со сјо државата имаше за првпат шанса барем делумно да профункционира. Од 90та наваму, досега не постоеше сјо. Чисто информативно, Ковеси сработија илјадници истраги.
не знам зошто ова ми го кажуваш мене, а не на оние кои бараат повторно да се одржат парламентарни избори. Дали според тебе не требаше да се менува власта оти се исто ќе било? Чуму тогаш трошоци за 4 предвремни избори, 3 локални и 2 претседателски.
Проблемот е во неписмената раја, која на сите избори гласа за едни исти криминалци.
Ако навистина сакаат промени, нека гласаат за некоја нова опција, како на пример тие таканаречените левичари, односно Левица, барем за нив знаеме дека отворено и јавно ја осудија националистичко-шовинистичката Тиранска платформа за разлика од двете најголеми партии за кои неписмената раја гласа на секои избори, а кои ја прифатија истата националистичко-шовинистичка платформа.
Тие се првите на кои ми текна, не ги поддржувам ниту нив, но барем се една од ретките македонски партии кои отворено и јавно го осудија прифаќањето на таквата националистичко-шовинистичка платформа.
Самиот факт дека двете најголеми партии за кои неписмената раја гласа на сите избори, ја прифатиле ваквата националистичко-шовинистичка платформа, повеќе од доволно говори за продолжението на постоечкиот статус кво.
А кога сме кај СЈО, немој ни за момент да помислуваш дека навистина функционира како независно обвинителство. Повеќе од очигледно е дека прислушкувањето беше одлучувачкиот фактор за племенците од Мала Речица да му откажат љубов на пастирот на пвеводбениците.
Самиот факт дека ги прислушкувал, а сега им нуди да ја прифати нивната националистичко-шовинистичка платформа, под услов да го поддржат во укинувањето на СЈО, говори дека се посомневале во неговата љубов кон нив, на крајот на краиштата, пастирот и свои луѓе апсеше и ги затвораше - откако ќе им истечеше рокот на траење - како на пример оние кои ги испоапси со полициската акција Детонатор. Им текнало на племенците во Мала Речица дека и на нив еден ден ќе им истече рокот на траење, поради што и тие ризикуваат да завршат зад затворски решетки - се разбира претходно ќе фатат џаде на Косово, но сепак ќе бидат отпишани од партискиот платен список од кој не планираат да се откажат.
Од друга страна, зајко кукурајко им нуди да останат на власт и им нуди прифаќање на нивната националистичко-шовинистичка платформа во замена за нивната поддршка за СЈО, а истовремено им гарантира дека нема кривично да ги гони, што повеќе од доволно говори зошто досега СЈО нема поднесено ниту една кривична пријава против племенците од Мала Речица, да - има повикано некои од нив на информативни разговори, но сеуште нема поднесено кривична пријава против ниту еден од нив.
СЈО само на хартија е независно обвинителство, во пракса е формирано со партиски договор за партиски цели, па затоа немој многу да негуваш надеж за правна разрешница, бидејќи таква правна разрешница нема да има, а дури и да има, само ситните риби ќе го кркаат стапот, додека пастирот и неговите пулени ќе си останат на слобода, биди сигурен.
Со ваков статус кво, повеќе од очигледно е дека неписмената раја треба да почне да гласа за некоја трета опција. Ама за тоа треба прво да се описмени рајата, а не делува како да има такви планови за во блиска иднина.