Браво! Финале!
Се знаеше дека Атлетико ќе почнат силовито. Потполно истиот пристап го имаа и против Барселона, лани.
Од друга страна, иста песна се и Севиља , ако ви текнува... во глобала ако им го издржиш тој почетен притисок,
кога играа дома, потоа се е полесно , се разбира за екипи како Реал

. После тие почетни 15-20 минути , се се стишува...
Кејлор денеска беше ДОСТА солиден ...човек да се запраша дали стварно Де Геа ни треба
Марсело доста потивок од она што знаеме дека може, се гледа дека имаше подруги задачи вечерва.
Данило ...абе што знам , ама некако многу е несигурен. Кога и да е топката околу него , страв ме фаќа...
Незнам дали од секогаш таков тип на играч бил , или некој го урочи одкога дојде во Мадрид
Варан исто беше нестабилен, и иако има материјал да биде еден од најдобрите CDs во светот , се како да му фали
една поголема сигурност и стабилност.. тотално непотребен пенал направи со своето лошо поставување.
Рамос беше на линија на должноста. Мање-више се си среди како што требаше , со мали пропусти.
Касемиро СТАБИЛЕН. Мислам дека без овој човек (колку и некогаш да игра ко без памет) , оваа екипа сезонава нема да имаше догурано до тука. Таков тип на играч е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН сеуште во модерниов фудбал.
Крос , осим првите 20тина минути , беше ОК.
Модрич, МОТМ денес, без збор! Човеков сегде го имаше, и каква само контрола на топка и игра има.
Иско беќе добар ...ама не како против Компостела и Алкоркорн ... за да ја има таа доминација, уште леб ќе треба да јаде.
Бензема хахахахахаха

...... абе убаво напиша некој погоре , со овој потег и на внуците им загарантира место во Реал

Се освен тој потег беше смејурија ...земи топка...изгубија ..или дур ја смирува или во процес на подавање.
Се гради ко да има 40 години веќе ...има изгубено баланс..осет ...
ама како им помина онаа незнае човек што да каже




Роналдо , многу ...многууу потивок денеска. Не дека можеше нешто повеќе да направи при вака поставена текма од страна на Реал, ама имаше 2-3 пати каде исфорсира шут , а не мораше баш. Како и да е , не беше толку лош спрема условите.
Против Јувентус, РЕАЛно , нашиве треба да се надминат себе си , ако сакаат да победат. Текма налик , на онаа против Атлетико на Бернабеу ...значи без она УРАААА напаѓаме , па што биде - биде. Јуветус се страшен тим, тип на екипа што најмалку ни одговора. Секоја наша грешка (дефанзивна пред се) ќе знаат да ја казнат ... а после пиши "Пропало" гол што така лесно можеш да оној беден да му дадеш.
Како и да е , ќе биде интересно! За историја!