Освен тоа што НАТО нема потреба од база во Македонија, толку лаги и манипулации не сум сретнал на едно место!
Прво, теоријата за неменливоста на границите е полоша и од теоријата дека планетата е рамна! Историјата не еднаш, не десет пати, не сто пати, туку илјадници пати го докажало тоа!
Теоријата за стабилноста на НАТО е неколку пати побиена досега.
1.
Турција е член на НАТО од 1952 г. (65 год.) уште од прво проширување. Од тогаш на Турција му се случија неколку воени преврати, а му се појави и
ПКК, која од НАТО и САД беше прогласена за терористичка организација за денес да добие еден куп оружје токму од САД и земји членки на НАТО! НАТО толку ја стабилизира Турција како држава, што го повлече ракетниот штит „Патриот“ од границата со Сирија, па паѓање ракети од краток и среден дострел во Килис, Газиантеп, Дијарбакир станаа секојдневие, па мораше Турција сама да влезе во Сирија без подршка од НАТО земјите во операцијата „Еуфратски штит“.
2.
Грција е истот така член од 1952 г. заедно со Турција. Освен што му се случи воената хунта имаше и искуство на воен конфликт со НАТО членката Турција во 1974 г. за БРИТАНСКИОТ протекторат Кипар! Во знак на протест Грција се имаше повлечено од Воената команда на НАТО, а тензиите траат уште со тоа што си прелетуваат секојдневно со Турците над Егејот, па дури во 1996 г. имаше и паднати авиони!
3.
Шпанија е членка на од 1982 год. не треба многу да се пишува за
ЕТА и нејзните акции низ годините, а отцепувањата на Каталонија и Баскија се уште актуелни! Поради Баските и Каталонците, Шпанците ја менуваа химната, па така нивната химна е единствена без текст за да се задоволат сепаратистите... зошто шпанска химна не смее да се пее на шпански! (ова не е толку битен факт, ама апропо ситуацијата кај нас е добро да се спомене)
4.
Велика Британија е една од основачите на НАТО (1949 г.)
ИРА беше доста активна, а доскоро Британците се соочија и со неуспешен референдум за независност на Шкотска, кој сега после Брегзитот е одново во игра!
Ако на ова се додадат новите трендови на бегалската криза и нападите на ИСИС, уште појако ќе се поткопа митот за стабилноста на НАТО земјите!
Бенефициите, трошоците и можностите на АРМ се приказна сама за себе и за прилично долг пост, али онај најголем бенефит за внатрешна и територијална стабилност е на стаклени нозе посебно во ваков турбулентен период! Повеќе на... делот на Europe има територијални спорови помеѓу НАТО членки сеуште активни!
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_territorial_disputes