе на... делот на Europe има територијални спорови помеѓу НАТО членки сеуште активни!

https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_territorial_disputes
И сите тие држави се и ден денес живи и здрави и целокупни а многу од тие терористички групи отфрлија оружје и преминаа во политички води и ни една од тие групи не доби ни воена ни финансиска помош од НАТО или Америка.[DOUBLEPOST=1497518115][/DOUBLEPOST]
Тоа што го прави СЈО треба на суд да го прави. Вака е оцрнување и осуда пред време.
Се работи за проневера на народни пари од страна на власта. Тоа треба да биде јавно и транспарентно. Секој да види за што се работи и за колкави суми и на кој начин се крадени.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
За жал, нашето судство беше претворено во личен сервис на двоецот мијалков-Груевски. А судиите, како што слушнавме, лично мијалков ги именуваше. Оттука нема никаква логика таква важна работа да биде доверена на таквиот трул судски систем. Затоа е највано сега сите тие да си отидат.
Смената на Зврлевски, кој флагрантно ги занемаруваше правдата, законите, етиката, за сметка на твојот господар и бог Груевски, е најважната одлука која ја донесе новата влада до сега.


Еве вака, треба да ви објаснувам, како на мало дете, како Лет3 што прави, бидејќи се правите на удрени.

(се шегувам. никој нема потреба уопште со вас и да комуницира, вие си го дадовте газот кај грујчо во џеб, за сметка на националните интереси и нема тука што некој со вас нормално да дискутира)
Мислам дека го утна одговорот. Сосема друго пишуваш во однос на мојот напис. Не спомнав ни судии, ни обвинители. Реков дека е непримерно СЈО да ги „осудува“ осомничените на прес конференција.

Затоа, со смената на Зврлевски прашав кога и дали ќе биде сменета Јанева, заради нестручно и непримерно водење на случаите, селективност...
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Истото го правеше и в(м)ро со она “абе, за 50.000 денари ли сте!?“. Партијата в(м)ро стана најголемиот олигарх која врти милиони на нелегален пат.

Гледам деки си за земање на нови дополнителни кредити за зголемување на нашиот економски потенцијал. Не ни требаат нови кредити, ни требаат кратења онаму каде што тоа реално може и треба да се случи. И кои ти се тие непотребни објекти/проекти!? Скопје 2014!? Да, апсолутно. Ќе разберев како атракција да ставеа 2-3 споменика и со далеку помали пари да ги направеа барокните фасади, но тоа што се направи беше еднакво на криминал. Па и давањето на име на се’, како на пример на катните гаражи или пак на мостовите! Колку е тоа само смешно една катна да има име.

И за каков социјален мир зборуваш!? Со 20% сиромашни или пак со 20% под државна капа!? Ако јас се прашувам како треба да се остане во буџетските рамки т.е. да не се бараат и земаат нови дополнителни кредити, а притоа да не се намалуваат платите, пензиите, соц. помош или субвенциите, затоа што за огромен дел од народот тоа се основните средства за егзистенција. Треба да се уништат непотребните проекти спроведени пред неколку г., а немаат никаков резултат. Веќе ги спомнав авионските летови, прозорите, крововите и купи куќа-купи стан, кои се субвенционирани од страна на државата! Или пак и проектот еу коај е расипан заб кој се клати и сака нас да не повлече во евентуални дополнителни проблеми. Нас ни треба алтернатива и имаме алтернатива, па ако не се употребат паметно овие моменти на слабост на еу за да добиеме некаков поголем економски раст, тогаш никогаш ништо нема да постигнеме. :)
Делумно се сложувам со напишаново а потполно со ск2014, а тоа со сиромаштијата некако не ми се пресликува со реланоста,додека администрацијата е пренатрупана и треба отпуштања или поприфатливата алтернатива како што кажа заев да се воведе втора смена,да си ја сватат работата и сватат дека тие се заради нас а не обратно
Напредокот го гледам во стопанството и кога државата по разни основи ќе му се раздолжи а не двигател на економијата да биде градежништвото(гипс картон и по некоја цигла)
 
S

silmarillion

Гостин
Такво прашање не може да е на референдум. Прво се менува името, па се „брка работа“ за НАТО и ЕУ. Значи, прашањето би било дали сме за ново име. Тоа, дали сме за НАТО, ЕУ.. треба да е ново прашање за референдум. Ова второво би требало да е и да не го смениме името.
Зашто би идел на референдум за мењање на име ако нејќеш да влезеш у НАТО и ЕУ!?

Значи да поедноставиме.

Во НАТО и ЕУ нема влез со Р. Македонија.

Мора референдум дали сме за влез во НАТО и ЕУ со име различно од Р. Македонија. (дали си ФИРОМ или Северна Македонија исти курац, освен ако некој ептен му се свиѓа некоја варијанта).

Согласно заложбите на сите партии до сега што се гласани, сите имаат во својата програма ЕУ и НАТО па така да не глеам зашто би имало референдум дали сме за. Очигледно сме ЗА. Да не сме биле ЗА НАТО и ЕУ немаше да гласаме ниедна партија наша.

Мора да бидеме начисто па макар било и негативен став према ЕУ и НАТО на референдум. Така ќе се отворат други опции. Вака тапкаме у место, едни исти криминалци се товат со пари од буџетот на државата и не убедуваат дека треба да бидеме у овој Loop уште цел живот пошто ете така било пишано. Мислам ок, ако тебе ти било пишано, цркни кур ме боли, али не ме оптеретуј и мене.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Затоа, со смената на Зврлевски прашав кога и дали ќе биде сменета Јанева, заради нестручно и непримерно водење на случаите, селективност...
Кај е нестручноста и неселективноста во работата на СЈО?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Покрај многуте проблеми на темава (комплекси,неиживеаност,затуцаност и сл.) најголем проблем е уствари тоа што има многу ш ип тари,мелези,бугари,срби,и по некој маџар маскирани со неутрални или македонски никови.
Е сеа некој пробува со нив да разговара како со вистински македонци и тука нормално настанува каша попара,кавги и расправии...



Sent from my SM-G920F using Tapatalk
A oти не ги споменуваш ромите власите турците и египѓаните?
со расизам и дискриминација ли ќе се води државата?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.339
Поени од реакции
79.141
Покрај многуте проблеми на темава (комплекси,неиживеаност,затуцаност и сл.) најголем проблем е уствари тоа што има многу ш ип тари,мелези,бугари,срби,и по некој маџар маскирани со неутрални или македонски никови.
Е сеа некој пробува со нив да разговара како со вистински македонци и тука нормално настанува каша попара,кавги и расправии...



Sent from my SM-G920F using Tapatalk
Не знам зошто Србите тука ги ставаш, па они беа за господинот Груевски цело време. Дури и во Србија си имаат ставено ист таков, реплициран.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Па долго време ќе се чистат говната натрупани 11 години.
Исто како на вас што ви беше крив Бране сега Груки малку нека го полапа.

ДПМНЕ заедно со ДУИ владеат најдолго и најлошо - чиста математика, статистика.
Не станува збор за rocket science, треба мноогу време да помине за да се осети барем нешто.
Слободно какајте по Груевски, ама не се служете со изговори за сегашнава власт. Гомната трупани 11 години, сегашниве фотељо-грејачи имаа исто толку време за да смислат стратегија како да ги расчистат и да донесат позитивна свежина во сите области на државата каде имало пропусти и каде се потребни промени и реформи. Што е проблемот? Зошто тек сега засукуваат ракави и смислуваат стратегија? Па као демек им иде тешко, зошто ДПМНЕ оставиле хаварија позади себе? Извини, ама стратегијата се прави навремено, за минимални ажурирања да има на програмата и да се почне веднаш, за да не се троши време. Јас не гледам ни напор кон било какво подесување и уредување на нивнава програма, затоа што цело време фокусот е за ЕУ и НАТО во етер, и кој каде станал министер или заменик-министер. Ако тоа не е дозволено да се критикува, без да се плука критикувачот, тогаш режимот не паднал, само сменил фаца. Ниедна влада не смее да се прави имуна на критика.

Вие немате никакво право да серете за нова влада која тек нема 100 дена ниту пак приближно време траење како минатиот режим. (11 години власт и "резлтати") (уствари има "резултати" сите ги осеќаме - негативно)
Може ќе помине и година, може ќе поминат и 4 години, пак ќе има изговори дека тешко идат работите за реализирање, ради ДПМНЕ што направиле 'ршум во таков размер да е просто невозможно да ја истераат програмата на време и во капацитет во кој ја ветиле. Очекувам тие кои дробеле 11 години за одговорност, и преземање на истата, ако не сега за две недели, наскоро за два-три месеци, ако уште седиме на статус-кво за битни прашања а уште се дрви за ЕУ и НАТО, некој да си преземе одговорност. Што се однесува до тие две недели или 100 дена, јас не се сеќавам СДСМ да им даде ни еден ден простор на ДПМНЕ кога победија 2006та. Одма се дигна џева и се излезе на улица. Ако опозицијата ги одредува правилата за кога и на каков начин ќе се критикува, сметам дека не мора да се очекува поинакво дејствување од друга политичка партија која е сега опозиција. Патем, не се само ДПМНЕ. ГРОМ, Беса и Левица ги заборавивте.

З'ш бе при очи се праите слепи кога станува збор за сдс.
Because локуми & брашнарци.

А како може да се смени името на државата?
Како што се увезуваа до сега промени. Плус, не е тешко да се смени името преку Устав. Уставот ни е еден од најлесно менливите во светот, благодарение на Гуштерот. Последната ревизија мислам дека беше 2011 година кога се дефинираше бракот исклучиво како унија помеѓу маж и жена. Со оглед на тоа дека со исклучок на Индија (која има други причини зошто е така установено), ние сме единствената друга држава во светот која има такво нешто наречено "уставно" име. Сите имаат државно или национално, ние имаме уставно. А уставот толку лесно ни се клати по нечија воља, еден млечен заб пред вадење има поцврста подлога од него. Како да уредува човек пишан документ фикција е не правен столб на една држава.

Во однос на 2/3 мнозинство и изговорот (ама и ВМРО е ту) веќе не ми проаѓа затоа што да сакаа за многу работи ќе реагираа и ќе кочеа, ќе интервенираа, ќе покажеа кичма. Не, кочат процеси во Валандово и Дојран, за другово пуштија се низ вода. Се лупаа во гради, се жестеа, дојде еден Хојт Ли, ги пееше, сменија грамофонска плоча подитно. Од популизам, патриотизам и унитарност што не ги вадеа од уста, сега магично почнаа да пљампаат како мегафони за НАТО, ЕУ, Запад. Помножени се со нула. Моментално нема политичка партија која ги застапува националните интереси на државата, ако воопшто имало таква до сега која без личен интерес ги штитела истите. Најжалосно е што нема ни кој да го пополни тој вакуум простор, оставени сме на брод што тоне.

а ако за името во собрание ггласаат 2/3 пратеници или на референдум за промена се изјасни мнозинството граѓани на Македонија, тоа исто ќе биди во склад со устав и закон.
Како 2004та?

И сите тие држави се и ден денес живи и здрави и целокупни
Не благодарение на НАТО, туку на самите себе.

Теоријата за стабилноста на НАТО е неколку пати побиена досега.

1. Турција е член на НАТО од 1952 г. (65 год.) уште од прво проширување. Од тогаш на Турција му се случија неколку воени преврати, а му се појави и ПКК, која од НАТО и САД беше прогласена за терористичка организација за денес да добие еден куп оружје токму од САД и земји членки на НАТО! НАТО толку ја стабилизира Турција како држава, што го повлече ракетниот штит „Патриот“ од границата со Сирија, па паѓање ракети од краток и среден дострел во Килис, Газиантеп, Дијарбакир станаа секојдневие, па мораше Турција сама да влезе во Сирија без подршка од НАТО земјите во операцијата „Еуфратски штит“.
Заборави за последниот пуч да спомнеш дека имаше вмешаност на САД, тие што се 'рбетот на НАТО, и што требаше да гарантираат стабилност и безбедност на анатолискиот полуостров.

Неколку пати сум прашал членови на темава дали се македонци ни еден не ми одговори.На заебанција напишав дека ако има барем еден македонец од редовниве членови на темава ќе си го ставам на трупче.Ме цитирал само некој Никола со три мислења од 2400 страни.

Не е лошо една анкета со прашање што си по нацијоналност и јавно да бидат истакнати членовите.
Не знам колку би помогнало истово и колку би придонело во дискусијата, али еј еве ќе почнам од мене, ако тој Никола не се важи. Чисто се сомневам дека ќе стане тренд во дискусијата пред да постира некој нов пост да си положи рачун кој е, од каде доаѓа и што етникум е.


Дали овие 25% немакедонски гени значи дека само 3/4 од мислењата ми стануваат валидни кога се однесуваат кон Македонија и залагањето за национални интереси? :P
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.339
Поени од реакции
79.141
ВМРО глеам дека цврсто си стои зад Груевски и експресно ги растурија овие што сакаа реформи во партијата.
Господ знае какви лигави креатури сеа има останато таму.

Затоа ВМРО ДПМНЕ ќе ги има оние резултати на избори на свети никад, а можда нема ни тогаш.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Се работи за проневера на народни пари од страна на власта. Тоа треба да биде јавно и транспарентно. Секој да види за што се работи и за колкави суми и на кој начин се крадени.
Тоа е муабет меѓу мене и тебе, ама органите не може така да постапуваат. Можеби органите за прогон грешат. Тоа треба да се докаже во институциите. За секого.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom