Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Мојот предлог е поубав ;)
Владе шефе, гледам нов аватар, шо така? :D[DOUBLEPOST=1495123783][/DOUBLEPOST]
Macedonia.jpg
Рики почна ветеро да дува а? : )
 
fyro.png

процесот е започнат. светот прифати, сега уште македонецот да прифати
 
Тотално разбирливи се ваквите случувања и стории од порталиве.
Грујо и бандата уште се во шок од тоа што се случи деновиве, толку време цицање не се мала работа, а сега одеднаш изворот секна. Величењето секако мора да продолжи и понатаму, сликата за тоа колку Грујо ја сака Македонија мора да остане иста без разлика на понатамошната партиска судбина.
Такви корени какви што тие пуштија во изминативе години тешко се сечат.
 
Ајде Зајко, скокај до Нова Година. Дојде време да видиме дали она што го зборуваа ДПМНЕ (за предавничката и профитерска корумпираност на Зајко) има потенцијал да се оствари, и колку Зајакот умее да се снаоѓа како "церемонијал-мајстор" на сцената. Најверојатно се ќе биде проследено со опортунистичкото оправдување "Е ако де, и Грујо така правеше..".
Инаку Зајо многу ќе падне во очите не само на членовите на СДСМ туку и на нас партиски непристрасните личности доколку не затвори барем дел од соработниците на Грујо.

Сепак, мислам дека во склад со циганскиот менталитет на Македонците (воопшто на македонските граѓани) овој период ќе помине во кажување на вицови за Грујо во Идризово, шумни пијандурски и тетребски извици "Слобода, слобода", реално во државата ништо нема да се промени, а Албанците ќе продолжат да си го бараат со боринче (демократско боринче, се разбира).
 
Очекувам до изборот на влада да има уште неколку обиди од ДПМНЕ за twist and turns, преку нивните инсталации во ДУИ, преку медиумска кампања и сл. Не знам како се деловничките процедури при гласање на влада, дали пак ќе се обидат со сценариото како за изборот на Талат, со таа разлика што сега Талат ќе ја води седницата, нема да им дозволи самоволие, но дека ќе пробаат уште некои ситно-лоповски трикови сум сигурен.

Но се ќе биде џабе, меѓународната заедница јасно кажа што и се целите за Македонија и кого подржува, еве и денешното сослушување на Хојт Ји пак не им помина како што некои очекуваа.
 
Очекувам до изборот на влада да има уште неколку обиди од ДПМНЕ за twist and turns, преку нивните инсталации во ДУИ, преку медиумска кампања и сл. Не знам како се деловничките процедури при гласање на влада, дали пак ќе се обидат со сценариото како за изборот на Талат, со таа разлика што сега Талат ќе ја води седницата, нема да им дозволи самоволие, но дека ќе пробаат уште некои ситно-лоповски трикови сум сигурен.

Но се ќе биде џабе, меѓународната заедница јасно кажа што и се целите за Македонија и кого подржува, еве и денешното сослушување на Хојт Ји пак не им помина како што некои очекуваа.
Ќе има рововска битка додека не му биде издаден притвор на грујо и тоа потврден од сите судски инстанци.
 
ДУИ народот го казнил што помалце гласови добиле.Толку.
Тоа е одговорот што ќе го добиеш од двајца тројца телиња.[DOUBLEPOST=1495103659][/DOUBLEPOST]
Кога беа СДС имаше сигурност,бесплатно здравство,школување,криминалот беше на најниско ниво и тоа на светско рангирање...
Сериозно?
Viktora, zaebi sigurnost, besplatno zdravstvo, shkoluvanje i.tn. Gledaj ti i uzhivaj vo Novoto Sonce na Slobodata.
 
Ќе има рововска битка додека не му биде издаден притвор на грујо и тоа потврден од сите судски инстанци.
Јас не верувам дека на грујо ќе му биде одреден притвор, а за затвор уште помалце.
Може Бети Горде и Миле да отидат курбан, и уште понекоја ситна риба да ни замачкаат очи.

Него,
http://a1on.mk/archives/741098

За 5 месеци на Гинекологија починале 61 новородено бебе

За само пет месеци на Гинеколошко-акушерската клиника починале 61 новородено бебе односно 30 отсто од вкупниот број на новороденчиња. Ова е нов, неславен рекорд за Македонија каде во последните неколку години ваквките црни статистики се во пораст.

Алармот беше вклучен минатата година кога во периодот од јануари до октомври починале вкупно 206 бебиња. И покрај ваквата ситуација надлежните државни институции се уште не преземаат ништо во врска со намалување на бројките на смртност кај новороденчињата за кои најверојатно не е запознаена Светската здравствена организација.

-Фрапантни се моменталните бројки за починатите бебиња заклучно до 4 мај оваа година. Таа бројка изнесува 61 умрено бебе. Процентот на смртност кај бебињата ја надминува и ланската бројка која што беше катастрофална. Во март оваа година, бројките стигаат до 33 бебчиња кои се умрени после одреден период по раѓањето, вели Андоновски за А1он.

Тој смета дека доста време се алармирало за целата ситуација, како треба да биде конципирана и средена, но сепак, како што вели Андоновски, недоволниот кадар, партизацијата во самиот сектор и самото одделение довело до тоа бројките да станат катастрофални.

Во 2010 година, Владата на Република Македонија ја усвои Стратегијата за безбедно мајчинство за периодот 2010-2015 чие спроведување требаше да резултира во подобрување на здрава и безбедна бременост како и значително намалување на смртноста на доенчињата. Исто така со стратегијата требаше да се обезбеди еднаков и ефикасен пристап до здравствените услуги и градење на капацитетите на обучениот кадар, но, по завршувањето на Стратегијата, не само што не се подобрија условите, туку и се влошија со поразителна статистика за смртност на доенчињата.

-Ваквите програми се изрекламирани, според нив треба да се работи за заштитата на мајките и децата, но сето тоа во Македонија не се одвива, а тоа се должи на лошиот менаџмент кој што во моментов работи во државата, вели Андоновски.

 
Насловната во новиот број на Фокус, ршум. :D

Fokus.jpg

И уште една интересна изјава од Ји. (oсобено последниот дел)

Хојт Ји: Обвинувањата за влијанието на Сорос на Балканот се претерани
- Последните приказни и обвинувања за активностите на Фондацијата Отворено општество на Балканот се претерани. Да расчистам дека напорите на владите на САД и ЕУ се нивни, а не под влијание на било која личност или фондација. Напротив, обратна е ситуацијата, поединци во НВО-секторот ја поддржуваат политиката на ЕУ и САД која се залага за владеење на право, почитување на човековите права и слободни медиуми во овие земји. Имаше соработка со ЕУ и САД за некои проекти од Фондацијата Отворено општество, но на многу помало ниво од она што се претставува - рече Ји.

Ји посвети дел од своето обраќање и одговорите на прашањата за да ја критикува улогата на Русија во регионот. Неговата оценка е дека „растечкото влијание на Русија е со цел да се обесхрабрат земјите од Западниот Балкан на патот кон ЕУ и НАТО и да креира поголема зависност на тие земји од Русија. Тоа е опортунистички пристап“.

Хојт Ји оцени дека давањето на мандатот за формирање влада од страна на претседателот Ѓорге Иванов е прв чекор кон излез од длабоката политичка криза во Македонија. На тезата на Рорабакер дека САД директно се мешале во внатрешните работи во земјата влијаејќи врз изборот на новата влада, Ји одговори дека целта е да ѝ се помогне на земјата на евро-атлантскиот пат.

- Македонија сака да се приклучи кон ЕУ и НАТО, и ние како партнери ја помагаме таа цел. Се залагаме за владеење на правото, човековите права и слобода на медиуми. Тоа не секогаш е поддржано од владите - рече Ји.

- Во секоја нормална држава мнозинството требаше да добие мандат од претседателот. Ние се залагавме кај претседателот да го почитува Уставот и да дозволи формирање на влада, да го даде мандатот на мнозинството. Сега откако го стори тоа, тоа е следниот чекор за излез од кризата - рече тој.

На крајот, Ји уште еднаш предупреди дека етничките тензии на Балканот повторно се во пораст и дека политиката на САД мора да биде поактивна.

- Доколку Западот продолжи да му го врти грбот на Балканот, земјите од регионот ќе почнат да гледаат кон алтернативи како Русија или Кина - предупреди тој.
http://www.plusinfo.mk/vest/115264/...nieto-na-soros-na-balkanot-se-preterani-video
 
Последно уредено:
Ќе има рововска битка додека не му биде издаден притвор на грујо и тоа потврден од сите судски инстанци.
Koлку што беше затворен Заев кога беше осуден толку ќе биде и Грујо. Де бе што сте чудни ко да не живеете во Македонија и не знаете како лесно замачкуваат такви работи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom