Ааа ме убеди одма, значи она што кењаше живи луѓе ќе се ручат, мењање од чистачка до директор на едни плакатолепачи со други, значи тоа ништо, ее фала ти, ми олесна одма
Јас доста работам со државни институции и навистина во нив се испикани огромен број на партиски војници кои или многу малце или ич не работаат. Во една институција пример, со 20 вработени стручен кадар, имаш 30 технички кадар, меѓу нив имаш и шофер, заслужен член на партија кој има своја канцеларија и компјутер и кој најчесто не е на работа заедно со службеното возило така да вработените патуваат со автобуси или со приватни возила, имаат и помошник на хаусмајстор кој не оди на работа пошто најчесто патува релација бугарија - македонија и носи маски за телефони, радија за коли, лекарства, слозавци.... а ќе го сретнеш низ град со торбата каде разннесува робата, имаат и секретарка која со месеци не е појавена на работа а нејзино место го заменува друга вработена, имаат 4 чистачки а хигиената во просториите им е очајна.... сите тие и десетици иљади други, ги плаќаме сите ние, или отплаќаме странски кредити за нивно вработување.
Решение не е едни трутови да се заменат со други, тоа е јасно кажано од страна на новиот премиер, треба администраацијата да се намали и да се направи ефикасна и функционална. Тоа значи промена на досегашен начин на работа и вработување.[DOUBLEPOST=1496050724][/DOUBLEPOST]
А што .. тие не се луѓе? - какви ли се тие ваши реформи со кои ќе не реформирате, само нека не чува бог!
До 1990 беше забрането да се населуваат буба-шваби во СССР, сепак погледни ги миграциските движења ама ако вака правиш и ги земаш периодите кои одат само во твоја полза тогаш ништо не праиме.
По 2010 многу трендови се променети, меѓу другите еден кој покажува нагорна линија е и фертилитетот, туку да скратам погледни ги трендовите од 2010 па до 2030 како за Русија така и за другите па работите ќе станат појасни.
Од русија кон западна европа заминаа голем број на научници, одлични студенти, квалификовани работници, додека во русија доаѓаат неписмени и необразовани луѓе од земји зафатени со војни и кризи - избеглици. Спрема тебе поволно е шо на место на стотици иљади млади со завршени факултети, доктори, информатичари, забари, инженери кои заминаа од тука, да се заменат со стотина иљади суданци авганистанци чеченци.